Дечки како може на минатиот преглед да си беше се во нормала и со гестациски недели и се, а сега денес бебето по мерки е помало од претходниот пат и по недели и по килажа. Како е можно ова? На цтг бебето беше мирно многу претпоставувам бидејќи јадев па повраќав од киселини па отидов на цтг. Многу се секирам дајте ми памет што да мислам...
Ма дома се нонстоп на слобода,не можам да замислам дома да носам прслук Ама за на работа шо прајме е проблемот, не се малце, 8 часа се. Какво љутиш бре женче
Да не се секираш. Тројца доктори да те мерат на исто ехо, три различни мерки ќе кажат. Најважно е сѐ да е во ред со беба и тебе.
Шо прајте? И јас почнав да гледам - бодиња, облеки, количка, тракатанци... да почнам со време да купувам зашто наеднаш ако земам ќе ми биде многу. Истите пари де, ама вака не ќе ги осетиш. Од друга страна, се мислам да не ми е уште рано... во тој филм сум сега - се двоумам за се' и сешто и одлуки за ништо не носам. Вејка. Засега уште никој не ми понудил алишта стари 30+ години. Тоа од мајка ми не е исклучено, уште чува од сентименталност. Нека си ги чува. Не знам како би бил на големи гради, моите се средно-жалосни. Но секогаш користам градник без жица и не сум нашла подобар овој на Лисца. Ем дава поддршка, ем е екстра удобен. Скап е ама трае со години и безброј перења издржал. Јас имам ептен проблем од жица, па и без жица ми пречат во тој дел. Овој е единствен што дава поддршка а воопшто не осеќам дека го носам. Е сега, ја терав мајка ми да и' купам ист ама кога го проба не и' стоеше добро. Така што... индивидуално е. Или можеш да си земеш градник за доење уште отсега. И тие се без жица, а секако ќе треба да купуваш натака. Лисца имаат и добар спортски за големи гради, нема да ти се познаваат брадавиците со тој. Не носите дома градник? Јас носам спортски... ми е страв ептен да не ми виснат ако ги распуштам.
Да да јасно ми е шо викаш не се џабе 2 часа,ќе морам таму да седам пошто мажуле мора на работа,што се мора се мора ќе издржам
Не се секирај. Мене првото така, еднаш сѐ во ред со мерките, другпат поназад 2 недели, па се роди 3 и нешто, здраво, право, нормално.
Дај боже, многу се упаничив и дека беше многу мирна на цтг... сега во петок сум пак до тогаш психа ќе ме изеде... не ми беше јасно бидејќи на мерките пишува 2 недели уназад дека е, а на извештајот пишува дека одговара на гестациска недела и ај сеа...
и моите по дома се на паша пуштени,кога беше жешко ептен само по гаќи одев.Сега дека не одам на работа уживаат и они хехех,е сега кога излекувам ги прибирам само ме стегааат,инаку NBB ок ми се.85 досега,ама сега ни 90не се фаќаат...ептен милки станале
Сестра ми има природно поголеми гради и од каде не има купено градници ама вика од лиска градниците највеќе и се погодени,малку се поскапи ама вика квалитетни се вредат за парите. Мене супер ми се погодени од new yorker градниците и пред бременост и сега. По дома не носам си лабават така слободно си шетаат лево десно
Бев на цтг пак една сестра мутава дојде и почна да ме паничи за срцето на бебето, успано било, минатиот пат викаше тахикардично. Идам кај докторката вика соблакај се вагинално да те видам дали може природно да се пораѓаш само што легнав срцево грашок, хитно ги извикаа сите доктори од амбулантите во сала. Јас се испаничив па и ми се слоши. Чекав уште саат време па ајде замената да ми направи едно ехо, едвај мерки зема на органи, рече има вода постелката е ок, ќе си се видиш со твојот доктор. Ако пука водењак трчај накај болница, не си ти за дома да седиш. Па си викам ете на полноќ нешто да бидне како сега со женичкава, едвај еден доктор е дежурен, што ли ќе правам Ептен се потресов, а и како ближи крајов не знам како ќе го вадат детево од стомак. Извинете ако ве гњавам со негативни мисли, ама ептен безвезе ми е денов.
Која недела си? А ти кажаа протоци, вода се е друго во ред? И колку разлика ти видоа? Кај мене еднаш покажа 1 нед поназад па испадна не биле добро земени мерките. Мерките од матичниот и докторпт што ќе ме пораѓа ниту еднаш не излегоа исти во цела бременост...
Тој македонски синдром е зашто македончето нема пари. Со нашиве плати да бидеме искрени колку гардероба купуваме на годишно ниво за да можеме толку да исфрлите или дадеме на секнд хенд. Башка неспоредливи се цените во странство наспроти стандардот што го имаат, кога имаат попусти имаат БАШ попусти, маици по 2 евра, фармерки по 5 евра. Затоа македончето си чува и носи додека нештото не се искине и парчоса. Нејсе, тоа е сосема друга тема, ни и јас не го сфаќам тоа нудење облека стара 30 години. Јас емотивно не се врзувам за предмети и све од децава имам раздавано. Иста е и мајка ми, од нас зачувала само јорганче и ќебенце. Ама затоа свеква ми почна да копа по шифоњери Сѐ што ми даде е облечено само по еднаш од атер. Но за оние работи што изгледаа многу старо и упропастено, без срам ѝ реков НЕ. Со тешко срце ги фрли. А овие што ми ги даваше, откако се смалија ѝ ги вратив, незнам, да не ѝ текне и на золва ми да ги нуди Инаку јас си зимам од други мајки со поголеми деца, па дури и нештото ако е малце флекаво. Се знае, флекавото се носи по дома, да се дофлека Кога почнуваа да јадат сами сум ги пресоблакала и по 3-4 пати во денот (сеуште сум во таа фаза), и секако не им облекувам нешто ново и чисто, туку тоа што е за по дома. Понатаму тие алиштенца не ги нудам никому, одат покрај контејнер.
Шо мајка бараат сестри да даваат такви коментари и така да те паничат? Страшна работа значи. Нејзина работа е да те приклучи и да викне доктор ако треба, не да дава дијагнози. Ќе има и доктор и се' ќе биде супер, кога и да реши да излага. Ич да не се секираш, се ближи најубавиот момент. Имаат. Овој планирам да го земам. Секако треба да одам на поголемо бројче, а изгледа ко нормален па можам и сега ваљда да го носам.
И јас сум со големи, сега уште поголеми и дома ми се пуштени на слобода. Инаку купував од yamamay имаа еден убав модел за секој ден со голема лента позади беа некои 3-4 за закопчување. Сега и тој едвај ме собира
Сега видов дека на 04.09 сум била на преглед и била 36 нед бебето а и сега ја сум 38 и 5дена а бебето го дава 36 и 2 дена, а на извештајот пишува дека одговара на гестациска недела и ај... докторката и пишав бидејќи таму се на трчање е ми вика немаш потреба од грижа да имало ќе те задржев... само ми рече повеќе пешачење и во петок на цтг пак... заспано било дека немало храна денес задржано од што повраќав...
@eli.karameli Нели за царски те спремаа, зошто сега пукање водењак, вагинални прегледи.. ? Абе 20+5 уште умор ненормален осеќам, до кога ова трае? Или да се помирам дека сум мрза и цел ден би да го отспијам?! Јас она “кога бебе спие или одмара и мама спие/одмара” многу озбилно си го сфатив, еве две и кусур години го практикувам.. како ли ќе се стабилизирам одпосле