Ајде смирено. Те прегледале различни луѓе(ми делуваат како малку непрофесионални по пишаново), те испаничиле без потреба. И да биде на полноќ, не си сама, мажот доаѓа со тебе и ќе има кој да се избори за тебе и да списка ако нешто забушаваат. Не заборавај дека си млада и здрава, верувај му на телото, нашите тела се создадени за пораѓај, ќе биде се' во ред. Вади ја женичката од глава, само дополнително се паничиш. Тоа е друг случај, не е твојот.
Спиј додека можеш. Искпристи го секој момент да спиеш кога си уморна без да чувствуваш вина, носиш живо битие во себе.
Лелее иста ќе бидам ко тебе, ептен се плашам од порагајот, секој ден само на тоа размислувам, мм го полудев, ми вика сите жени родија што ти е трбе, ете и во систина ќе се пораѓаш со анестезии чуда ќе си... ама јок кај мене тоа не поминува
беби дол му е спас , од кога останав трудна мн ми пораснаа а и си имав големи си купив 2 беби дола си терам со нив
Ме кандисува докторката да смњ пробале природно ако има услови, по безбедно би било за мене. Си реков денес ќе се договориме што и како и ете бидна ова со жената. Најлошо вака во неизвесност. @Krofna* верувај сите се плашат, не сме само ние
Секако они ее доктори знаат. Имаше некоја членка пишано за слична ситуација како тебе и примала клексани и дале во 38ма ако не се лажам...пребарај по групиве прочитај може и она ќе види па ќе пише
Те испопаничиле баш ми е жал. Ама јас мислев до сега дата ќе ти дадат за царски. Дури и мене прошли пат ме праша докторкава дали сум кандидат за природно или царски. Бар по приватниве ако одиш и запнеш сакам царски нема да те тера на природно...не знам што те запнале толку.
Извини, која жена? Што се случило? Нели беше ти во Систина? Зошто сега се смени планот од царски нс природно? Нели баш царски беше препораката од доктор??
Ич да не се секираш,тројца лекари да те гледаат сите различно ќе ти кажат. Мене цело време ми викаа големо бебе, на крај 2900 и кусур искочи. Ептен големо Инаку јас се мислам прв скрининг каде да правам. Има некоја правено кај Сузана Костовска или да одам во Систина
Јас првиот скрининг го имам правено кај др Радица Бојчева таа ми беше и матична, сметам дека вториот скрининг е најбитен и тој го правев во систина. Твој избор е има разлика во цена и апаратура нормално.
Не паничи, полека. На последниот преглед докторката што ме гледаше(прилично младичка) искоментира-едното ноџе е пократко... Јас одма-пократко? И таа веднаш-не, не, чекај, лошо е наместено, сѐ е во ред. Ме извади од памет за момент. А на скрининзите сѐ беше ок.
Ама неќам да ме прашува доктор што сакам, јас сметам дека доктор треба да си одлучи. Јас и викам ако биде на полноќ па бебе не може да излезе, ќе можеш сама во сала, она ќути. После и викам можеш да гарантираш дека матка нема да пукне, нема многу поминато од прв царски, она пак ќути. Си викам дај бре жено да се договориме, време тече. Многу несигурност ми влева. Па уште денес заменава што ме гледаше на ехо вика бебе 2900 тешко. Викам абе како минатиот пат 3 кг беше. Денов хаос!
ако е само денес вака, ај некако. Ама ако не се во ред, можда со време (дур го имаш) треба да си бараш друг доктор и клиника.
Здраво. На тие што ви е термин средина-крај на октомври, дали за во болница подготвивте боди по кратки или по долги ракавчиња?
Ајде не се вознемирувај. Не пука матка така лесно немој да мислиш на најлошо. Кај мене само 18 месеци се поминати од царскиот. Него во право си наместо она да ти даде ветер во грб она ти ќути. За мерките не сме на чисто додека не го измерат на вага него ајде. И друго ако навистина те плаши моментот од природен порајѓај не пробувај. Секако дека епидурал ке имаш и ке закрепнеш побрзо но не оди ако ти ствара тензија. Еве јас после царски не би можела да замислм природно.
И се случило ли на некоја да осека како грчење, стегање во горниот дел на грбот кај рбтот...не знам како на друг начин да опишам...болката не е постојана на периоди со различен интензитет, се вкупно траеше околу половина час и ми помина. Ми се има и претходно случено 2-3 пати. Иначе сум 25 недела од денес. Мислење?
Може ќе направевме некој договор да не ги извикаа сите во сала, еве утре би требало пак да одам. Зборот ми е, знае со кои ризици ќе треба да биде моево породување од старт и сега како да не знае што да прави. Од природното не ме плашат болките, туку да не се искомплицира работата да биде ни ваму ни таму. А за килажава не се замарам ама ич, само ние да сме живи и здрави ќе порасне бебе.
За твојот случај ич не треба ни да прашува. Ти го спомнав како пример пошто ако се договорев царски царски ќе биде нема што да ме убедува...ако пак рече мора царски нема ја да се убедувам природно да раѓам. А ти да видиш кога е слободна да отидеш пак кај неа на консултација да не седиш дома и да се нервираш...стварно чуден човек е таа