Труднички муабети

Discussion in 'Бременост' started by meU, Jul 23, 2012.

  1. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Joined:
    Feb 29, 2012
    Messages:
    69
    Likes Received:
    47
    Ivanovicka slooobodno mackaj :lol: Maz ti itar e :) Seriozno, imam citano deka e pozelno da se masira dolniot del hmhmh megu nozete so maslo za da omekne i bide poelasticen. Jas planiram zdravje da pocnam nekade posle 35 nedela ili porano ke vidam :)
     
    Last edited by a moderator: Apr 9, 2017
  2. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,061
    Јас немам слушнато но ќе морам да мачкам, од ова топлото, од што потам меѓу нозете(здебелена сум до толку што ми се допираат нозете :doh: ) па сум жива катастрофа, зацрвенета, исприштена, неможам да се трпам.
    А сега штом викате дека има и ќар уште подобро :D

    ivanovicka ти завидувам, и мене многу ми се одеше денес на концертот, ама пусти страв да не ме бутне или удри некој во таа гужва, а и да не стојам многу време... така сега ќе си седам дома, па ќе чекам некоја паметна тв да дава директен пренос :geek:
     
    Elenika likes this.
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2011
    Messages:
    979
    Likes Received:
    1,753
    Gender:
    Female
    Идни мамички на курсевите за трудници во ГАК препорачуваат мачкање со кантарионово масло ,со што би се омекнала интимната зона,а и би станала поеластична. Еве ви еден совет од една моја другарка инаку мајка на 3 деца-купете си гума за пливање,сеедно каква а сега сеуште ги има ,за доколку се породите нормално и сте шиени, во првите денови да седите на нејзе,секако надувана,а колку ќе си процените самите
    Еленика не знам за тоа дека можеш да бираш каква анестезија ќе ти стават.Јас со првото бев со целосна ,а за второто сакав со спинална/епидурална ,но повторно ми ставија целосна со образложение дека веќе е касно за овие анестезии. Мислам дека се зависи од тоа колку си отворена и како тече породувањето.
     
    Mayyya likes this.
  4. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    1,253
    Likes Received:
    6,028
    Gender:
    Female
    Јас читав за Перинеална масажа, еве го текстот, ќе го ставам во спојлер, само не сум сигурна колку е безбедно.

