Не може да боли од туркање со главче, тоа звучи како веќе да е во родилен канал. Родилните болки се вистински ако се регуларни, се доближуваат поблиску, имаат градација од послаби кон посилни и не се менуваат во зависност од тоа дали ќе смениш позиција. Лажните се нерегуларни, на пример ќе те заболи еднаш па после за 10 мин, па следната за 30 мин, па за 4 мин, па за 10, или ќе легнеш поинаку и ќе престане да те боли. Тоа не е случај кај вистинските и лажните болки не водат до пораѓај. Тоа што те боли долу, ако мислиш на срамна коска, тука некаде, веројатно е резултат на хормон релаксин што се лачи при крај на бременост и создава болки во коски и лигаменти.
Луѓе ве молам за помош, во Авицена никако неможам на тел да ги добијам, дали за скриен шеќер без упат се закажува и во колку сабајле се иде ? Се прави ли и комплет крвна слика и мокрача, да си земам мокрача од дома сабајле и да однесам и дали знаете колку е цена на крвна слика мокрача комплет ?
Со закажување е. Јас бев во Хемолаб и се си направив на едно место, таму закажуваа по една трудница сега со пандемијава во авицена не знам како е затоа што за скриен шеќер седиш 2 саати таму.
350 платив во синлаб. Седев во кола 2ч пред лаб. Посигурно ми е отколку во авицена да чекаш ораат тестирања за корона ми беше шубе со луѓе да се мешам... Тафталиџе синлаб во сабота бев жив човек нема.
Скриен шеќер авицена приватно е 300 ден. А за крв и мокрача со упат од матичен гинеколог ти е бесплатно. @Molly.dolly
За скриен шеќер се чека 2 часа? откако се пие тоа шербетот се чека 2 часа? Јас треба наредна недела да правам крвна слика,шеќер и мокрача
Мене свеки ми извади свилена навлака за перница и свилено "ќебенце" пожолтени, едно ќебенце бело (ај тоа пројде го исправ и го користиме за седење во природа) џемпер плетен од мм за 3,4 год ,вика нов е го плетела сама една оградица тенка до пола креветче што ќе фати и постелнина лила (вика машка е) нова со детали модерни за пред 20г. Ми ги тутна во рака кај нив јас уште непородена. Земав да ги разгледувам и јасно ми се гледаше на фаца дека не ми се допадна ништо,ама она беше упорна да ги земам! Еден давеж жена што е ти и викаш црно е,она упорно ќе тврди бело е! Уште кога излеговме од кај нив му реков на мм мене ништо не ми се свиѓа не знам зошто уопште ми ги дава ќе и го вратам Тој за мир у куќа ми рече што ти се свиѓа задржи што не фрли во канта. Ја би се да фрлам, ај за негов атер дел фрлив дел ми зафаќа место под спална. Најтрагично од се е што едни чорапи,едно боди му нема купено на бебево ново важно нуди застарени алишта стоени со години. Сега скоро беше летово ми вади едни не можам да речам дали се тренерки или шорцеви со елече,мода исто пред 20г.излитени,офарбани без етикета ми вика би му ги облекла? Мислам сама е свесна штп ме прашува и упорно ги нуди. Си чистеле они плакар па ај да не ги фрли ,внучето "ќе ги носи" Пред некој ден бевме таму,они се на одмор и со мм бараме пешкири по плакарот и наоѓам кеса со нови алишта за бебе,дете бодиња,пижами, така поасални од другиве што ги нудеше, овие што не ги понуди? Важно де направи "главна"даде пари за шпихозните од болница,јак штик На следно чистење спална ќе ги заџиткам и другите Врвот на глупоста беше кога бебе беше 4м ,влегов во вц, излегувам му ја извадила лигавката била мокра ќе го брише со нивно марамче! Е тогаш ќе ги потепав, бебево е 11м уште му перам и сушам посебно облека, од скоро почнав на наш чаршаф да го легнувам на спална, она ќе му бришела лице со нивно марамче што било перено со гаќи и маици ,бљак
Да откако ќе испиеш уште два часа Јас правев во авицена лани,два саати таму седев, во аеродром беше лаб. Не ми дозволија со кола до н лисиче во стан да седам. Мораш кај нив да дремеш
Исти се сите Јас не можам да фрлам утре ќе дојде ќе ги побара за девер ми здравје кога ќе има деца...сигурна сум Јас веќе ги спремив да ги вратиме назад па нека ги чуваат. А тоа со чистење регали така е и они си чистеле и ај ѓубрето кај мене
Јас си дојдов дома после првото боцкање и испиена гликоза. Имав уште 2 боцкања и урина после и тогаш седев таму. Им нагласив со кола ќе ме земат и со лифт до дома. Добро што дојдов, малку ми стана лошо. Ова во Фарма хем во Аеродром. Авицена аеродром не прават во моментов скриен шеќер.
Mислам дека тоа е така зошто си има еден македонски 'синдром' што се вика "чувај го, може ќе затреба" и заради тоа имаме преполни плакари и подруми со работи стари 30 год што не ни потребале. Сегде во светов особено за скандинавциве имам читано дека 2 пати годишно прават чистки и облеката што не ја облекле во рок од една година ја даваат на second hand користење или ја продаваат ако е добро зачувана. Океј е да зачуваш 2-3 работи од мерак ама па да дадеш пожолтени од пред 30 год е стварно... @Milkiway што направи беше на цтг? Баш ме интересира што кажаа, како помина
Не се џабе тие 2 саати што треба да седиш таму. Прво, може да ти се слоши, второ не треба да се движиш за да не ја 'трошиш' гликозата. Седи си во кола или пред лабораторија на клупа, што се 2 саати одма ќе минат.
Јас имав среќа, мм е помалиот па нема да требаат за деверот Враќај назад да ги чува "за кога ќе одите таму" Јас кога отидовме прв пат со бебе кај нив однесов подлога за пресоблекување и тетр и и реков овие тука ќе стојат за да лежи бебе на нив кога ќе доаѓаме. Тие ги чуваше уредно спакувани во ќеса во плакар. Од 5,6м кога почна да се исправа и да не сака да лежи си го држев во раце или во количка и после некое време гледам ми ги врати,не требале Сега скоро оставив некој памперс да има резерва,ги бапнала на комода да собираат прашина И ги ставив во плакар сега,па нека се чуди кога ќе се врати од одмор
Јас да ве прашам вас цицлестите мајки Предложете ми убав градник што ќе ги држе балоните, без жица, само немојте Сара Фешн, ништо не му е квалитетно, и НББ по 2 месеци само ми траеле од секогаш. Се мислам дали да си земам спортски градник и потпунки само за брадавиџите плус да си ставам. Следнава недела ќе идам за Скопје па да знам каде да одам директ да видам и да си земам.
Сестра ми еве супер што чува се и е ново и сега бебе ќе користи. Ми заштеди доста пари. Ама се што е уфлекано искинато правац во ѓубре има. Од нашево исто тоа што е читаво ќе зачуваме за второ бебе или ќе подариме се комплет. Вчера болките ми прекинаа, не се појавија пак и не отидов на лекар. Денес сум договорена за Цтг па ќе пишам апдејт што ќе биде само си викам ај нека биде....