Кај мене беше на преден до 26 недела, после тоа како што порасна матката се крена и сега е на фундус. Ништо страшно, ќе се крене и кај тебе.
Во првата бременост мачкав мислам уште од 8ми месец, откако се породив и бебе почна да цица, почнаа да распукуваат,да болат.. Џабе што мачкав. Сега гледам ми се ко испукани, како жолта коричка има во нив, мислиш неизбањата Да почнам да мачкам и јас?
Баш во доење групата прочитав дека е колострум тоа дека е нормално немало потреба за тоа ланолин. Ја мачкав на лева веќе и ги немам тие корички е сега дали од ланолинот или сами по себе се изгубиле не знам
Жено незнам што да правам,, правев уринокултура и излезе дека имам Streptococcus agalactiae gr B ми ги препиша еритромицин 250 мг розеви капсули.. пишува на упаство дека не е за бремени жени и доилки дека поминува преку плацента и во млекото.. јас сум пред пораѓај 38+6 незнам што да правам
И мене ко корички ми се направија цели ареоли и почнав кокосово масло сабајле/вечер и падна коричките се обнови цела кожа (мачкам 3ти ден) Само имам жолти корупки како тебе незнам дали и тие ќе се повлечат :/
Не правев ниту еден брис не ми земала незмам каква е оваа бактерија од што? и дали да ги земам капсулите
Doktorot sto ti gi prepisal sekako znae deka si trudna. Jas mislam deka na poveketo pisuva ne za trudnici
Не знам кај ќе пораѓаш ама бараат резултати од брисеви тие се за стрептокока гледам таа ти е најдена во урина. Ај нека каже некоја членка што има повеќе искуство со стрептококата. Ама без брисеви не знам како те пуштиле...
Честитки, нека е живо и здраво Да те прашам, јас сум 39та недела, со негативен ковид за во Ремедика, ќе ми правст ли друг тест преку крв на прием? Заборавив да го прашам докторот
Во чаир здравје.. матичната ниту еднаш не ми рече брисеви да правам..а овие аантибиотици ми рече 2×2 да ги пијам.. дали е тоа 2 пати наутро и 2 пати навечер.. многу ми е страв од капсули и лекови
Па не знам дали е колострум, јас цела бременост ги имам тие жолтеникави корички..А и пред бременост сум ги имала, па се надевам ќе си паднат сами со доење. @Krofna* од кокосово мене па ми се лупеше кожата на ареолите и брадавиците
Имаш ли доктор во чаир да се консултираш? Ај да не зборам на памет да не испадне те плашам ама пораѓаат ли природно со позитивни брисеви на стрептокока? Чим ти ги нашле во урина. Не знам зошто воопшто остана кај таа матична од толку лекари :/ Чим ти дала валда знае што давала иако по твоите пишуванки овде од старт многу грешки ти правеше како што те следев во кажувањето
Тек сум 6ти, ова го имам веќе 3 месеци.. Некако ко рано за колострум,не е? Башка што престанав да дојам пред 4 месеци после 2 години стаж Можда и тоа има врска..”истрошени”беа максимално
Како прво дете и немам некој искуства што треба, така и чекав на докторката таа што треба ќе знае да ми каже, катастрофа сум, пред пораѓај јас незнам дали ќе биде во ред или не со овие бактерии и антибиотици.. денрс на 3 цтг бев и со резултати од уринокултура испадна оваа бактерија, а на обична урина имав 2 +бактерии.. сега испив еден антибиотик и покасно ќе видам и со чај од брусница да пијам
Знам така е сите чекаме на докторите. Ај ќе пише некоја поискусна за стрептококата и брисевите како оди тоа со пораѓањето дали има врска. Бидејќи не знам дали доколку ја имаш на брис би можела да се пренесе на бебе- Ова е само мое мислење и претпоставка Па и мене ми падна чудно кај 12та ми се појави и ми испукаа нели тогаш највеќе растат...
И јас од 12 недела ги имам исто еве сега сум 6 месец и докторката ми рече дека е колострум дека кога ќе почнам да дојам ќе си падне @Milkiway ти како си уште нема ништо не и се искача на бебка убаво и е кај мама