    Перинеална масажа
    Со цел да ја избегнат потребата од епизотомија или раскинување на перинеалниот дел (делот помеѓу вагината и анусот) за време на породувањето, многу жени во последните 4-6 седмици од бременоста практикуваат така наречена перинеална масажа.
    Што е тоа перинеална масажа
    Перинеалната масажа се прави со цел перинеумот да се направи поеластичен за време на породувањето. Често пати непосредно пред породувањето, за да не дојде до спонтано раскинување, лекарот прави рез на делот помеѓу вагината и аналниот отвор (епизотомија). Перинеалната масажа се практикува со цел да се избегнат сечењето и раскинувањето.
    Колку ткивото околу перинеумот ќе биде поподготвено за растегнувањето при породувањето, толку се помали шансите дека ќе дојде до раскинување или потреба од епизотомија.
    Според една студија во која биле вклучени 2434 жени, се утврдило дека со практикување на оваа масажа се намалил % на извршени епизотомии. Воедно драстично бил намален бројот на жени, кои се жалеле на болка во делот на перинеумот, 3 месеци по породувањето.
    Користа од перинеална масажа
    Го стимулира дотокот на крв во перинеумот и помага во побрзото заздравување после породувањето.
    И помага на жената да се подготви за чувството на притисок и растегање, кои се случуваат за време на породувањето. Тоа ке и помогне да биде поопуштена.
    Според сведочењето на некои бабици, кожата на перинеумот кај жените кои ја практикувле масажата, подобро се растегала подобро околу главата на бебето. Исто така овие жени имале поголема контрола при излегувањето на главата на бебето, биле подготвени за она што го чувствувале, не се плашеле и не го забрзувале породувањето.
    Кога не треба да се практикува перинеална масажа
    Перинеалната масажа треба да се избегнува ако жената има актвиен херпес, кандида или било каква вагинална инфекција. Во таков случај инфекцијата би можела да се прошири и да дојде до влошување на состојбата.
    Исто така многу важно е масажата да се прави правилно. Треба да се избегнува делот околу мочниот отвор за да не дојде до инфекции на мочните патишта.
    Како се прави перинеална масажа
    Со перинеална масажа се започнува 4-6 седмици пред породувањето. Постојат повеќе видови на перинеална масажа, тука ќе објасниме еден од нив. Потребно е масажата да се практикува секој ден до породувањето.
    -Добро измијте ги рацете, ноктите нека ви бидат потсечени.
    -Најдете удобно место и седнете или легнете на грбот во удобна позиција. Некои жени преферираат да лежат на страна и да ја ставаат раката од зад грбот.
    -Користете сончогледово или маслиново растително масло, без додадени мириси. Намачкајте ги со него палците, работ на отворот на вагината и околината.
    -Ставете го едниот или двата палца околу 2-4 см во вагината. Притискајте надолу и странично во исто време. Нежно, но цврсто продолжете да растегнувате надолу, се додека не почувствувате слабо печење или боцкање.
    -Задржете го притисокот така околу 2 минути, додека местото малку не отрпне и веќе толку не го чувствувате печењето или боцкањето.
    -Продолжете да притискате со палците. Полека и нежно масирајте ја долната половина на вагината, со движења напред – назад. Правете го ова по 3-4 минути. Запомнете треба да го избегнувате делот околу отворот за мокрење. Започнете со блага масажа, а притисокот зголемете го кога местото нема да биде толку осетливо.
    -Додека масирате, нежно растегнувајте го долниот дел од вагината нанадвор со палците во вид на куки. Ова помага да се растегне кожата, како што ќе се растегне кога ќе излегува главата на бебето.
    -Ако не можете сами да ја правите масажата, можете да го замолите вашиот сопруг.
    После една седмица практикување на перинеалната масажа, би требало да приметите дека местото станува поеластично и повеќе се растегнува.
    Немојте да претерувате со притисокот, затоа што се работи за нежен дел и би можело да дојде до повреда или отекување. Исто така повторно ќе нагласиме дека треба да се избегнува делот околу отворот за мокрење, за да не дојде до инфекција на уринарните патишта,
    Во едно испитување во 1999 г. учествувале жени, на кои им било кажано да ја практикуваат перинеалната масажа по 10 минути дневно, почнувајки од 34-35 тата седмица од бременоста.
    Резултатите покажале дека кај жените кои ја практикувале масажата, а се работело за прво вагинално породување имало 9.2% повеќе породувања без никакво оштетување на перинеумот во споредба со жените кои не ја практикувале оваа масажа.
    Додека кај жените кои претходно имале вагинален породување, оваа разлика била 2.5%.
    Заклучоците од студијата биле дека перинеалната масажа помага да се намали шансата да дојде до повреда на перинеумот кај жени при прво вагинално породување, но не и кај жените кои веќе претходно имале вагинално породување.
    Бавното, контролирано породување е многу важно за да не дојде до оштетување на перинеумот. Затоа треба да ги слушате инструкциите на бебицата или лекарот, кои ќе ви кажуваат кога да давате напон, а кога да се опуштите, но перинеалната масажа ќе ви даде поголема контрола врз породувањето.
    Епи но
    Епи но е апарат дизајниран од акушери, кој помага да се намали шансата за потреба од епизотомија. Се состои од балон, кој се става во влезот на вагината и полека се пумпа, до точка на растегање и удобност. Потоа се опуштаат мускулите на вагината и се остава балонот полека да излезе. Тоа ја припрема мајката за чувството кое ќе го има кога ќе се раѓа бебето. Со секојдневна употреба ткивото ке станува се поеластично и балонот ќе можете да го пумпате повеќе.
    Епи но се употребува од 36-тата седмица на бременоста. Може да се употребува во комбинација со перинеалната масажа.

    Мене посигурни ми се Кегеловите вежби, а можат да се прават секаде и во секое време.

