Ja sum so bolki no ne mi se na 5min i celo vreme mi se ide vo wc i na mocanje mi tece krv a na vloska nisto. Vcera me pustija od pataloska nz dali da odam pak denes.
не мора да е првата урина. Еднаш ми рекоа, само размах од саат или два (не ми текнува точно) да има од последно мокрење. За другото, зборувај со матичната.
Нормално е да те боли срамна коска веќе при крај си, сите не боли ама не е тоа знак дека ќе се роди во секој момент.
Ај додека сме кај уринокултурава да си прашам. Ставам утрогестан наутро и навечер. Дали е подобро вечерта пред да правам уринокултура да го земам утрогестанот орално?
Дознав нешто па да прашам, зошто викаат пред пораѓај да не се јаде храна и пие вода? Мене ништо не ми спомнала докторката до сега.
Како да не се јаде и пие...па ти не можеш да знаеш кога ќе се породиш. За пред царски може има некое ограничување на пример до 20ч да јадеш а сабајле на операција.
Не знам и јас се збунив баш поради тоа што не се знае кога се породуваш плус што те чистат преф пораѓај, може нешто погрешно сум разбрала
Тоа е само за царски, не за природно, и царски само ако е со целосна анестезија, а повеќето со спинална се пораѓаат.
Онака како што ти е кажано да се примаат. Ако си ги примала вагинално, стави ја вагиналетката вечерта како и досега, не пречи на уринокултурата, евентуално нагласи им дека ставаш вагиналети. Прв млаз, потоа одмиј се, па тогаш остави примерок.
Женски како оди процедурата со промена на презиме? Зошто еве мене до сега сите испитувања ми се со девојачкото презиме, во октомври имам закажано за промена на лична карта (во целост го менувам презимето). Некаде прочитав за документот од трансфузиологија ако не е исто со презимето од лична карта за породување нема да е важечки, зарем пак треба да се малтретирам на трансфузиологоја?
Во болница не ти бараат лична карта. Ама ако менуваш презиме, и во книшка ке треба да го смениш. Види на листот од трансфузиологија, треба да има и други податоци, број на книшка, матичен бр или нешто слично. Ке видат дека само презимето е различно.
Прашај доктор за сигурно. Мене не сакаа ништо да ми прават без тој лист. Кажаа или да го донесе маж ми или ке ме боцкаат пак.
Леле не ме плаши јас сменив веќе презиме а документот ми е со старото презиме, ама кога сменив во книшка не ми го сменија ниту ми рекоа нова книшка дека треба. Само новата лична карта ја носиш во ФЗО таму ќе те сменат во систем и толку
Прочитав на фб во коментар во групата женски домаќински муабети, па сакав да прашам за искуства. А баш ми е чудно зошто да е проблем кога мене докторот ми рече дека ако имам од порано картонче со крвна група тоа можам да го искористам