Тоа е должина на цервиксот, сакрализирано мислам дека е омекнато. Ама 2цм се далеку од раѓање,ќе повеслаш уште малце Едит, најдов една табела тоа било правец на поставеност на грлото, значи има уште два правци до раѓање
33 Недела, сега кога ќе се свртам назад брзо помина времето, ама кога гледам напред некако не ми врви, одвај чекам да помини и Октомври. Минатата недела во 32 недела бебе беше 1.700 докторот рече дека е нормално. Само се молам да продолжи вака како до сега и да се гушкаме за брзо
Дали и вашите бебенца се многу активни во 39та недела или има простор за грижа? Незнам веќе што треба како треба да е правилно воопште :/
Преактивно!!! Не застанува цел ден И нема нормално и правилно - кај некои скоро и да не се осеќа, кај некои е турбо. Очекувам да се ‘смири’ ако ме фатат болки и ако се спушти во родилен, да почнам да се отварам.. до тогаш мислам дека ќе ме парчоса.. високо ми е и многу боли, силно клоца. А ќе речеш големо бебе = нема место.. море си се тегне, си се спружува - поише од што му е чергата
И Џиџи Хадид се породи. Ако Џиџи може и ние можеме Оваа недела (22ра) бебево е размрдано за сите пари. И сабајле и навечер и у спиење...само нешто претка, мести, разместува. Баш ми се свиѓа вака. Ептем ме радува. Невестана моја па, прашува,дали боли кога мрда)) ја виде сликата од скринингот,и нели сличето, не е најсовршено и некои делови ги покажува ко деформирани..кај бебо мој од носот нагоре - челото му е цело трткасто на слика..па невесте гледа, гледа и ќути. После некое време ми вика, сликава ми ги урна сите митови за нас (нивна фамилија). Ние сите сме убави од раѓање. И се смее ко тиква зелена. Овие, дефинитивно ќе ми го искомплексираат какаче. мајка му па пред тоа вика: ко татко му е цел, голема глава има ко него) лееј. Стварно не било лесно да си мајка у овој свет и да од сеа ги мислиш сите преглупи муабети на луѓето,чак и на најблиските, и како ќе му влијаат на мое какаче. Како и да е. Се надевам за нивни инает ќе е на мајка му цело и без тоа сум веќе у филм дека има мој нос,уста,образи. )))))
Хаха а јас на ехо видов косиче дека има ( ја сум црна т.е. се фарбам црна, а мм е плав) и свеки вика: ИИИИ ПЛАВА ЛИ МУ Е КОСАТА??? Мислев се зеза ама озбилна била
Море верувај, не се зеза. Со душа чекаат да видат дека личи на синот. Ко и невестава моја шо ќе чека цел ко него да е чак поубав по можност...од убавите нивни гени да земе пошто он малку ги утнал. Затоа викам, за инает цел на мајка му да испадне) и јас сум црна коса, темен тен. Они се плавуши со сини очи, освен невестава моја...со некои зелено,кафеави. Недефинирани.
Жапче ме изнасмеа,на тебе ќе биде на кој може син мајкин. Одмна не сум пишала тука,само ве читам,нешто ме мрзи од телефон .И моја беба е многу размрдана оваа недела 23+5 сме,и да ви кажам право оваа бременост што од други обрски со ќерка ми и мисли на сто страни толку сум расеана, дури заборавам дека сум трудна,не сум толку опседната со бебево дури ме фаќа грижа на совест.Со првото не бев ваква на две недели одев на преглед некако поисплашена бев тогаш,а сега ептен сум лабава ,а и реално немам некои проблеми фала му на Бога до сега се е во ред,ништо не ме боли,функционирам нормално на работа-дома. Е сега оваа недела осетив дека стомакот како да ми порасна повеќе и малку се ширам на половина,и кога ќе се најадам многу високо ми се крева стомакот и тешко ми е,ќере ми вика мамо ти пораснало мешенцето и само ги брои месеците,нестрпливо си ја чека сестричката. Освен тоа многу почнав да се будам секоја вечер така убаво заспана и кај 3-4 ќе се разбудам и после не можам да заспијам до сабајле. За јадење некој друг спомна поназад и јас се утепав од јадење сирење и маслинки,абе не можа ден без нив.
Прашање: правите кегелс? Јас упорно заборавам, па ќе си напишам овде за да ми остане во меморија. Моево уште не го осеќам... утре 18та полна. Завчера ко да го осетив, ко меурчиња, и вчера цел ден го чекав. Едвај чекам да ме расклоца. Гледа долги ноџиња на сличето - ааа ова ќе е _____ (вметни сојот од нејзиното село), нема да личи на ______ (вметни сој од селото на маж и'). Иксќуз ми, а гените од селата на моите дедовци? Лиценце ние не видовме... здравје нареден пат. Се криеше упорно со рачето преку глава. Буквално исто ко мене кога спијам, маж се изнасмеа. Па може и на мене ќе личи пааа Како и да е, едвај чекам да видам што човече ќе излезе од нас.
