Овошјето денес и овошјето кога нашите мајки биле трудни врска нема. Сега се е ГМО се е извештачено. Освен ако немаш свое домашно или ако купуваш органско... За фолна јадев авокадо ама ај купувај ја стално
Пијам редовно фемибион и ќе продолжам и после пораѓај - битно е во првите месеци да се пие - особено ако доиш. Дополнително пијам ц вит и за железо. Тоа де друго што пиев цела бременост веќе не пијам (цинк, б комплекс, д витамин, селен)
Јас па на свеки на секој преглед и викав: 'иста е момава на татко и е цела'. А врска немаше на никого не ми личеше ама јас ајде за да и се полни егото. Не знаете како растеше ко квасец Фемибион 2 пијам на сабајле после јадење, двете апчиња наеднаш. И магнезиум, метилфолат, хеферол, и капсули со омега се заедно пијам сабајле после јадење, а витамин Ц пред оброкот. Навечер само магнезиум и хеферол.
Двете во исто време. Едното па другото ама не правам пауза од неколку часа, ако мислиш на тоа. Фемибион 1. Содржи метилирана фолна. Ама можеш и обична.
Јас ги пијам постојано пре мама дали сум заборавила 2 пати да ги испијам во цела бременост, не ми се тешки рутина ми е станато. Некои викаат многу дуеле витаминиве не знам јас се водам по тоа што ми кажал лекар.
Ххахах исто и јас така и реков. Ама па и така е стварно по ехо ми личи. Па и машко нека си личи на татко му. Ама викам слика на тато паметен на мама...
Денес свекри ми купи креветче, не знам што да кажам. До некаде мило ми прво финансиска помош е и ја разбирам се радува за внучето, ама пак понекогаш се мислам сакав сама да го бирам креветчето, крај краева сите креветчиња се исти. Збунета сум
Оф леле. Најдобро родителите да си го бираат. Боја, како во простор одговара. Што ако и некој друг така ве "изненади" хаха. За крупни ствари мора договор. Ако ептен не ви одговара кажи си.
Сигурно и било мерак и сакала да ве изненади, креветче како креветче тие димензии се, а од модел до модел нема некоја разлика бар за мене. Доколку не ти се вклопува во просторот прашај за замена од каде што го зела.
и на нас првото исто така ни го купија свекор ми и свекрва ми , тогаш пред 11 год , убаво беше го користев за две дечиња па го подаривме ама ова креветче реков какво и да е јас ќе си го купам му земав пари на татко ми па ние ќе го бираме ..... мислам дека заслужив да си одберам едно јас ми понуди свекрвица од колешка некоја нејзина да сум земела на заем пелени , креветче , незнам што и онака ова трето бебче било не морало ново ( така ми кажа ) мм се налути и рече една чорапа нема да земеме се ќе купиме ново ако треба и од тогаш ете ја си ќути
Најверојатно жената немала лоша намера, и било мерак па го купила... Ние со мм земавме пари од моите и од свекрвата за креветчиња (бидејки носам близнаци) така се договоривме по едно од двете страни...а креветчињата ние си ги биравме
Кажи и да не купува следно сама. Не е нејзино да одбира, вас мерак ви е сигурно повеќе одколку нејзе. Ако сака да даде финансиска помош може пари да даде, не да оди да одбира таа.
Што има врска дали е прво, второ или трето? Ова делењево на деца страшно ме нервира. Уште не родено трето било, може и парталаво да оди
Е ајде де тоа не треба да го дотеруваме и сакаме Другарка стави слика од ќерка и облечена во црно пола фб син и честиташе
си имав ја мал проблем со тоа , доста ми биле две деца ми рекоа , што ќе ми биле повеќе и ја како идиот некој потсвесно ај доста ми се и се раздадов и подарив колички , облека , креветче , се освестив пред некое време дека јас и мм одлучуваме колкаво семејство ќе имаме, а пустиот тој и вика на свеки не 3 деца туку сега иште еден спрат ќе кренел и фудбалски тим ќе правел млад бил уште , наша работа било тоа зашто и онака ние си ги чуваме никој не ни помага , болни здрави децава сме се снаоѓале како сме знаеле
Не знам некако не сакам да сум груба, сепак има луѓе и што немаат пари за никакво креветче па гледаат некој да им подари. Сакав и јас да бирам секако прво бебче ми е мене, ама ете сеуште сум Македонија, планирав да заминам следната недела. Тоа е што е..