И јас кога мачкам кога не.. еднаш почнав поинтезивно ме чешаше кожата ама еве 9ти месец немам ниедна стрија. Не треба фрлање пари по прескапи козметики по мене. Ја се водев дека мајка ми нема ниедна стрија, ни сестра ми викам сигурно и мене нема да ми се појави. Се надевав генетски дека е и ете до сега е ок
Еуцерин масло за трудници насабајле и ско ми текне навечер си имам помешано павловичева со ад капки така правев во првата бременост така и сега сега сум на почеток на седми се надевам нема да се појават
Наизменично - еден ден бадемово масло, другиот Веледа путер за тело. Не верувам дека ќе сменам нешто многу со мачкањево, ама се трудам.
Женички земав прегназон, 5 недела сум ептен на почеток и не знам дали да ги пијам или да почекам. На контрола сум за 10 дена. Некоја искуство? п.с. правев бета и 369 беше
Имаат железо тие, можеби е подобро да ги оставиш за потака. На нив пишува за цела бременост, ама консултирај се со доктор. За почеток добри се Фемибион 1. А витамини секако треба да пиеш, барем фолна ако ништо друго.
Затоа ги земав пошто сум анемична и во претходната бременост ги користев ама на почеток не знам дали беа тие..
Може ли да си се испукам ? Овие денови сум нервозна и веќе не можам ме боли се, јајници ме кинат. Колку и да се плашам од пораѓај едвај чекам зошто многу напнато се осеќам. А и ме напињаат сите. Свеки ( главен виновник за се) кога не бев дома поминала со кеса ствари од Мм кога бил бебе значи од пред 35год. Ај да е нешто да сакаш едно парче да дадеш ама луѓе: Крпи издрпани за брушење газе, вреќа за спиење пожолтена уфлекана засмрдена, пешкири за на плажа за возрасно дете од пред 40г, некои бенкици усмрдени флекави... Купува и ново не би да се жалам. Ама ме нервира што ме прашува дали да ми даде од старово и викам "Не ми треба", стварно со 1 регал сме едвај не собира по земја имам кутии, кај нив ми е цела зимска гардероба сега спремам промена на сезонско...и она упорно ми носи. Дајте ми памет како да се справам? Нејќам да ја увредам ама еве вреќата, крпите ќе и ги вратам "да ги чуваат таму" зошто стварно не знам што ќе ми се. Плус се за 6мес бебе облекиве. Јас од внук ми имам еден куп ама он беше бебе пред 5г се е ново. Нејќам идиотски да звучам ама стварно 100 пати и е кажано и од мене и од мм она пак по нејзино тера и си мкне. Барем испрани да ми ги носи.
Склона сум. По нозете и задникот сум лом од пубертет кога нагло пораснав, сега се бели и неприметни ама имам и тоа многу. Мислам дека сепак помага колку-толку мачкањето, да не се мачкав до сега сигурно ќе ми се направеа. И да ми се направат при крај не се потресувам пошо вака барем знам дека сум се мачкала и сум направила се што можам. Вчера инаку се жалев на болки кај дијафрагмата, како да ме пече кожата. Тoa yствари киселини да ти биле. Не знаев дека така површински можело од киселини да пржи. Излижав еден гастрогард и малку ми пушти. Бебе ми е многу мирно. Абе не знам што ќе беше, не клоца туку само ми го вибрира стомакот, па се протегнува по неколку пати во денот и тоа е. Ќе се јави на пример 2-3 пати дневно турбо ќе изровари и после го нема. На ехо е се супер, постелка, протоци се. Кај што ве читам тука како ве клоцаат се загрижувам дали е се во ред... Само здраво право да излезе се молам
Не се секирај ти и @Alishan30 исти бебенца имате иста матрица тераат. Мирни девојчиња..дури подобро така мене ми се плачеше во ребра кога си го добивав. Важно ехо е се во ред
Кажи му на маж ти нека и ги врати или ќе ги фрлиш зашто ти смета мирисот и немаш место. И на мене ми ги нуди секој ден, ама не се осудила да ми ги прати до сега (како нови биле, од маж ми пред 30 години)
Ах овие свекрвици Кажи и дека немаш кај да ги чуваш и подобро нека стојат кај неа за кога ќе одите таму или кога ќе и го дадеш на чување ете да има ако се испља да го пресоблече, напрај и го филмот Така мајка ми извади се што има наше бебешко и само си тргаше настрана пожолтени ќебенца, вреќи за спиење и шпихозни, ова ќе се најде кога ќе дојдете, она ќе се најде, па некогаш ќе ми на оставиш на чување... Абре и викам жено види какви се пожолтени, ми вика нема гајле се пере тоа. И викам зашто ги чуваш овие минијатурниве шпихозни, кај ќе ти го оставам на чување да го пресоблакаш на 1-2 месеци. И тоа шпихозни некој тежок плишан материјал што да ти кажам, затоа сега не поднесувам студ, пошо така ме наоблекувала со 100 работи дебели Ама ајде нека си ги чува, ќе види потака ќе ги фрли. Едит за мрдањето: @Alishan30 се жалеше последните недели а јас имам уште доста за веслање, тек сум 32 недела сега треба во најјакото да е, а она мирничка си е.
Ептен сум глупа пошто ми е незгодно да не ги увредам. А мене она што не ме слуша и си тера инат? Да дефинитивно ќе ги спремам викендов и реверс...
Ама најтрагично е што знае свесна е немаме простор. Зимсково дел ми е вакумирано дел ми е кај нив. Мм пред секоја промена на сезона со 2 куфери го праќам кондури и облека од двајцата. Па после враќај носи пери... така и чини. Права си ќе и кажам така чувај ги кај тебе кога ќе дојде на седење...(на св.Никад ) може ќе се откачи
Само би и ѝ кажала дека веќе имам премногу алишта за бебето и дека не ми требаат. И фино ќе ѝ ги вратам назад. Или право во канта.
Хахах па тоа ти велам напрај и го филмот. Уште па речи и лелее фала ти свеки, многу се слатки ама стварно немам место. Ај чувај ги кај тебе кога ќе го чуваш ако треба да го пресоблечеш. Ќе и го кренеш и рејтингот хахах. Леле јас кај што ги гледам работиве што ги изнакупивме ќе ми е жал да ги дадам или фрлам од толку слатки што ми се. Да не станеме и ние такви, м?
Алал да ти е, никогаш не сум била таков дипломат Јас по кратка постапка кажувам-не може така и толку. Никад не сум знаела да ги тинтрам така свекрви, мајки. Што на ум, тоа на друм
Хахаха глеаш мене не ми текнува така да се снајдам да и кажам. Добро што пишав овде Може ќе сме такви и ние ама стварно би ми било срам пожолтено и флекаво да дадам. Тоа е проблемот јас викам Не може, не ми носи, не треба...ете ја таа со ќесите. Или мм се враќа со ќесите прошли пат и ми вика ти си ги побарала работиве што ќе ти се? Викам врска нема не сум барала ништо баш спротивното реков да не ми се праќа....хахахха уште лаже само да ни ги прати
Баба ми ми викаше: за се треба политика во животот ќерко И у право беше. Кога ќе размислам како живееле порано по 3 фамилии под ист покрив сложно, ете како. Со политика хахах. Ние денешниве ем настрана ем ни сметаат. Модерни времиња