Да ве поздравам Ми фали групава, па вратив неколку страни да ве прочитам. Ќерка ми цела е на татко и, само мои образи има Косичка еден куп, ете ги моите киселини 9 месеци кои ги имав, и на пораѓај имав полна уста киселини Ние уште сме во болница Се надевам утре ќе не пуштат. Издржете уште малку вие што сте при крај, потоа мирисот околу вас ќе биде со друга нота
Хахха и мојава кога се роди абе само што ми ја покажаа иста татко и,абе да пукнеш после дома си праве селфи со неа,и вилицата во уста иста како него ,а сега е мешана има и на мене како мала кога сум била иста ,ама сепак е повеќе на тато . Гушни ја бебка од нас,па те чекаме после во мајчински да се дружиме
Хахаха Ќерче кога се роди мислев цела на татко и ќе биде .Со коси и мали очи е мм и мислев и таа ќе е таква.Очекував плавуша на татко и(како бебе бил), ама добив бебе кое беше со црна катран коса-како мојата, малку коси ама крупни очи- на мене, во фацата личеше на татко ми на таа страна-а јас сум на мајка миАко разбравте нешто Значи не личеше ниту на мене ниту на мм.Сега кога ја гледам на сликите се чудам колку е сменета.Косината на очите си ја има ама и се крупни како моите, за боја имаме темни и јас и мм и она.Косата и е осветлена накај златнаУста(полна), насмевка и уши(клампави ) како мене.Локни на менеДури и во нозите е на менеА толку сакав како мм да биде во овие делови.Особено нозите и газот . Значи како и да личи на почетокот ќе смени Иста сум и јас.Барам нов стан , на работа ,на градинка дете, па терминиДенес заборавив да се нашминкам и одам природна убавина на работаЗаборавам на моменти дека сум трудна.Ниту галам јас меше, ниту на мм му текнува.Дури вчера си легнав тажна како го заборава бебето да го галнеА со првото не можев од стомак да го тргнам само го галеше и му збореше Од сабајле сум со некој болки во стомак и тоа јаки.Се напив Мг и чекам да делува.Како да не бидам немам време да легнам да одморам Вчера пак повраќав и денес пак ми се гади Со ќерче вакви испади до 6- ти имав Значи уште малку За стриите се мачкав во првата трудноЌа сабајле и вечер ,со лосион и ујле за мами.Некое најефтино купено ,ама со најдобри оцени .Немам стрии во бременоста , отпосле ми излезе околу стомакот, ама не се познаваат многу.Инаку многу сум склона кон стрии т.е се викам зебра за нозите Градите ми беа гордост ,големи и цврсти ,ама во бременоста не носев прслак и цели ми се направија стрии и ми виснаа нормално Затоа учете од паталец Сега пак се мачкам со истиот лосион ама не редовно
Во однос на глупи муабети. Свеки не додржа до крај го тресна најголемиот лапсус. Таман ја пофалив дека е супер. Гледав комплет со лавче на него. Ми вика а што вмро-вец ќе го правите? си велам во себе да! Пред да го упишам во градинка партиска книшка ќе има! хахахахах
знаеш како, никој не е совршен, па и они не се. И од татко ми чат-пат излегуваат бисери)) не се со лоши намери. Јас се смеам на сето, само се надевам дур расте малото ќе има помалку такви испади. Кога ќе порасне и нема да го допираат ваквите работи, туку ќе му се смешни, ќе му ги раскажам. Само да сме живи и здрави до тогаш. Успомен и дуго сечање ќе му е од баба, дедо, друг дедо, мама, тато, вујко, чичко, тетка...
Ги пиете ли редовно витамините за трудници? Јас од цела кутија дали 10 имам испиено :/ Ич не ги можам.. И со првото на крај ги фрлив кутиите полни Овошје секојдневно внесувам, се трудам што поздраво да се хранам.. Но грешам ли многу што нередовно ги пијам?
Јас со првото фемибион ми беа тешки и ич не ги сакав и не ги пиев, после тоа земав прегназон и од 7 дена во неделата 5 дрна пиев, 2 заборавав Сега земав прегназон со омега земав, 6 недела почнав денес па ќе видиме. Мислам дека ради фолната треба редовно да се пијат ама ние забораваме.
Со оглед на тоа дека е докажано дејството на фолната киселина, да, треба да се внесува редовно. Генерации деца се родени без мајките да внесуваат фолна, здрави и прави се, ама нови времиња дојдоа и треба да сме во тренд со новостите од истражувањата. Плус живееме во загадена средина, јас како родител се трудам да го дадам најдоброто од себе. Фемибион, џејмисон, прегназон, сите се исти, големи. Некои пијат само фолна, без додатни витамини, како што има во фемибион.
Постарите гинеколози што се веќе во пензија се многу против пиењето на Премама и Фемибион, пошто тоа се вика залудно потрошени пари и се е тоа фармацевска мафија. Нормално некоја трудница ако има послаба крвна слика и потреба од дополнителни витамини секако е неспорно да се пијат, но, зошто да е задолжително? На оваа тема зборев со гинеколог во пензија, што ја породил мајка ми во мене. Тој ми вика, ти секој ден треба да јадиш овошје и да пиеш лимонада, цеден сок, секој ден треба да јадиш пиперка, домат, краставица или спанаќ, брокула, секој ден разновидно. Тие витамини од Премамата и Фемибионот што ви ги препорачуваат вашите гинеколози се баш тие во овошјето и зеленчукот. До некаде е во право, јас се сложувам, и затоа имам по 2 ужини овошје и зеленчук само, а зеленчук плус имам со секој оброк во денот. Но пак ги пијам Премама. Шубе ми е ете, ама штом гинеколог ти рече мора да се пијат, тоа ми е потребно на бебето... За Фолна само сметам дека мора да се пие, и плус ако имаш лошење и грчеви магнезиум, б витамин.