мене нешто вчера и денес ме наболнува кичмата , па божем ќе го пиев магнезиумот од сабајле еве уште немам испиено , ама седам по 8 саати во ден и се тешам дека од тоа ме боли .... 26 +4 сум
Срцка, и јас како тебе бев посебно последната недела, на 3 места ехо, 3 различни мислења и мерки, на 2 места помало бебето како да уназадува. Синко ми е со царски, а никој не ми кажуваше дали со царски или природно ќе ме пораѓаат. Бебето ротираше со позиција цело време. Дијагнози си имам плус. На крај ми пукна водењак, во Чаир го гледаа исто мало, 2700, и со развој заостанато две недели, а цела бременост си беше една недела помало. Како беше свртен не ми ни кажаа, само проценката беше дека царски ќе треба, ваљда и плодовата вода доста истечена беше. Болки почнаа во меѓувреме ама не бев отворена. Се јавија во сала да ме очекуваат. Некако се ми беше набрзински, не ми е ни јасно зошто се беше така како што беше. Сине го извадија, 3060, малце поголем ама за развојот точно погодиле, 2 недели назад. Бебуш си знаел кога требало да излезе, не му било убаво веќе внатре. И твоето ќе си знае, верувај и на твојата интуиција и мисли позитивно.
Девојки притисокот пак 140/100. Се јавив кај матичната ми рекоа да го следам 3 дена па да им се јавам како било. Во меѓувреме од вечерта и скоро цел ден денес бебе е многу мирно одвај се јавува. Имам болки сегде по малце и склет ме фаќа како да ми тежи снагата. Поврзано ли е со притисокот треба ли да реагирам да одиме на преглед?
мене ми рече матичната ако имам зголемување на притисокот или поголеми отоци одма да одам и да мерам секојдневно тоа било многу битно во 9ти месеци, твојов не е нешто многу висок ама не е ни во граница на нормала ( незнам каков ти бил претходно) ама сепак следи ако ти се покачи или не се осеќаш добро оди да те зирнат
мене ме боле горе помегу плешките, јас не одам на работа по цел ден лежам (препорака од доктор) и стварно не знам од што може да ми е
Сега и докторот го прашав ми рече "без значење" во смисла не е страшно, се напив и магнезиум... изгледа стварно ми е од лежење
Ич немаше гужва и јас таму правев ама малце ми беше безвезе дека ми го дадоа шербетот во шолја таква ко за чај, а не во чаша за една употреба. Сигурно ја мијат ама очекував заради коронава поинаку
извини 2000 и нешто да напоменам платив за ди димери скриен шеќер крв и уште нешто што се испитува во 27 или 28 недела
Мене ми е термин средина на октомври, си спремив и боди по кратки и боди по долги. Комплетче-бенкица и панталончиња. Плус едно плетено џемперче-јакниче, за секој случај
се разместуваат органите , се шири матката сега се и сешто ќе не боли , јас со хормониве до плафон сум и сега после оргазам ( а ги имам често ) чуствувам класични бракстон хикс , цело стомаче ми се стврднува и кичмата ме стега , 3 мин лежам се опуштам и ми поминува , после следни 2 саати бебе не се смирува се врти се превртува, прашав дали да намалам со тоа рекоа дека е се ОК со бебче и дека се додека ја сум среќна и тоа е среќно
Совет за надворешни хемороиди кои пообилно крварат? Мачкам факту по препорака на гинеколог два дена веќе и болката ми е намалена. Ме плаши крварењето, иако гинекологот вели дека е нормално во бременост и дека ќе се повлечат после пораѓај. Благодарам.
Јас пијам флебодија и ставам факту чепчиња, ништо не ми помага си стојат како од почеток... Не знам што да им правам,37 недела сум.
Да ве прашам дали некоја знае што значи ПВУ сакрализирано 2 цм долго? Вагинален преглед со рака е во 38 недела само не знам дали им значи дека затворено е или отворено