@Ava.84 ima da kaj 9 se napuv jaglen eve sea pocnav da pijam elektroliti,koka kola sok od jabolko lablebija se nadevam deka so lesno ke projdam,sea za sea mi prima zeludnukot uste
Со помин да е миличка мисли само позитивно се ќе биде како што треба со тебе и со беба... Господ е голем Гали мешенце и само убави мисли
Здраво на сите, не знам каде да го поставам прашањето, па верувам ќе знаете вие. Пред 2 дена бев на гинеколог, бремена сум па на прва контрола. Докторот ме гледаше на вагинално ехо рече сум 6та недела (според мене сум помалку околу 5та, но не знам понатаму ќе ми каже сигурно), ми рече ембрионот е 6.9милиметри што мислите е нормално мене малку ми се чини. Сега за 2 недели имам пак контрола, сигурно ќе се слуша и срцето дај боже се да е во ред, но ете ме буни тоа не знам што да мислам.
Знам дека пред брзо се зборуваше за ова на темава, ама јас пак ќе го вратам муабетот. Ме интересира што да земам за капење на бебе за во болница, кој и да прашам сите различно ми кажуваат и се нервирам стварно, за дома не ми е проблем, ама за во болница некој ми викаат бебешко сапунче бекутанче, некој купка, шампонче, и стварно не знам што е најдобро? Плус прашање, овие ли се тие влошки за во болница што се користат?
Тие се влошките, и јас зедов такви. За бебето зедов купка и сапунче од Бекутан. А си зедов и за мене 3 пелени, затоа што прошлиот пат многу крварев и влошките не ми беа доволни, па сестрата ми рече да си ставам и пелена од бебето
Со лесно нека ти е, со крај да си ја истераш бременоста во спокој Кај мене беше 3,9милиметри и докторот ми рече дека според мерки одговара на 6+1. Ама 3,9 мм беше ЦРЛ, а не големина на сакус. Провери тие 6,9мм на што се запишани. Ич не сакам да те плашам, ама мене тогаш гинекологот ми рече дека за таа гестациска недела, ембрионот не треба да е под 2 и над 6 милиметри. Која ти е прв ден од последна менструација?
Овие и уште едни има Бони исто само мрежа, без тој плавиот гел одоздола. Не знам кај ќе се пораѓаш, за во Чаир не бараат ништо за бањање на бебето, само пелени, крема и влажни марамици. Дури и влажни некои кажаа дека не им побарале
Јас колку што знам дури и на државните ги бањаат со нивна козметика, за бебе треба само пелени влажни и крема друго не зимам, а за на приватните незнам ни ова дали треба може се даваат
Па така, ја ставив мад влошката, многу крварев, ша да не се направам лом. Како голема влошка нешто, таква функција имаше. Затоа сега си зедов 3 за мене, за секој случај.
Земи си подобро за возрасни што се за да не се стегаш со бебешки. Крај краева пешкир меѓу нозе па нека се цеди
Ти благодарам Инаку 12ти август ми беше првиот ден од последната менструација. Не знам каде да проверам тоа што ми викаш имам само слика ми даде од вагиналното ехо, а искрено ме замисли сеа, ем имам страв претходната бременост ми заврши со спонтан абортус и сега сум исплашена многу.