    Потекло на кегеловите вежби
    Кегеловите вежби го добиле своето име по нивниот пронаоѓач, гинекологот Д-р Арнолд Кегел. Д-р Кегел уште во 1940 г. ги препорачувал овие вежби на жени кои имале проблем со неконтролираното испуштање на урина, што често се случува во бременоста или после породувањето, но исто така и во повозрасните години. Тоа не значи дека кегеловите вежби не се полезни и за мажите.
    Полезноста на кегеловите вежби е таква, што би било многу добро да бидат вклучени не само во бременоста, туку и понатаму во текот на целиот живот.
    Дејство на кегеловите вежби
    Кегел вежбите помагаат да се зајакнат мускулите во малата карлица. Со тоа помагаат во зајакнувањето на мускулите на: бешиката, ректумот, матката, вагиналните мускули и уретрата.
    За време на бременоста, заради притисокот кој го прави матката врз бешиката, честа е појавата на неконтролирано испуштање на мала количина урина. Со овие вежби тоа ќе се намали или ќе се спречи.
    Кегел вежбите помагаат и да се зацврснат мускулите кои учествуваат во текот на породувањето. На жените кои ги практикуваат, тоа им овозможува полесно породување.
    Ако научите како да ги стегате овие мускули, во текот на породувањето кога ќе треба да ги опуштите мускулите, тоа ќе Ви биде многу полесно.
    Посилните мускули во малата карлица овозможуваат матката и другите органи побрзо да си дојдат на свое место после породувањето.
    Хемороидите се честа појава во текот на бременоста или после породувањето. Со кегел вежбите се постигнува зголемена циркулација на крв во ректумот. Тоа ги намалува шансите за добивање на хемороиди.
    Зараснувањето на раната од епизотомијата и породувањето е побрза кај жени, кои ги практикуваат овие вежби.
    Со Кегел вежбите се намалуваат шансите за распукување во текот на породувањето.
    Со јакнење на мускулите во малата карлица се постигнува и поголемо сексуално задоволство.
    Полезни се и за воспоставување на поголема контрола врз мокрењето во покасните години.
    Како да ги практикувате кегеловите вежби
    Се работи за истите мускули, кои Ви овозможуваат контрола врз мокрењето. Кога мокрите и ги стегнете овие мускули, млазот на урина треба да запре. За да бидете сигурни дека сте ги пронашле вистинските мускули, пробајте да ги стегнете за време на мокрењето. Доколку без проблем можете да го контролираре млазот урина, Вашите мускули се во одлична форма. Ако пак не се баш во толку добра форма, не се грижете. По неколку недели вежбање ќе станат.
    Внимавајте кога вежбате да не ги стегате околните мускули, ниту пак да го задржувате здивот. Треба да работат само мускулите во малата карлица. На почетокот можеби ќе Ви изгледа тешко, но за кратко време ќе ја совладате вештината.
    Почнете со вежбите на следниот начин:
    Стегнете ги мускулите на малата карлица (исто како да го задржувате млазот урина) неколку секунди, потоа олабавете ги неколку секунди.
    Повторете го истото 10-20 пати, неколку пати во текот на денот.
    За време на вежбањето дишете нормално.
    Не ги стегајте мускулите на: задникот, бутините, стомакот ит.н.
    Кога ќе ви зајакнат муслулите, ќе можете да го продолжите времето на стегање на истите до десетина секунди, како што ќе можете да го зголемите и нивниот број во една серија.
    Почнете полека, постепено ќе ги усовршите.
    Направете ги редовна рутина во текот на бременоста.
    Добрата страна на овие вежби е што се исклучително полезни, како во текот на бременоста, така и во целиот живот. Освен тоа можете да ги практикувате на било кое место: додека се возите во автобус, додека чекате во ред во продавница, додека гледате телевизија, додека шетате итн.
    За да не ги заборавате, можете да си направите рутина која ќе ве потсетува на нив. На пример можете да направите по една серија кога ќе седнете да ја гледате омилената серија, кога ќе си ја проверувате поштата, пред да си легнете, односно пред било која активност што ќе ве потсетува на нив.
     
  5. eva11

    eva11 Популарен член

    Joined:
    Jun 23, 2011
    Messages:
    1,851
    Likes Received:
    761
    КИТ ни ја нема или мене така ми се чини у секој случај со лесно нека и е па нека ни пише

    Regenbogen со се случи и со неа има ново нешто кај неа знае некој ај со лесно нека и е и нејзе па кај и да е ке пише
     
    Last edited by a moderator: Apr 9, 2017
  6. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,061
    Добро утро женски.
    Гледам нешто сме се изретчиле, Уник јас ја пратам, како да ја снема :wasntme: Регенбоген одамна гледам ја нема, па претпоставувам дека веќе е олесната. А НоеллеПаге???
    МАшала машала :lol:

