Парацетамол, ама секогаш за секој лек прашај си доктор или во аптека пред да го земаш, да ти потврдат дека може.
Ц витамин 1000мг, многу овошје и зеленчук, посебно лимон, цитрон, портокал јас си цедам секое сабајле сок од нив, чаеви, мед, супа со бибер ако те здоболува грлото и исто млеко со прегорен шеќер. Доколку имаш температура повисока може парацетамол ама пробај прво вака без. За неколку дена ако е настинка ќе те пушти и без парацетамол само со витамини и топли напитоци.
Девојки мене ме фаќа некоја депресија. Цел ден ми се плаче, ништо не ми се прави. Како наближува време за пораѓај ми е страв дека не сум спремна да ми се промени животот, а толку го сакав ова бебе и спремна се чувствував и се, и одеднаш ми доаѓаат обратни мисли. Дали ќе се снајдам, или ќе ме фаќаат паники, дали сум доволно информирана, дали ќе имам поддршка од мм, дали ќе имам притисоци од бабите...се на тоа мислам. Знам дека ми се полудени хормоните штом со чоколадо се смирувам ама страв ми е да не ме фати пост-породилна депресија, да нејќам да си го видам детето, скраја да е..Размислувам на нешта што сум ги одложувала, не сум ги направила до сега, па со дете дека ќе ми биде потешко да ги реализирам, па како нема да имам време за некои работи во слободно време што сум ги правела и кои ме исполнувале... Незнам зашто такви мисли ми идат И вас ли што сте при крај ви е вака? Треба ли помош да барам од стручно лице?
Ништо лошо нема во тоа да разговараш или со стручно лице или со пријателка, некој близок. За снаоѓање ќе се снајдеш. Нема шанси да не се снајдеш. Не се бебињата кршливи, посилни се од што ги мислиме. За тоа дали си доволно информирана, што е тоа за што мислиш дека не си информирана? Сигурна сум дека си информирана повеќе од што мислиш. За се што не ти е јасно, одма прашувај тука Од пост породилна депресија не плаши се уште не породена прво, не значи дека ќе ја имаш второ, се третира и не треба ич да се плашиш. За ненаправени работи, секогаш ќе има нешто, ама не значи дека не можеш да ги направиш со дете. Се што ќе посакаш, можеш.
На еден стајт прочитав, дека првиот знак дека ќе бидеш одличен родител е тоа што се секираш дали ќе бидеш добар родител дали ќе се снајдеш дали ќе знаеш како со бебето И мене ме оптоваруваат истите мисли но се трудам да мислам позитивно
Буквално истото го мислам и чувствувам секој ден, дека не сум спремна да си ја променам улогата во животот, како и дали ќе се снајдам, дека ќе ми се здосади животот од детето, дека нема да го сакам, и секакви други ненормални мисли. Ама мислам дека е нормално и дека тоа е само страв од непознато, и дека сме свесни колкава одговорност носи бебето.
Не сум трудна, ама имам 2 дечиња и кога јас, Миле Паника (овде лани важев за најиспаничена трудница), и со некои проблеми со бебето, се снајдов, мислам дека секој ќе успее да се снајде Сериозно, сметам дека се ова за што се плашиш е нормално,посебно кога е прво дете. Посебно па сега, во какво време живееме. Многу битно е да имаш поддршка и помош од мт. Од бабите, очекувај (кај повеќето е така де ) да имаш секојдневни совети како треба, ние младите сега ем се ни е на дофат, ем пак се жалиме, како они исчувале 2 деца без интернет На почеток да, ќе биде малку потешко, додека да си фати ред. Потоа доаѓа полесното, поубавото. Такви прашања како твоите, секоја (идна) мајка ги има. И не само сега, ќе ги имаш и понатакаАма се е тоа нормално. И да, ти пишаа да си разговараш со другарка. Ама и со тоа треба внимателноЈас имам другарка, со неа кога разговараш никогаш нема да останеш трудна ни да имаш дете Толку трагично (потрагично и од мене) ги прикажува работите, има да се преплашиш за цел живот. Секое дете е различно, секоја мајка е различна. Може јас од еден ручек се изморувам и правам драми, а ти ќе можеш и дете и ручек и домаќинство и шетање. Не помогнав многу, знам. Само ете од искуство сакав да ти пишам - сега уживај во бременоста. После како ќе доаѓаат ситуации така ќе бараш "решенија". Јас од тие стравови си го уништив убавиот период на бременост, па и сега со деца. И да, сигурна сум дека ќе се снајдеш и ќе знаеш се со тек на време и ќе бидеш најдобра мајка
Ќе го сакаш сигурно. Само исто така немојте да се чувствувате виновни ако излезете на фризер, на шетање, на маникир без бебето. Не дека ќе ти здосади живот со бебе. Ама нема зошто да се запоставуваш себе си и своите интереси. Среќна мама среќно бебе
Од денот кога ќе ги здогледате очињата кои ве греат-СЕ' ќе знаете-верувајте. Колку и да звучи клише-тоа не се објаснува, едноставно стравот реално и треба да постои, не би било нормално да не постои, но тие мали очиња ќе ви дадат сила за се, и ќе бидете добри родители
Кога те читам вака,посакувам да сум 9ти месец..за да можам поскоро да ги видам очињата,а јас 6ти сум...ама пола пат е поминат,здравје ќе се видиме во живо кога ќе дојде време.
