И јас сум 37 ама како за 38 Не осеќам никакви болки сеуште, после сум на цтг па ќе видиме шо ќе каже докторот. Иначе бебе размрдано ептен, тоа значи нема испагање уште И јас секако не сум спремна скроз, план ми е неделава се да средам
За средување и јас сама така на слепо се фаќам според осет, и сум каде фатена, каде не ама воопшто не се замарам сега, претходно многу давав на значење на тоа и се нервирав, ама подобро ми е сама да се фатам отколку на депилација да одам. Минатиот пат кога бев кај докторката имав вагинален преглед и прво помислив да спомнам за тоа и да се извинам, ама после си реков што па се замарам јас што ќе помисли она, не сум со шума па да има потреба од тоа, плус не ми рече легни да видам дали си фатена или не, туку друго да гледа. Ама ние жените сме такви се замараме со небитни работи, а они воопшто не ни гледаат на тоа.
Јас несредена отидов и се извинив. Немав енергија да се средувам. Жената рече "нема што да се извинуваш, се' си е нормално и природно, не се разликуваш од другите. Сва среќа живеам во феминистичка земја, каде многу жени одлучуваат да си бидат како што им дала природата. Знам затоа што кога сум одела по бањи, јас бев единствена бричена.
Стварно се вознемирив за родилката што починала, значи не ми се верува како лажат, па не знам колку деца имала, и рекле почекај надвор, само 2 прсти си отворена, па само 3 пати била на прегледи ???Се ќе измислат, само да се оправдаат. Гнаси
Што мачкате против стрии? Имам Хип масло,кокосовоо.. Што е најдобро? Веќе како да почнаа да ми се познаваат на стомак
Не читам и не сакам да се вознемирувам зошто знам дека ништо точно не изнесуваат во медиумите. Ако начекаат на некоја сирота фамилија што знаат дека нема средства да ги тужи, без разлика на националност, еве вака ќе си се оградуваат дека грешката е на родилката, па ќе се заташка работата и јавноста никогаш нема да дознае што била вистинската причина. Со сите работи прават вака исто, не само по болници.
И после пораѓај ли може да се распука? И јас очекувам до крај дека ќе распукам таква ми е кожата и гените. Мајка ми е лом на стомакот и на градите од бременостите ама поима немам дали нешто се мачкала.
Е не можам да заспијам, ме растури од клоцање вечерва. Клица ко бебе од едно кило, ко бебе од 7ми-8ми месец Бебо што ти стана?! Се разгали оти дада му 10 пати го баци пред легнување, а јас и пеев нани нани Вчера ми рече “мамо не пејјј,пашиш бебето”, и може затоа ме клоца сега, може стварно ни за нани нани не ми штима гласот Ама прва смена сум упм.. А што за стрии, зарем нови да очекувам?! Па јас си мислам си ги имам резервирано од прва трудноча, ќе ме поштедат сега.. Или не?
Во суштина ако си склона на стрии најмногу се распукува после пороѓај. Јас со првото лом бев од кога го извадија. Сега со второво во 9ти месец испукав. Џабе е што и да мачкаш, до кожата е.
Во првата бременост ја користев кремава. Не ми се појави ниедна стрија. Не знам дали ја има во Македонија, мене од Србија ми ја купија.
Последниве 3 дена имам бледожолтеникав исцедок, без мирис, но постојано сум како навлажнета. Слузницата ми е иритирана и ме печи одвреме-навреме. Досега никогаш не сум имала инфекција, последни брисеви правев во февруари. Дали со право се паничам? Дали смеам нешто да мачкам/конзумирам? Кога прв пат се земаат брисеви во бременост? Да чекам до први брисеви или веднаш да одам на испитување?
Ова! Не се потресувајте за стриите, ако кожата ви е склона, нема бегање! Јас користев специјално масло за стрии и џабе! 9ти месец се појавија. Една друга жена еднаш се намачкала во цела бременост и немала воопшто. Се' зависи до кожата. Сега се мачкам и покрај тоа што се појавија затоа што кожата ме чеша многу.
13 недела негде зимаат но и порано може да ти земе најдобро е да си отидеш. Се чека 2 дена резултат Бел исцедок е нормален во бременост јас во прво тромесечие имав највеке. Но не треба да чеша и пече.
Токму така. Јас ништо не мачкав првата бременост ,па ни стрија имам ниту распукав ,еве и сега не се мачкам.Се е до кожата.
Само да не е изнервиран и да не му се брза. Хахах во ред ќе беше било која друга струка ама во медицината било кој пациент е на прво место. Неможе да им влијае на услугата.