Да, не се болни ама стегањето и влечењето се тотално непријатни. Вака ми е недела дена ама денес се многу почести затоа реков да прашам. Фала ти
Здраво девојки, прашањево го поставувам тука зашто оваа тема е најактивна. Некој дали имал искуство со др. Љупчо Петровски од ГАК ?
Кај нив во ординација мене првиот скрининг ми го правеше Бошковски(веќе не е таму) а вториот Коруновски мислам он сеуште им ги прави скрининзите можеш кај него за првиот. За вториот јас би ти рекла ако останеш таму појди и на приватно да те видат јас го правев и во Ремедика и беа многу подетални, а за првиот прашај дали можеш таму ама да ти го прави Васо најстручен е од сите нив... Иако мој совет ако најдеш подобри смени ги пошто се хаос во последно време по 3 саати губам на закажан термин кај нив и баш не се ич посветени
Мосе види на инста или фб “детски облачиња” изработуваат по нарачка, баш гледав денес има комлети оградници, јорган перница навлака.. дезени имаш рсзлични што ту душа сака
Пред две години во декември во една недела се породивме сите што бевме 9ти месец Бум, само се пишуваше боли овде, боли онде, за една недела сите со бебиња во раце Со лесно жени, одвај чекам да дојдам до трето тромесечие, а уште не сум во второ
Епа еве додека не сум породена и јас замесувам мекици за новите бебенца да ни се живи и здрави. Чекаме @eli.karameli да пише па втора рунда мекици и да препуштам рецепт на следна домаќинка. Резултат од ковид рековте од ремедика ако не се јават негативен е? Уште малце и кај мене остана. Ако сум крај на октомври ке биде поскоро. Ај да одам да средам додека имам сила. Стомаков мислам до колена ми е
Ајде ја ќе загреам масло да се најдам во работа дури чекам Да денес прашав само на позитивни се јавувале. Викам мене само мајка ми ми ѕвони на телефон значи ако е друг број инфаркт ќе добијам сите се насмееа ама не беше смешно Иначе и на прием праат преку крв резултати за 40мин
Јас кога правев тест за Ковид исто во Ремедика пред ЕТ.ми рекоа ако е не дај Боже позитивен ќе ви се јавиме.и помина периодот што требаша не ми се јавијаааа,ама јас да си бидам на сигурно,нешто не ме држеше место,за белја може е позитивен хехехе,викам ај да се си се јавам лично да слушнам.
Јас си заработив и воспаление на уше. Затворено, отечено, докторката не можеше ни да го види. Вика, хормони, шо да правиш. Идам кај матичната, ми викаат уште некои исто време имале проблем со уво. Додавам на листа лекарства и три вида капки и антибиотик. Сто аларми направив на телефон со име на лек. Меморијата ми попушта. Се чистат месециве. На крај и наш ред ќе дојде дур трепнеш. Некој ме праша,да не испадне моево бебе ко мајка му, новогодишно ај не.