    Туку за денес имам едно прашање. Треба да купам уште прашок жолт за папучето на бебето, е бев во Зегин, ама таму го немало, па една жена пред мене што чекаше ми кажа дека го има во дали Галеника или Гала фарм, зошто бил нивен производ.
    Е која од овие две аптеки постои??? Или и двете постојат??? :$ Каде се наоѓа да не знаете?? Ќе гуглам јас додека да се најде некој да ми хелпне :* :*
     
  7. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Joined:
    Mar 24, 2012
    Messages:
    395
    Likes Received:
    227
    Здраво мешковци еве ме и мене, по напорната ноќ се будам и јас... На стадион топ супер си поминавме само бевме комедии живи на искачање, јас со тројца телохранители , мајками и мм напред татко позади и прават пат за поминување. Супер беше ... Меу гала фарм и галеника се фирми компании а гала фарм аптека треба да има во лептокарија колку што се сеќавам јас, а во тинексот на мост према ѓорче има една аптека таму нема што немаш во самиот тинекс .

    За галеника немам слушнато дали има во Скопје аптека а и не сум сигурна.

    Утре сум на втор скрининг , ноќеска го сонував бебушко мој, буце во лицето се смешка на татко му мераци :inlove: :inlove: ,

    поздравче и убава недела :*
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,061
    Па бев со намера Бивацин како замена да земам, но во Зегин ми кажаа дека веќе 10год не произведувале :^) чудно зошто знам дека пред година дена купив маст и капки бивацин, или можеби само на прашакот мислеше тој дечкото. Како замена за се кај нив имало некој спреј , викам дај ми, вика нема ни тоа. |(
    Ништо ќе барам во гала фарм, да видам што имаат таму.
     
  9. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Joined:
    Aug 22, 2012
    Messages:
    137
    Likes Received:
    201
    Добар ден мамичкии, еве ме и мене.
    Пред се да се пофалам јас си дојдов домче и сега сум си кај моите и супер ми е :rofl: :rofl: Млаку ми беше напорно патувањето, но веке се одморив и сега сум како нова :) Одвај чекам да идам на лекар и да си го видам бебушко, утре ке се јавам и се надевам ке ми заказат за брзо..
    Инаку меУ да, имаш галафарм во лептокарија и можеш таму да си видиш..
    Како се другите, ве прочитав од каде што ве напуштив, сте биле доста активни деновиве :) приметив дека имамен и нови мамички па им посакувам добредојде и се најубаво..
    Ако има нешто ново за некоја и ако некој знае нека пише да не израдува :) :)
    Поздравче до ситеее :* :* :*
     
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    3,782
    Likes Received:
    6,988
    Труднички мене денес ми е еден од најдосадните денови до сега, сама сум цел ден, т.е. од синоќа па до вечер и не мине никако време, што да се прави веќе аман :tmi: :(
     
  11. Cacush

    Cacush Истакнат член

    Joined:
    Aug 2, 2012
    Messages:
    56
    Likes Received:
    32
    Здраво мешиња :) Како сте денес? Сега времето е поладно и подобро се спие :) Би сакала да Ве запрашам сите кој процес на породување сте го одбрале по природен пат или со царски рез? Мене ми е сеуште рано до породувањето, но сум на два памети, па сакам да побарам и ваше мислење. Ви благодарам на сите. Поздрав и имајте пријатна вечер :*
     
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Joined:
    Jun 6, 2011
    Messages:
    1,258
    Likes Received:
    2,392
    еве ме и мене , јас сум уште тука ... бевме со мм на викенд кај него во неговиот роден град па затоа ме немаше викендов..
    Инаку јас сум супер , се повеќе сум возбудена и се повеќе ме фаќа страв..

    Ве поздравувам и ве гушкам сите , мртва уморна сум одам одмааа во кревет :)
    Баш добро ми дојде викендов а и малку на село бевме па се надишев чист воздух.. :)
    :) :) :)

    едит: УШТЕ САМО 10 ДЕНА.. КАЈ И ДА Е КЕ СЕ ГУШКАМЕ СО БЕБУШКААА :P :inlove:
     
    ivanovicka and meU like this.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,777
    Likes Received:
    148,875
    Идни мамики и сите кои им даваат поддршка, во темава има многу мислења за кои има соодветни теми во рамките на категоријата бременост, па би ве замолила доколку имате прашања за кои има соодветна тема, дискусијата да се води во соодветната тема.

