@ni.na Мислам за застапник ќе ме земат од фирмава трет пат им ја рекламирам ама стварно сум презадоволна. Ја користев и пред бременоста. Само не мачкај торзо и стомак. Раце, нозе, зглобови, плешки, грб. Само тенок слој немораш да масираш ќе упие и ќе те смири од внатре.
не си само ти и јас ја користам веќе 3 години интезнзивно , ќерка ми почна на тренинг и некоја жила преврте кај препон и неможеше да оди , мала 8 годинки мене паника и директно кај еден доктор и он рече ова е само чаре од тогаш дома интензивно сите ја користиме
Тоа мислам дека е индивидуално и во согласност со гинекологот, имаше една членка сега пред брзо мислам дека требаше да извади потврда од гинеколог и да ја прикаже на аеродром, колку што памтам што пишуваше.
На апликацијава што ја имам баш пишуваше дека може да се патува до 33-34 недела секако во договор со гинеколог. И ја сакам да идам на пат (со кола) ама се мислам.
Мене ептен на почетокот ме фати грло ми рекоа лижи било кои, не потенцираа немој стрепсилс. Јас по навика баш тие ги земав. Сеа за сеа се е ок, 13 недела па ќе видиме
Јас не би одела никаде искрено и за тоа прашувам имам легален престој тука до јануари а треба да се породам во април да видам дали мора да се враќам или сега со ситуацијава може некако да останам
Зависи со која компанија сакаш да леташ. Сите имаат свои правила. Пр. за Wizzair: Од безбедносни причини, бремените жени може да патуваат најмногу до 34. седмица од бременоста. Во случај на бременост со близнаци, временското ограничување е 32. седмица. Жените што ја поминале 28. седмица од бременоста треба да приложат медицинска потврда со која се потврдува дека се во состојба да патуваат со авион. Имајте предвид дека медицинската потврда мора да биде издадена во рок од 6 дена од датумот на летот.
Пример еве моментално не ми ја водат бременоста патолошка али сум со апчиња како за патолошка поради еден миссед. Е сега ако докторот се изјасни дека не се препорачува да патувам дали земјата ќе го почитува тоа или сепак мора да си одиш назад Македонија.... дали знаете каде можи да прашам можеби не е за во оваа тема ама незнам каде да пишам на друго место
Прочитав 22г.н. си. Не мисли сега за сега на постелката. Таа ќе се крева најдоцна до 28ма недела заедно со бебето како ќе расти. Во меѓувреме само не се преоптоварувај со физичка работа, не кревај, одмарај си почесто. Со редовна контрола ќе си следите со гинеколог како напредува ако не е задоволително темпото ќе ти препише терапија за помош. Според мене многу голема грешка што даваат толку рано дијагноза ниска постелка пред 25та недела. Ќе се изначитаме се и сешто на интернет и после триста компликации и психички и физички. Едно е да ти се кажи биди умерена друго е да те преплаши како готов запечатен чин. Женското тело е неверојатно во бременоста и брзо и ефикасно се адаптира за потребите на плодот. Ако нема претходна амнеза и индикации за сложена бременост тогаш е просто ко грав. Уживајте си и галете мешиња штедете нерви за она вистинското кога ќе бидете мајки.