Место тука, во Трето тромесечие го пуштив постот))) ептем ми се брза. Киселини, ко шо ми почнаа така си продолжија. Ден нема да сум раат. Сега ама се почести и потешки. Ваљда оти и стомакот веќе порасна и се', па од сон ме креваат, сосе повраќаница во грло и уста ме будат па, се гушкаме со шолјата навечер. Млеко најарно ми делува, али ова дур спијам..ново ми е. Стомакот го осеќам потежок на станување и вртење. Ко бебево да е пораснато одеднаш или шо и да е ми тежи повеќе последниве два-три дена (,24та ќе ја почнам,ејјј,). И мене вчера ме болеше срамна коска. Те ко на колци надената, те ко расчепена да сум долу се осеќав) ама и доста време на нозе почнав да минувам,да се движам.... Увово после речиси недела се нормализира. Бар и со него да не се замарам. И двајцата со душа веќе чекаме да мине времево и да се роди, да видиме што суратче ќе се испили од нас)
Работат, биди упорна. Можеби дека е викенд па потешко се добиваат. Јас во неделата ги добив за да прашам кој е дежурен.
Јаооо жени што ќе беше ова со мене денес. Глад ме утепа! Јадев три кришки леб со ајвар, цела кеса чипс и една крем бананка, абе раце ми се тресат уште и и седнав на милката Цела треперам, последниот пат кога мерев шеќер беше испод нормала, се мислам пак нешто такво се случува. Не е нормално ова
По ова што си пишала и малку си јадела. Нема хранливо во чипсот а додуша ни во лебот и ајварот. И јас така бев 6-7 месец се тресев и само благо ми се јадеше ако не доручкував убаво. Земи нешто што држи пр јајца, компир варен печен, ориз варен знам не е за доручек се ова ама ќе те држи.
Од брзање за на работа не јадев дома. На работа кога дојдов само чипс видов дека имам Си лапнав и ред чоколадо, џабе е не се осеќам убаво. А доручкував сабајле убаво, ама ете, промашен ден Обично немам вакви задоволства, јадам добро,без грицки благо и тесто, ама денес..
Ако де што можеш да се опуштиш понекогаш. Имав и ја периоди само чипс благо така денови кога баш глупости ми се јадеа
Со првото дете стрептокока уринарна при крај ми се појави. Не памтам кој антибиотик ми го препишаа ама си ја испив дозата и природно се породив иако контролна уринокултура немаше време да направам. Чај од брусница пиј си и општо течности повеќе и пробиотик. За дозирањето на антибиотикот, препрашај си доктор ако не ти е јасно, не оставај така
Значи мир да се немало докторката ми ја мери бебушка сите мерки се во ред но во стомачето за 10 денови помала.. протоци исто така во ред.. ми вика имаш неколку лакуни на постелката ќе правиме повторно д димери и хемостаза фобија имам од игли едвај се навикнав на еднаш месечните проверки на крв сега ако ми даде и клексани ќе свршам работа
За сите оние идни мамички кои мака мачат со киселини. Јас спасот го најдов во кисели зелени јаболка. Кога и да осетам дека ме дават киселини си грицкам јаболче и моментално ги снемува. Со првата бременост овој трик не го открив па со сода ги смирував киселините ама кратко трајно делуваше. Тогаш пробав и гастрогард ама ни тие ми немаа ефект некој значителен. Така да пробајте и вие може и кај вас јаболчето ќе делува, ем покус некое витсминче ќе внесете така. Инаку како што опишуваш @zhap4e од како влегов во 30 недела,од денес 32ра стомакот како да ми натешнува наеднаш, како да пораснало бебе преку ноќ. Некако и многу затегнато се осеќам. Внатре органите се потиснати, воздух неможам да земам. А и бебенцето мрда се поместува леле кој знае колку му е тесно. Веќе нема болни клоци и удари туку тегнење и поместување.
Не пијам пробиотик а може без него?.. вчера испив еден , од денес по 2 наутро 2 навечер, дали да рачунам од вчера дека ги почнав или од денес, докторот рече 5 дена, после да направам крвна слика и урина
Поради антибиотикот обавезно земај пробиотик. Ако се вкупно 4 апчиња дневно рачунај 20 и тоа ти се 5 дена, без разлика дали си почнала наутро или навечер.
Мене баба ми кога беше жива ми го кажа тој природен лек за киселини. Јас никогаш немам земено нит сода нит други лекови. Зелени јаболка и онака ми се омилени, ако е прејака киселината дури по две јадам. Исто така за киселини помага краставица
Прашањето е покомплексно. Зависи во која земја си. Ако ти истекува престојот, а ти сепак остануваш, мислам дека најважно ти е да си го регулираш здравственото осигурување, под претпоставка сегашното да ти трае до истекот на престојот. Нели можеш да ја продолжиш визата? Ако се работи за виза, прашај во службата која е надлежна за странци, ако не евентуално во полиција.