Има на интернет калкулатор за пресметување на терминот за породување, го внесуваш датумот на последна менструација. Тебе термин ти е некаде околу 20мај. И не му ја мисли многу за претходно, јас исто имав спонтан пред оваа бременост, па еве ме сега, со стомак до заби. Со лесно и опуштено!
Со лесно и тебе нека ти е, се најдобро. Инаку да 19ти мај ми е терминот се надевам се ќе биде добро овој пат.
@Summerlove@2016 значи според последна менструација денес си 6+2 (ова под услов да си имала редовни менструални циклуси од 28 дена и да си овулирала на 14ти ден), а може и да си помалку ако овулацијата била покасна. Штом не сте слушнале срце, веројатно си покасно зачната и мерките сигурно се за гестацискиот сакус, а не за ембрионот. Инаку кај мене на сликата од ехо, долу десно се запишани мерките, означени со бројки, на пр. 1 е линијата што го мери гестацискиот сакус, а 2 е линијата што мери црл на ембрионот. Без разлика, ти реков не си земај здраво за готово, штом гинекологот ти рекол дека сѐ е во ред, сѐ е во ред. Гали мешко и уживај, бркај негативни мисли од глава и живеј сега, остај го минатото зад себе.
Здраво девојки дали некоја до сега имала проблем со нога ? 9н1д пред 1 недела немав болки сега пак ми се јавија од што можи да е? иначе не е за магнезиум си земам сеекој ден дали можи од калциум недостаток или има место за пааника?
Немаат пластика, само памук и мрежа се сега ги видов. Ама баш тоа ме буни колку ли издржуваат овие 10 минути, и после накисната..
Јас имам како овие на слика и имаат пластика. Ама од лани ми се. Останаа така. Многу се впивливи, нека не те лаже изгледот. Јас по две ставав во должина.
Имаат пластика, моментално имам такви дома, Вир. Мене ми личеше на гел, кога сега ги простудирав, тоа плавото пластика дефинитивно е
Пластика е, како тврда мушама. Земи си бони или нила. Мн поудобни се. Држат доволно, без гајле. Ќе ставаш по 2 на почеток, да фати убаво.
Го имам на англиски во пдф форма. Не е лоша книга. Само најосновните работи со хумористични тон. Членка го купи со македонски превод и кажа дека е изгубена суштината во преводот и просто звучи. Се знае англиски и македонски афоризми не се слагаат.
Јас го имам. Доста корисни совети има, ама малку ме нервира што бебето е прикажано како некој предмет со кој ракуваш.
Хмм ништо јас мислев да не е колкот, исто имав проблем пред некоја недела и си ја најдов точната дијагноза,па мислев ќе ти помогнам. За недостаток од калциум не верувам дека е проблемот, рано ти е.. Да не се грчиш во спиење евентуално?!
Како преживувате со променливото време? Мислам дека секој облак низ глава ми проаѓа, проблем имам од кревет да станам. Притисокот многу низок а пулсот висок, поспана сум скроз. А ко за беља децата денес се турбо со глупости правење, нема шанси да се отспијам.
И ние сега се прибравме и мене одма ми се стежи, не измерив притисок ама сигурно ми е паднат. Ручав, се напив кола кола и изнесов едно чоколадо и сега легнав малку. Па и времево какво е променливо, само за лежење. А па шо ми текна на мајка ми и реков утре да правиме лутеница оти наредна недела ќе се порагам и после ќе нема време ништо да се прави
Не ми се верува исто вака имав проблем и со првата бременост и заврши со миссед до пред 1 недела немав проблем сега еве пак и за тоа малце страв ме фаќа
Девојки здраво значи на проблемите никогаш крај значи денеска бев на преглед за срцето и супер си е 23 +4 недели сум меѓутоа од нигде никаде докторкава ми спомна можен септум на матката како го виде јас незнам ,а после се шо испрочитав ми се крена косата од пред пораѓај до не дај боже најлошо и рече да ме види и матичната е сега дали некој има ваков проблем ,а износил бременост до крај ако можи и ако знаете да ми кажите фала ви....