Да не ве цититам и тагнувам една по една сите што пишавте за да не испуштам некој- ви благодарам на сите! Многу значи да имаш со некого да го споделиш тоа што го чувствуваш, а in real life, со сите што сум пробала да зборувам на темава дури и со сестра ми, имам впечаток дека за многу непотребни работи прават драми и само ќе ми упатат остар поглед и викаат- 'ќе станеш мајка ќе видиш'. Се некако како само негативните страни на мајчинството да ги слушам од жените околу мене, од морбидни породилни приказни, до како се чувствувале како зомби поради непреспиените ноќи... А баш пробав со сестра ми да зборам она ми се изнасмеа и ми вика- "Ај ма, хормоните те удриле во глава. Каква депресија, ќе немаш време да те фати депресија." Да, јасно ми е дека се хормоните ама ете, ама најмалку што ми треба во моментов е некој да ми се исмева затоа што вака се чувствувам. А некои други па, да можат ќе ти нацртаат колку нив се им било розово од кога се родило бебето. Дури да се запрашаш дали не е нешто со тебе во ред што се чувствуваш исплашено. И секако најлесно ми е тука да се 'испукам'. Драго ми е што сте искрени, вака барем не чувствувам грижа на совест што ете такви чувства и стравови ми надошле
Јас свесно не си ги признавам овие стравови. Ама потсвесно секоја ноќ сонувам или банање или пресоблекување или како со мм се караме ме напушта или свекор/свекрва ми се мешаат до степен на растурени брак/живот. Стравот си е вистински. Ама мислам дека тој и не спрема да влеземе во новата улога како родители. Дури и за оваа претпородилна депресија кажале дека е нормална. Се водиме под две многу силни емоции страв и љубов. И јас би додала инстинкт. Кога ќе дојде време верувај ќе знаеш како да изреагираш. Остај на моментот да те понесе. Мајчинството е река која не сопира некогаш мирна некогаш турбулентна ама никогаш пресушена.
Тоа што се плашите дали ќе бидете добри мајки е знак дека ќе бидете и СТЕ добри мајки, МАЈКИ СТЕ Ако не сте ги виделе очињата сеуште, бебето живее во вас, и веќе живеете за него. Стравови ќе имате цело време, до крајот на животот ќе се плашите за нив и дали сте и сте биле добра мајка. Некои од стравовите може и ќе се остварат ( дали ќе падне, дали ќе се меша свеки, дали ќе се праи сопруг на три ипол) Со тие стравови вие лавовски ќе се носите, ќе се борите. Ништо не е совршено, и понатаму ќе има проблеми, ама ќе имате многу посилна мотивација се да победите и да се надминете себеси
Ова како јас да сум го пишувала од збор до збор, плус навечер не можам да спијам бидејќи си замислувам глупави сценарија за тоа што и како би можело да се случи. И искрено сега ми олесни откако го прочитав твојот и сите други коментари.
Јас претходната ноќ не можев да спијам и со мозокот т.е мислите лутав насекаде во врска со бебче што треба да се роди,разно ,разни ситуации,па дури и до испраќање на училиште стигнав...