Мамички здраво Јас денес правев крвна слика во ред ми се резултатите само железото ми е покачено...референтните вредности се 6.6-28.5 кај мене е 34.1 го прашав докторот што ми ја води бременоста вика не е страшно, само да ја повторам за три недели. Дали некоја имала вакво искуство? Мислење?
Јас искуство такво немам,ама би сакала да ми дадеш од твоето железо малку ,моето е 9 ,па да се израмниме!
Еве од денес конечно ДОМАААА , се тегневме на работа за пустиве мерки од влада и на крај се изнервирав и си отворив боледување ..... болка во долен дел од кичма имам малку поинтензивна и речиси на саат време ме стега по една две бракстон хикс , вчера правевме ехо бебче е добро си уживка си мрдка само болкиве ме нервираат па да си прашам пред три саата пиев магнезиум директ 375 мг ама не ме смири , одма сега да се напијам уште еден не ли е проблем ( не ми се врти кај докторкава ) ?
терај. Чим докторите велат дека е безбедно, плус и други бремени имале таков зафат, само смирено и реши си го проблемот. Пуштам среќа се' да биде во ред со операцијата, после да си ја истуркаш бременоста без други такви компликации и болки. @naturallmess, јас пиев две од 250. Кога ми се зголемија грчевите, гинеколог ми рече можам доза да зголемам до 600 (мада јас останав на тие 2 само).
http://www.biosave.mk/blog/vebinar-...ium=fbad&utm_campaign=webinar&utm_content=dsc На 6ти октомври идни мајки и тазе мешиња ќе има вебинар од страна на Јасна Апостолоски Николов //Дипломирана медицинска сестра, Меѓународен консултант за доење – IBCLC, Сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници и Драгана Емел – Маркоска // Специјалист – Педијатар; на тема припрема за пораѓај, што да се очекува во болница, техники на дишење и нега, суплементи, следење раст и развој кај новороденче. Да си ги поставиме прашањата и кај нив за мирна душа и добра припрема во мајчинството. Јас се пријавив, повелете и вие.
27 + 5 сум фала на одговорите , веројатно малку повеќе се движев денес , ќе лежам до утре не мрдам никаде
Јас почнав со 57кг завршив со 67кг.Кога се породив бев 59кг.Ама кога почнав да доам стигнав до 63кг.Се дебелеев од доењето имав многу апетит и секогаш јадев за да имам млеко .Ама откако престанав да доам стигнав до 58кг. Има многу што слабеат од доење ама јас имав апетит повеќе отколку кога бев бремена
Јас исто како тебе 10кг сум поправена, а сум 29+4, кичмава ме искина дека не сум научена на толку килажа. Да се надеваме дека до крај уште некое килце ситно ќе накачиме за да ни биде полесно движењето и се останато
Скрос те разбирам не се издржува болката башка не смееш ништо да јадиш а треба да се храни беба поубо срцка ќе се спасиш со среќа со лесно да поминиш па пиши како ќе поминиш
Слушајте ги и двете јас моето дете го носам на педијатар кај нив,здравје и другото ќе оди таму.Многу се добри,презадоволна сум од нив
Обавезно да ја слушате Јасна! Еден од многу ретките луѓе што знаат да говорат за доење. Многу ќе ви помогне.
Пошто ништо неможе да помине глатко изгледа истегнав жила на рака. Едвај го мрдам палецов од што боли и тоа баш на лева рака а левак сум... Да се породам да неможам дете да додржам Кажувајте некој совет да масирам или не? Или да ја стегнам со некој ластик ден два може ќе се смири??
@Tsukinory имаше ставено некој гел низ темава да пробаш со таков да се мачкаш може ќе ти помогне. Мислам дека со масажа има шанси да се намести