Joy јас три пати имав лажни контракции по околу три саати и тоа во 35, 36 и 37 недела. Секогаш мислев дека дошол денот и кога ме фатија вистинските болки во 38 мислев дека се лажни па ќе го родев дома ти посакувам лесно да поминеш
И јас сум 38 недела се јавив на докторката ми рече во еден да појдам на преглед па ке видиме дали ке има новости.
Од сабајлево имам вртоглавица, и болки во слепоочниците, тоа значи дека имам низок крвен притисок, нели? Немам апаратче да го измерам. Малку јадев и веднаш Што го нормализира притисокот кога е низок? Се напив кока кола но не помогна.
кока кола, кафе, нешто солено... ако не можеш да јадеш стави малку сол на раката и излижи го. Ако ти е топло кај што седиш пушти клима или разлади се некако... Пиј многу вода, и оди до некаде, комшии, било каде да го измериш, иако би требало да ти се смири после некое време.
Касни парче сирење, маслинки, кисела вода или обична, може и со кафе да се покачи. Мене ми помага само кока кола, а замисли јас тоа не пијам. И кога ке треба да се напијам заради притисокот мислам дека една голтка ми е како еден литар Инаку сакав да ве прашам мешиња, купив персил сензитив за перење на алиштата на принцезава, ама не земав омекнувач.... да зимам или само до прашак да ги исперам и на колку степени? поздрав и убав ден
Pretpostavuvam spored tvoite simptomi deka kaj sekogo e individualno. Mene vaka mi e koga mi e visok pritisokot. Pobaraj si od nekogo (komshii ili nekoj dr.) Aparatche i izmeri go
Во странство сум, а овде знаете како е со комшиите Од секогаш сум имала нормален притисок, и на интернет прочитав дека вртоглавица и болка во слепоочниците укажува на низок притисок. Но се напив кафе и кока кола, и јадев соленки и сега сум подобро. Ви благодарам од на советите.
Кај мене лажна тревога не сум отворена ич,болките биле од инфекцијата Ми дадоа вагиналети аман векје од нив и чај од брусница.Во пон на цтг пак.Инаку тешки сме околу 3150 грама
Едно прашање до сите што се пред породување или кои веќе имаат родено. Влегов во 33-та недела, 32+1 сум. Последниве неколку дена осеќам болки и притисок во препоните, претпоставувам дека полека организмот полека се спрема за породување Не е рано за вакви болки, нели? Не се јаки и неподносливи болки, не се постојани, ама се присутни. Башка, се осеќам ко пингвин кога одам којзнае како изгледа од страна. Исто, многу се препотувам, а не е топло Дури и кога мирувам ме фаќаат некои жештини, ај додека се движам или нешто по дома работам е ок, ама вака не знам... Нормални се овие работи за овој период?
Тоа и јас се прашувам?сите брисеви негативни се,а бело жолто ми тече на големо .Примив полигинакс се смири и сега пак јово на ново.Сега ми дадоа други вагиналети нео пептрин или така некако се викаа.Стварно не ми е јасно од што.Немам односи,не носам дневни,пијам течности...се плашам да не се пренесе на бебето нешто па да заврши на антибиотик нешто
Денеска бевме на контрола бебчето е тешко 1900 а сум 32 недела добро ли е на неделите?Инаку ми дадоа вагинални таблети аман со овие секој месец ги ставам.
Јас пред пораѓај исто - чисти брисеви а тече нешто. Ставав канестен ништо- после ставав линекс фор лејди и ни капка не ми потече. Сепак искористи ги нео пентранот па ако има пак можеш да пробаш и со линекс фор лејди, штета нема да има.
Е тоа ме нервира леона се негативно а исцедок без прекин.Се мислам колку се вердостојни резултатите.Инаку овие сеа што ги примам исто содржат канестет .Да ги допримам бар сите колку толку да се повлече инфекцијата.Имам уште 13 дена до термин. Бруно за килажата...ние во 32 бевме околу 2200 тука некаде сме.Не му ја мисли мн на килажата само здраво да е.Јас исто така само тоа прашував и истражував.Во 35-36 ми рекоа 2700 и демек мало ке биде.Денес во 38 -3150 сосема задоволително
а дали некоја од вас има/ла вагинален исцедок во првите 3 месеци во 8та 9та недела и дали така треба ?
Во првите месеци зголемен исцедок е нормално. Јас имав повеќе како проѕирна течност (како водичка) на моменти и како бело прање. Меѓутоа не оставај на случајност и туѓи искуства, консултирај се со докторот.