    Инаку има уште многу средување во оваа тема, но ќе продолжам утре, а во меѓувреме се надевам дека ќе се користат и другите теми :)
     
    rak11 and meU like this.
  14. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2012
    Messages:
    206
    Likes Received:
    79
    Ve molam da mi kazete osekam golema voznemirenost vo gradite srceto i lupa mislam deka na momenti go osekam vo stomakot tahikardija doktorot mi rece moze da se sluci i da pijam bedoksin imate li oseteno :^) :(
     
  15. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    454
    Likes Received:
    298
    bremenost/odluka-za-poroduvanjeto-t14143/ овде се коментарите на таа тема.
    Не треба да бидеш на 2 памети, бидејќи доколку се се одвива природно добро, нема потреба зошто да те сечат на стомак и да ти поместуваат црева за џабе.
    Докторот одлучува за тоа, не мајката, ниеден доктор нема да вади со царски рез освен ако не биде неопходно. Најубаво е да си оди по мајка природа, а докторите нека мислат на време дали треба ургенција или не.
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,061
    Добар ден женски, како сте денес? :$
    Јас утрово ептен рано си го започнав, од 6ипол, некако последниве денови се потешко ми оди спиењето, а маж ми само ми повторува “спиј сега, наспиј се“, арно не се докажува иначе ќе биде расправија :rofl:
    Деновиве сум со ептен исполнето време, денес депилација, утре брисеви и крв, па факултет ,итн итн..
    Додуша ми одговара што така ќе биде ,зошто во последно време мозокот ми беснее, ме фатила некоја паника и сега освен стравот од пораѓај, се плашам и дали се ќе биде во ред со бебето, дали ќе ми се роди живо и здраво :worried: Незнам, можеби е нормална ваквара загриженост, ама јас мислам дека ми е од секакви приказни што исчитав на нет(на која и починало на пораѓај, на која се разболело, трето инкубатор :x ), Боже мој се е за луѓе, ама мислам дека ептен си ја преоптеретив психата, та сега наместо да сум среќна, позитивна пред да ја донесам на свет новата душа, јас по цел ден сум замислена и загрижена. :|

    И така, никако да ме огрее позитивна мисла :angel: Но, дефинитивно мора да се сменам, оти цуцкава сигурно нема да сака таква никаква мајка :lol:
    Викендов кој доаѓа сепак одлучивме(т.е. во мене беше проблемот) ќе го ставаме креветчето, почнуваме со перење, пеглање и по активно спремање , односно ќе финишираме полека полека :inlove:

    Е така и си се истажив, и си се пофалив , а сега останете ми со здравје и добро расположени, па пренесете ми го и мене :* :*
     
  17. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    454
    Likes Received:
    298
    Ајде МеУ, можеш ти, нека не те фаќа цацко на крај, како сите жени, така и ти.
    Јас така си викам, што па другите појаки, поспремни и поиздржлуви од мене? Како можеа другарките уште пред 5 години да почнат, сега можам и јас :) Па девојчици на 18,19 раѓаат, па јас жена со сите предуслови да не се снајдам :D
    Ќе стиснеш заби некој саат и после ќе си уживате цел живот со цуцката :)
     
    meU likes this.
  18. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Joined:
    Feb 11, 2012
    Messages:
    91
    Likes Received:
    50
    јас осеќем повремено тахикардија.
    јас и пред да останам бремена си имав.посебно во некој стресен период почесто,нервоза,напнатост,страв,грижи..тогаш се јавува.кога си мирен во душата ја нема.а малку нешто не штима,одма ми се јавува.срцето ми е најосетлив орган и за арно и за лошо.и мене ми е страв за бебенцето и него го вознемирувам така.ама кај бремените и така срцето понапорно работи,па и се јавува тахикардија.може ти толку тоа го осеќаш,ако не си имала и од порано тахикардија.
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Девојки има ли нешто ново? Ако не се лажам три мешенца има со поминати термини [​IMG]
    Regenbogen, gorda, KiT
    и денес Mother86 :) или на бебенцава им е убаво внатре не им се излага
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,061
    За срцебиење во бременоста, се препорачува внесување на помали и полесни, а чести оброци.
    Ете мене почна да ми се јавува во 7ми месец, пиев Б6 но џабе не е од тоа, после сфатив дека најчесто ми се јавува после јадење. Веројатно се стеснува местото , па сите органи горе притискаат на срцето.