Бев во петок на втор цтг, се беше во ред само треба уринокултура да правам зошто имам 2+ бактерии и пиев цефалексин 5 дена.. и рече дека детето е многу ниско доле и да одмарам..ама јас се исплашив дека никогаш немав исцедок темен и кога се бришам нема ништо..а од болки од вчера ме боли коската доле многу и кога одам кај препоните со нозете горе
Ако е кафеаво парче како секрет лепливо густо чепот е. Кај мене исто така падна немаше крв ништо. Пиши на нет mucus plug ќе ти отвори слики да споредиш. Ако е тоа следно е да пукне водењак, да чекаш болки или сукрвица па на лекар. Инаку таман си за породување нема страв
Тоа беше многу мало како бело прање ама колку малиот нокат.. уште ништо нема ново, неможам да спијам, само чекам.. Треба уринокултура да правам.. незнам дали мора упат или може во авицена директно да барам..и која урина се дава? прва или во било кое време
Нема упат за уринокултура, мораш да си платиш - 350 денари е. Бидејќи не треба да е стоена мокрачата (не повеќе од 30 мин), а и се чека во Авицена, јас обично таму оставам. Инаку нека не те плашат ++ толку затоа што не мора да значи дека навистина има бактерија. Првиот пат и кај мене кога појави така се исплашив, па девојки тука пишаа дека често знае да покаже + на редовно испитување, а уринокултурата да е чиста. Од тогаш заедно си испитувам и секогаш испаѓало на обично да има 1 или 2 +, а уринокултура чиста
Нека не те плаши уринокултурата, и мене ми даде 2 + па на уринокуктура чисто беше без бактерии. И да има нешто ќе ти дадат антибиотик и ќе бидеш подмирена. Без грижи уште малку ќе се гушкате со бебе инаку авицена и синлаб 350, а биотек 400 денари е уринокултура.
Ние цела фирма работевме од дома, па кога рекоа да се враќаме јас кажав, тоа беше околу 9та недела и продолжив да работам од дома. А воопшто не сакав толку рано да споделвам ама што да се прави..
Да се надоврзам за уринокултурата, не треба упат, треба да биде првата урина одма чим станеш но прво треба да се измокриш малку, па да се премиеш со млаз вода па да се наполни стерилната чашка и истата после да се однесе но да не бидат поминати 2 часа.
Женски нормално ли е болка во срамна коска да се има , од прееска при движење осеќам 22+ сум , кога лежам ок е , ме мавна паника се мислам дали да звонам и кај док а и бебето денеска поактивно е уште од сабајле ..
Искрено не знам не сум стигнала до таа недела ама штом е работно време звони прашај си да не се нервираш и да не се мислиш
Женски дајте ми предлог некоја страна да нарачам бебешка облека од која сте задоволни. Јас гледам на многу страни ама ми е страв да нарачам не знам што ќе ми стигне
Девојки имам мн јаки болки низ целиот грб,почнувајки од вратот па до половината,а најсилни во плешките.Не знам дали е од промена на време,до сега не сум имала проблеми со промена на време,не верувам и дека е од бебче 22недела сум.само знам дека мн. ме боли,не можам ни да спијам како што треба,а еве и преку преку ден боли.Два дена е така.Дали смеам да се мачкам некоја крема или некои апови да барам....?
Мајки утре сум на Приска во Чаир . Знам ехо е абдоменално,случајно да не ве проверуваа и вагинално да знам да сум средена. Кај Др.Ристовски сум како ви посветува внимание на преглед? Фала
Мене и вагинално и абдоминално ме гледаа, дека не беше убаво свртено бебето. Биди си спремна и за вагинално. Пробај нека те масираат. Кога ќе легнеш да одмориш уште те боли? Знаат некогаш такви таби безвезни болки во грб да се јават Baby.shopp, Hellobaby.mk, Muppet kids, Wenice kids...
Здраво девојки, ми треба совет од вас. Јас сум 11+2 недели и одам кај Пале Коруновска, но некако не ми се посветуваат во таа ординација воопшто на бременоста. Па затоа сега тука ќе си прашам. 1. Може ли некој да ми објасни околу 12 недела скрининг?? Што, како, каде да го направам? 2. Денес се осеќам малку настината, мала главоболка и затнат нос, вака сум ок. Дали да кревам паника, не можам да најдам доктор да прашам што да правам ? 3. Дајте ми предлог добар матичен, што ќе ми се посвети, а не ради реда ќе ме помине. Ви благодарам на вниманието
Се сум заборавила од прва бременост мислам дека и што сум малку настината осеќам повеќе , битно се испопаничив , успат и на плачка а обрнав сеа подсмирено е малку само кај јајници осеќам на моменти , ама кичмата ме дрма сеа
Охоо дали ме болиии?! Едвај од кревет стамувам, едвај се движам, навечер на спиење едвај се вртам.... ептен имам болка знае да се смири со магнезиум и калциум ама само минимално Како ке ти напредува бременоста така повеќе ќе те боли, одмарај и пбавезно магнезиум Нормално е
Здрсво мајки, незнаев кај да пишам од толку теми па викам ајде во оваа некако ми е така нај Каде можам да најдам убави оградички и постелнини со убав дезен, квалитет? Претпочитам понежни, неутрални бои и нормално да се со солидна цена. Ви благодарам однапред на сите
На Бубаба имаше убави памучни сп неутрални бои,мислам дека Бубамара мк така нешто е пишано,они ги држат.