И јас исто така ќе бидам тестирана по протокол од Ремедика. Сега баш во блиска фамилија ни се роди друго бебе и еве си тераат вечер со частовки и на трет ден мекици, и реков на мајка ми да раздава, но тие сакаат да ги соберат на отворено најблиските околу 10тина луѓе на различни маси. А на другите да раздаваат. Не сум сигурна што да мислам за тоа. Ваљда да видам колку ќе соберат и после ќе им кажам дека 2-3 недели после собир може да дојдат да го видат бебче. Не ми се ризикува за ништо, а татко ми е толку неразбран човек, уште сега знам што ќе збори особено после ова нормално собирање на бебето што се роди сега во блиската фамилија.
Најубаво вие како се осеќате така. Ваше бебе си е. Не слушај никој што сакаат нека праат. Ние сме 9м со мм со маски, кај мојте 3 пати сум била од 15.03 навака. Не мрднавме од дома ние одбравме така. Не може некој сега да прави мекици и да очекува дека дома ќе ми се тупне а ние се утепавме пазење ..да беше така ич немаше да пазам ќе шетав ќе одев на одмор итн...
И да не е корона, мојот став е-мајки, свекрви, мекици да си прават додека сум во болница. Кога ќе си дојдеме дома, сакам мир и тишина.
Исто! Ако не се влоши ситуацијата со коронава. Не ме интересира ладно време. Сите во двор со маски и растојание. На различни термини. Преку ден. Ќе се послужат наздрават 20/30 мин муабет и толку. Се да е завршено и исчистено додека да се вратам јас. Мм најмалку контакт со нив ако не нека седи од тераса како чорбаџија со чашката во рака. Ако не им се допаѓа приемот немора да доаѓаат. Чим се вратам дома со бебче после царски куќа е под lock down месец и пол. Па и понатаму...
Па ти немаш никаква допирна точка со таа собиранка тогаш ти си во болница, и мт ги собира најблиските да прослават читај да се опијат со другарите Ние со мм се договоривме тоа да го направи во кафана, бидејќи дома нема кој да спрема а после и да раскрева, да не се ствара гужва и хаос најдобро во кафана, мојте најблиски и неговите, плус најблиските другари.
Потполно се согласувам. И воопшто не е вредно да се разболиш или да разболиш некого заради славење. Ќе ги оставам да си слават како сакаат Хаха јас немам, но има тој. После тие 3-4 дена во болница, спиеме заедно, се ќе правиме заедно околу бебе исто ко јас да сум имала контакт
Па има допирна точка. Доволно е 1 да е болен и маж ти дома ќе ти ја донесе короната. Нема разлика дали е кафана собирот или дома. Бар ние го одбегнуваме овој ризик.
Исто како она да имала директен контакт, кога мажот и ќе се измеша со еден куп луѓе и утредента ќе го бацува бебето. Малку неодговорно ова ми делува. Тој за да не си ја ускратува забавата да го ризикува здравјето на семејството. Јас лично не би дозволила за славење да ризикувам. Разбирам дека е радост, ама сега не е време...
И јас не знам што ќе биде со мекици. Моите живеат во иста куќа со двајцата чичковци на различни спратови (секој спрат е како стан) и сигурно ќе се соберат барем тие кај моите. Кај мм ќе биде со разносување најверојатно. Ќе однесе на најблиските, а свекрва ми и свекор ми исто, сигурно нема да примат никој дома познавајќи ги. Нема да е вака топло да може на отворено да се прави така да..не знам. Како и да е, кога ќе дојдам од болница ќе дојдат само моите и неговите, сестра ми, брат му, во различни денови и со маски на кратко. @Milkiway добра ти е идејата да се тестира и сопругот.
Зборувам за најблиски личности што ни се сигурни и што стварно се пазат. Неговите двајца најблиски другари знам дека се пазат бидејќи на едниот жената е исто бремена, а другиот има 3 месечно бебе дома. Мајка ми и брат ми исто ми се сигурни исто и мајка му и татко му. Нема да собира кој ќе стигне од улица.
Пред 5г кога с ероди внук ми иако немаше ни корона ни ништо сепак беше зимно време си одевме со маски на гости. Секаков вирус може да му пренесам на бебе а после 40дена се опуштивме и тогаш прв пат го држев. Исто и сега само поригорозни ќе ни се меркиве Секако тоа е друго ако си ги знаеш. Кај нас ни најблиски (сестра брат родители) не пазат се мешаат со луѓе, одат на работа не носат маски...се зависи од луѓето
Да исто, кај новороденче (кај најблиски, кај пријатели одам кога ќе потпорасне) со маска сум одела ако сум одела пред 40 дена, рацете обавезно миење и дезинфекција, соблакање надвор кондури. Тоа и без корона треба да е така. Јас не можам да речам дека некој денес нешто посебно се пази. Сите одоколу што ми се и најблиските на работа одат. Колку и да не прават дружби, во затворено се во канцеларии по 8 часа, како би се допазиле? Од маж ми ќе тргнам. Потоа, моите се медицински лица, одат на работа. Не можам да им забранам да дојдат да го видат внучето ама се и тие свесни дека треба да носат маска. Пробувам да не сум параноична, ама барем меркиве да се почитуваат.
Јас не сум за примање гости пред 40 дена па нека биле и најблиските. Не заради некои си бабини деветини. Чисто сакам да си се спојам убаво со бебенцето и со маж ми да си имаме некој ред хармонија. Понатаму може и да сум посвежа и да ги испочитувам најблиските како што треба. А не да ме начекуваат во хормонска постпартум бура и да делат коментари и совети. Да ми ги масираат и така тенките живци.
Јас уште со првото кога се породив свекрва ми не даваше никој да влезе кај бебето, дури и она беше со маска на лицето бидејќи пушела и да не му пречи на бебето. На влезот дома имаше средство за дезинфекција и гостите си ставаа.Мораа сите, иначе она се лутеше А во соба кај мене беа само сестра ми, мајка ми и она. Сега, најмногу ми фали свеки, да беше жива никого немаше дома да пушти а башка со коронава.. Многу ја сакав бидејќи многу заштитнички се понашаше спрема нас а посебно спрема внучето..
Не па и јас не примам никој освен моите (родителите) и на мм. Кај сестра ми само еднаш бев да го видам бебенцето и тоа после неколку дена откога си дојдоа од болница, кај девер ми исто. Потоа тек кога наполна 40 дена го видов. Тетки стрини братучеди нема шанса да примам, и да се најавуваат ќе им кажам дека не примам гости и готово. Среќа па моите и на мм исто размислуваат како мене, бар знам нема да напнуваат 'прими ја тетка ти срамота е'. И да немаше корона така ќе беше. Првите 40 дена не се бабини деветини, тоа е период да си се навикнат и поврзат мајката и бебето еден на друг.
Не се само првите 40 дена проблематични. После тие 40 бебето нема магично да добие имунитет кој штити од болести и уроци. Целата прва година на бебето е специфична и треба да се внимава. Јас бев себична првите 6 месеци. Не сакав никој да го зема во раце. Посесивна бев ама посилно е од мене. Потоа почна да лази и се се смени. Иако лазеше само дома и кај моите. На гости не го водам.
Сакам да прашам дали болките прави се само во кичма и стомак како менструални или може да се појават и доле? Не ме болат јајници туку како да ме пресекува баш доле, не знам од што е дали може да е од бебето што си турка со главчето?