Па добро сега, не можеме сите да бидеме добри политичари Мене не ме бива за таа работа. Си терам јас по моето - само оштро. Имам пробано, не дека не, ама од мене фина снаа-добар политичар не бидува
Штом она се праве на Тошо како што викат кај нас прави се и ти, и ич око да не ти трепне. Т.е прави се и ти будала со сила де. Изврти и го муабетот како што кажаа другите членки, немам место речи, нека стојат тука кај тебе, ќе се најдат секако. Тој пусти мерак носени алишта од синовите да ги пренесат на внучињата кој знае од каде им е, досадни и напорни се.
Така е прави сте. Ја избувлива и пре ќе ќутам и ќе се нервирам. Ама убаво што кажавте како да се постапи и ја не знам од кај им е тој мерак па нема дете да шетам во издрпано уфлекано јакниче зимово
Ахахаха, да, таа сум Ете,гледате дека кај мене џабе се политики, јас морам да сечам одма оштро и во старт
Море фрлај во канта. Памтам еднаш одам да го земам детето од кај свеки уште спие, го гледам покриено со еден партал- кебе од времето на маж ми. А и имав купено нови ствари за кај неа све да биде спремна кога ќе чува дете. Леле луѓе кога полудев лом ја напраив, џабе ли сум ти купила ново испрано? Што е ова ѓубре со што си покрила дете?! Поминало времето син ти кога бил бебе, ова е сега друго бебе хаха. И од тогаш ништо старо нема извадено.
Треба отворено да и кажеш и ич гајле да не ти е , кажи и немам доволнои простор и имам доволно нови работи , нека стојат кај тебе и готово ... некогаш колку и да не сакаме мора да си бидеме искрени и да си кажеме ако си прекутиш утре пак нешто слично ке има и пак ти ке се туфкаш што да правиш..
Хаха, абе не дека си глупа, така сме воспитани, да не се навредат, да не им се скрши филмот. Ако те бива по политика пробај така, ама мојава ко што е упорна да и речам така сигурно ќе дојде на повојница со нив. Јас ем ја сечам у старт, ем си прави што наумилаНе пали кај мојава никаква политика. 100 пати и кажав дека си купив комбинација за излегување од болница, ама она се направи наудрена и купила. Така бил редот свекрвата да купи за излегување од болница. Уште маж ми доаѓа пресреќен дека мајка му купила комплетче. Убаво е стварно, ама јас си ја замислив во моево. Ко на ѕид да зборам некогаш
Хаха истото баш. До сега со политики не сум пробала туку така ќе си поќутиш ќе го донесе и после враќаме во торби ќеси..не оти знае што има и што враќаме. Се си носиме во собата кај мм. Исто и јас и викам ќебиња имам, пешкири имам како да сум и кажала дека немам и дека ми фали. Ко на ѕид да збориш. Боље купи ми што ми фали него да дуплираме.
Они извадија стари кревети стари душеци како да бебево од болница кај нив ќе го носам. За кога ќе го чувале...што ќе ти од сега уште неродено ама нека си прават кај нив како си сакаат. И ја фрлам не чувам ништо. Ама овие ептен си ги чувала она нема смисла да и ги заџитарам а треба
Лесно во е женички кај мене отпор, застарени работи и безвезе коментари доаѓаат од мајка ми. Ем шуто ем ме боде. Како да пресечам...
Ај да се умешам и јас со политикава за стариве алишта од пред 30 години. Многу познато само не од маж ми туку од золвами. Имаше неколку патрталчиња од што беа преперени ни шарата не им се гледаше и што е најстрашно незнам ни како се најдоа во фиока со другите алишта (си ги качила и си ги сместила некогаш).Амаа... после некое време си се издаде што било "политиката" кога сакав од ќерка ми да фрлам неколку износени работи .Да не сум ги фрлила првите алишта,се чувале за да ги облечам на второто за да се сакале да не се карале и тепале или ако му облечеш на детето некое алиштенце од мајката повеќе ќе ја сака мајката или обратно. Ете таква политика имаше мојата , ама зошто од золвамииии???
И кај мене е од кај мајка ми повеќе. Што ќе ми била скапа козметика, уште неродени децата сме ги правеле свилени. Што ни фалело нас. И објаснувам дека старите гумени играчки што стоеле 30 год не е убаво да ги гризе бебе, колку и да се превриени и исчистени, стари се, да ги фрли, имаат хемикалии на нив. Не, немало гајле ќе ги чувала. За некои работи е повлечена, сестра ми си го 'јаде стапот' со детето па научи од неа посовремени методи за гледање бебе ама некои застарени мислења не можаамм.. И свеки е иста, иста ама она не е бар наметлива ко мајка ми. Она ќе рече, мое е да кажам, вие како сакате.
Растеме нормално. И мадиња и куре, се' уште на место, ко шо рече докторица (бојте не во ретките мажиња за 2021) Мрвче од полкило и 40 грама. Колку за мусака и нешто фира за болоњезе одговара на 22 недела цело извртено,со глава на десно, грпче нагоре и стапалца и раце доле. Едвам му го виде срцето од шо се извиткало и не се дава. Те сврти се наваму, те натаму ми вика. Те ми го тресе стомакот, те ми го стиска...на крај и срце се виде. Ми се приспа и огладнев
Те обоив мајче ич да не му ја мислиш. Јунакот е со цел харем и уште двајца побратими во јануари. Плус убава дата 24.01 на мм роденденот. Ти гарантирам подобродушно човече во живот нема да запознаеш.
Ајде да си прашам тука како правите вие. Еве ми се ближи термин, овие последните недели многу се пазам, не одам веќе ни кај моите освен навечер некогаш ретко во двор на дистанца колку да ги видам. Прво бебе ќе ми биде, па гледам на првиот ден откако се роди се части од страна на таткото со друштво, фамилија итн... Како и дали ќе ги правите тие работи за време на оваа пандемија? Многу се мислам што да правиме. Знам дека е опасно да се собираат и не сакам да се изложуваме и тие и ние на можен вирус, Од друга страна од луѓето околу нас нонстоп сме повикувани на мекици, мали свадби, и се друго што се одвива кокку толку “нормално” за обие услови. Поздрав
Кај мене мојте ќе разделат мекици по протокол кај најблиските роднини и пријатели мм ќе однесе кај него на работа, кај кумот и кај некои најблиски другари со маски и дистанца и ќе не чека дома. За кај неговите не знам и не навлегувам. Како ќе ги прават мекциите зависи од тоа како и кога ќе дојдат да го видат бебето. Опцијата е 15м со маски особено ако прават собир. Секој како сака, јас не би да ризикувам со новороденче. Јас ќе сум тестирана и мм ќе се тестира штом се породам за да сме сигурни. Ние одбравме да биде така