Штом ти се свиѓа трај си и свиркај си.Толку раб треба да се купат... Ние пак најефтиното го одбравме оти бевме во фин .криза, па еве ја 4 год порасна.
Не се замарај, тоа што некои луѓе немаат пари не е твој проблем, не се оптеретувај со такви мисли. Ти кажав, ако сакала да помогне финансиски ќе дојдела и ќе ти дадела пари. Вака само се меша кај што не и е место
Паметно. И јас со список детален се што ми треба им дадов на сите што сакаат нешто да купат. Креветче и количка сами си избравме, нашите ни дадоа пари тие работи да ни биле од нив. Ако толку им е мерак на другите блиски они да купат им го дадов списокот па нека си се договараат за да не се дуплираат И за се што сакале да земат прво ме прашале дали ми се свиѓа што е за право.
Исто направив и јас и кажав ние планираме ова да купиме и слики и цени пратив, доколку сакате да купите нешто еве ова е нашиот избор. Си се согласија едните да дадат за количка, другите за релаксатор, еве тетка се јавува креветчето сакала да го купи. Првиот договор беше сами со маж ми да купиме се, ама ете сакале да купат и они нешто за бебето пошо прво внуче и тогаш стигна списокот нормално.
Кога дознавме дека е девојче свеки плачеше од радост со денови. Таа пукната за женско. И самата има 2 сина, и девер ми има 2 сина. Нит ме праша, нит ништо испланира сама со сестра и, леташе за Атина и се врати со 2 полни торби алишта од внуките. Си купила сама детергент си ги испрала. Живци искинав тогаш. Од алиштата си зедов само 2 ромпера кои беа нови со етикета на нив. Уште и седат дома во шкаф торбите. Ама си сфати. Алиштата ги прегледав, со оглед на тоа колку често се пушта машина со бебе, перени и преперени милион пати, се беше истегнато, избледени бои и апликации, такви едноставно не сакав да ги користам, а да имаше нешто поново ќе земев. Од тогаш за се нешто прашува. Верувај доста од алиштата што самата ги купував не стигнав да и ги облечам ни за проба. Некои скроз непрактични, некои големината не одговараше на годишното време, ама меракот голем. Од друга страна, колега од маж ми, ни даде мало креветче од тие што се користат првите месеци. Ние бевме во фаза на селење, не знаев димензии какви ќе ми одговараат па доцнев со купување креветче, па излезе да не се преселиме и креветчето ми дојде ко кец на десетка. Не го искористиле, нивното бебе не научило да спие во него и го одраснало. Ни го понуди, нас максимално ни се најде. Друг другар ми даде стерилизатор. Братучетка ми, ми прати мали чаршафчиња за креветчето кои не стасала да ги искористи оти изнакупила еден куп. Не живеам во мк, ама да живеев ќе ми дадеа и релаксатор и кошара. Тоа се ствари за кои даваме брдо пари, кои брзо се одраснуваат, а често бебињата нема ни да ги прифатат. Знам дека меракот е голем, ама верувајте, со парите што сте можеле да ги дадете на тие ствари ќе ги искористите за нешто што ќе трае подолго или ќе остане. Пак ќе одат за бебето. И во ред е ако сакате се сами. И во ред е и да прифатите помош. Одредете приоритети и правете онака како што се чувствувате и што вас ве прави среќни. Ми прифали темава. Со лесно на сите до крај.
Исто - или ни даваа пари, па купувавме сами, или праќав линкови од ствари согласно буџетот нивни. Доста од големите работи позајмивме, од никој немаме притисок за ништо, ни од моите ни од на мм неговите иако од двете страни е прво внуче
Дел од големите работи ги купивме заедно, јас, маж ми, мајка ми и свекрва ми. Уживавме во бирање. Количка сами со маж ми, ама јас бирав, него му беше сеедно каква ке е. За алишта не ме прашуваа, двете баби купуваа, некогаш со мене некогаш сами. Тетка ми кажа дека сака заедно да излеземе да си бирам. Други роднини донесоа по нивно. Што ми се допадна му облекував, што не, дадов на други бебиња во друштво како подарок. Тоа беа ептен машки алишта, плаво, плаво, плаво, јас сакам неутрални бои. Наместо да купувам подарок, јас давам добиено а на синко ново. Ни беа донеле релаксатор, а ние си купивме. Па беа изненадени, а блиски роднини, не знаат сека сме спремни целосно. Други ни беа донеле мали работи а имав кажано дека за почеток имам се.
Девојки дали може да пробам сама да се итуширам. Обично мм е тука ми помага ама денес заглави на работа. Мене ми е склет веќе. А мерев притисок 140/110 малце со млака вода да се освежам?
Ве читам за купување без прашање, свеки претежно отсутна е, ја немаше жива и претходно ама се јави да дојде во болница по бебе. Беше одбиена, после сакаше да дојде, пак беше одбиена. На маж ми му се јавува да се распрашува што како, мене не. Може лошо звучи вака кога читате ама не можам да ризикувам, во градинка работи. А и не ми се свиѓа така кога се праи наудрена цела бременост, па после кога треба да се испрчи прва да се мести. Бебево е скоро 3 недели, пратила комплетче 50ка пред некој ден. Друго пари ќе дала. Проблемот е што 50 ките ги надраснува веќе, а имам исто такво купено за 6 месеци. И ете го сега во кеса стои. Тешко дека ќе можам да го поклонам. Едино во црква да го дадам за здравје како што правам секоја година и за поголемиот.
Кај нас ние се сами си бираме за децата и купуваме. Ние од никого не баравме да ни купи за детето. Моите му дадоа пари и злато кога се роди. А Свеки така сакаше и заедно отидовме во Бебе Хоум и се од таму си земавме. Количка релаксатор игрални хранилка седиште... Се ние си биравме.. Огромна сметка направи. Ама и пишував порано, она беше луда по внучето. Сакаше се да му пружи. И сега за второво, се сами му купуваме. Доколку некој сака може да го дарува, да му купи а досега на никого ништо не сме побарале..
Ако се чувствуваш сигурно пробај. Ако мислиш дека ќе изгубиш рамнотежа и слично, почекај го мт или на крај краева легни си.
Освежи се ама не прави акробации да се триеш знам дека ти се ограничени движењата, така да само помини се со млака вода колку да се освежиш. Ти прави ли потешкотии притисокот?
Немам главоболки. Само се потам грдо ми е. Цела бременост беше низок дури 60/90 оваа недела трети пак 140/100. Забележувам тогаш и бебе е помалку активно. Еве ми пиша мм дека со доаѓа ќе го почекам. Иначе спремна бев да одам во купатило.
Браво! Камо вакви да беа 90% од свекрвиве. Мојава да би можела и без маска би влегувала, гајле нема, најтрагично е што мораме да седиме со нив некој период, и не знам како ќе се справам околу тоа, со маски да се влегува, да се дезинфизираат, не знам, тешко... уште сега ме фаќа нервоза. А тоа она да гледа бебе 40 дена тука, а моите да не го видат нема шанса, само моите би ги примила пред 40 дена, да живеевме сами немаше никој да примам, ама вака, моите да ги скратам да го видат, а овие секој ден да праат што сакаат, не може.
Обично кога фаќаат болките боли кичмата доле. Слично како пред добивање ако имаш болки во кичма, стега и пушта. И брзо после тоа почнува и стомакот исто да стега.
Дали може од оток дланките да ме болат кога ќе стиснам рака? Како шрек сум во раце и нозе, никако да се навикнам на отоциве