Инфективен ти е во цена. А ова ако можеш прашај напрај си го во 38ма ти пак па здравје сега ако се случи да не се породиш плати го кај нив вториот пат. Зошто пишав за другаркава лошо е да те фатат болки на пример 39та а немаш резултат и дури ти земат брис ќе те искомплицираат со пораѓањето па ќе те изолираат па чекај резултати. Мене лично посигурно ми е од кај да знам може викендов ќе ме фарат болки бар да сум обезбедена.
Тоа така е да, нож со две острици хаха. Имам некое чувство дека ќе надминам термин незнам зашто Па така и планирам ако испадне така, едниот преку матичен другиот кај нив.
Апсолутно се слагам дека бизнис си праат и затоа ме нервира ова. Во 2 недели 5 пати можеш корона да фатиш
Се согласувам дека е бизнис. Ама на прием земаат преку крв брз тест и ако испаднеш позитивна нема да те породат ќе те пратат во ГАК. Тој си е на нивна сметка тест денес баш земаа на една жена во сестринска соба ама поима неам за што беше дојдена и правеа прием за интервенција. И рекоа да чека 40мин без разлика што правела брис пред 7 дена. Тоа си го прават да си ги заштитат вработените...
Тој е оној серолошки за антитела. И јас цела во крв го чекав за да ме качат горе во соба ама интервентно беше и не се бунам. Смешно ми е пср дека им важи 2 недели
Е не знам каков е не ги разбирам. Истиот на ГАК го прават сега по ново. Знам дека само по 40м ти кажуваат дали си позитивна или не. Антитела нели е ако си го прележал само последни 3месеци?
IgG антитела ако се позитивни значи имаш прележано, ако се IgM го имаш сега. Со серолошкиот тест и двете се испитуваат.
Женски џнсе некоја да чита крвна слика ? Ме плаши зголемена вредност на гранулоцити, леукоцити, триглицериди и холестерол , и кај кристали во урина имам - , исто и уреа ми е намалена, шекер малку над граница а скриениот незнам дали е добар :/ Матичниот ми е на одмор до средина на следна недела :/
Овие параметри што ги наброја нормално е да се зголемени во бременост. Триглицериди, холестерол, АСТ и АЛТ не се испитуваат кај трудници.
Супер ти е крвната слика нема потреба од што да се плашиш некој вредности во бременост нормално е да се покачени.
Да ве прашам нешто. 34 недела сум, бебето ми е многу долу докторите рекоја, ама така и требало да биди, е сега мене од време на време како да ме фаќа креч на десната нога горе кај колкот трае 5 секунди и поминва дали е тоа нормално???
Жени 38+4 сум и детето е скрос долу го осеќам во бешиката и секој пола саат можам во вц колку ме притиска.. и имам болки во препоните и срамната коска и едвај се вртам на спиење.. најудбно ми е на десната страна, а викаат дека на левата е подобро, јас штом се вртам на лева детето почнува да штуца(ика) дали го гушам или притискам, нез.. и ме пецка кај срцето.. сега незмам дали сум готова за пораѓај, само знам дека осеќам како детето ќе излезе.. а немам други болки или некој исцедок,, во петок сум на контрола
Ако имаш болки на исти интервали како менструални тогаш оди на лекар. Не можеш да го гушиш и притискаш легни слободно на десно ако ти е позгодно и стави перница меѓу нозе и земи магнезиум ако се немаш напиено вечерва
Еве сега баш легната сум на десна страна и имам перница меѓу нозе, и ми се иде у вц колку притиска долу.. а на уринокултура сум, јас незнам која урина да ја давам кога цело време идам во вц,, а немам менструални болки ниту грбот нешто ме боли
Не те разбрав со уринокултурата? Даде или треба да дадеш? Ако треба тогаш 1ч пред да одиш таа однеси ја секако ќе се испита.
Треба да давам. нели треба прво да се туширам па да ја наполнам чашката после првиот млаз.. сега страв ми е да влезам да се туширам се мислам дека готово ќе се породам,, а исто ми рекоа дека ми е мноогу ниско плодот и во бешиката долу е,, незнам дали на некој така и е,, и какви симптоми има
За уринокултура можеш која било урина, не мора да е првата утринска. Како што ти е згодно, така лежи, не можеш да му наштетиш на бебето во никој случај. И јас имам такви проблеми некогаш во спиење само мене горе на желудник ми притиска и дури и ме боли при некои положби во лежење.
Не се секирај Ќе имаш болки во кичма и менструални болки јаки ако си за породување. Освен во моментов да одиш во болница на цтг ако ти е ептен страв друго нема што да направиш...ако си се осеќаш ти така најдобро оди на дежурно
Јас само осеќам дека детето е долу ниско и ме притиска на бешиката, и на станување од кревет и одење ми се кинат нозете и срамната коска..вие што сте во 39та недела како сте? како се осеќате во овие последни денови