Ехее колку пати сум го испратила во школо, па дали ќе имам време да учам со него и слични мисли за коишто работи има уште 7 8 години дури се случат, ама ајде да си позамарам мозок уште од сега
Ехее колку пати сум замислувала како трга прваче, па како одам на родителски, јас сум по напредна со мислите и до женска да му најдам стасав...
Јас се прашувам и секој се прашува дали ќе знаеме со бебето дали ќе бидиме добри родители, ама искрено никогаш не сум се прашувала дали бебето во некој период ќе ми засмета, затоа што искрено мислам дека сега мојот живот е не комплетен иако имам слободно време и можам што сакам да правам. И не се плашам од нешто што сум молела и чекала со години.
А боли ли нешто повејќе од тоа да си го оставиш едното дете на 5 дена за да родиш второ? Чувство:како да си го изневерила постарото. Грижа на совест дали ке го сакам доволно второто. Хормони.
@Lovebug01 јас моментално се наоѓам во ситуација каде анксиозноста и паничните напади ми се на највисоко ниво, и многу ама многу ме нервира кога ќе ми речат "ајде бе, не измислувај, ништо не ти е". Така и со мајчинството, коментари од свекрва, мајка - "ние сме немале време за депресија, цело време сме биле работа-деца". "Вие денес се сте со телефони и само изнаоѓате симптоми и болести" Спреми се за такви "совети" И да, ти пишав, не да ве плашам. Ќе има моменти кога ќе бидеш многу уморна и ќе ти се спие и нетуширана и ќе ти фали друг муабет освен" зелена кака, бљуцнало, не спиело". Но, има баланс. Од друга страна ќе има моменти на многу гушкање, на мала насмевка, на гугање, на "мама" . И ќе има ролекостер од емоции - од плачење до многу смеење. И сето тоа вреди. Да засмета дете, нема. Ама ќе засмета што си намалил со грижа за себе, со социјален живот, со умор. И тоа ќе помине И не ни прашувајте за искуства, посебно за пораѓај. Мене другарка толку ме исплаши, јас кошмари сонував пред пораѓај, се тресев од страв. А она природно се породи, од прием до раѓање поминаа 6 часа. Ама и рана поминува и страв поминува.... И како што пиша Алишан, кога ќе го видите тоа мало слатко бебе, заборавате на се Е за тешкиот момент, оставање на првото дете додека сте во болница, тешко е многу. Седев со син ми 30 дена во болница, колку ме болеше срце за него, исто толку и за тоа што не ја видов ќерка ми . Ама помина се. Еве сега, да се живи и здрави се натпреваруваат кој погласно ќе викне Извинете што ви се умешав во муабетот неповикана, ама морав да си кажам И од срце ви посакувам да си имате лесен и брз пораѓај
Здраво и мене ми се допаѓаат многу бодињата и шпикозните, дали нарачавте? Цените дирекно на страната се скоро на половина од цените на фб што ги нудат на профил, но доставата колку чини и даи се царини дали знаете?
Исто вака и јас се чувствувам.. се разбудив во 5 наутро и само плачев на глас од некоја депресија и страв
И јас имам високи тромбоцити (и пред да бидам бремена) како поминавте на пораѓање, дали има некој дополнителен проблем, некои плус тестирања да се направат, дали влијаеа на бебето, имам многу прашања што ме загрижуваат во врска со високите тромбоцити и плодот и не можам да сум опуштена. Јас сум цело време со Аспирин 100мг и интерферон инекции. Дали по породувањето ви се намалија?
Женски ми излезе херпес на надусницата, земав спреј Проафтол, но во упатството пишува бремени жени да не го употребуваат. Дали може надворешно да го користам? Зошто сепак ова е повеќе наменето за афти а тие се појавуваат внатрешно, па може се мисли внатрешно да не се употребува при бременост
Незнам какви ми биле пред бременост , таа бременост ми беше со ин витро и близнаци,а претходнп имав мисед и причина беше хемостаза лоша и висои д димери.По пораѓај примав терапија уште 2 месеци.А сега со оваа бременост нормално останав бремена терапија само 2 месеци примав се беше ок,до пораѓај од 3 ден после пораѓај почнаа отоци и д димери многу високи и пак терапија 2 месеци и некако потешко овој пат.Јас задоволна бев првата бременост ми ја водеше др.Нинослав трансфузиолог во Систина,а втората бременост.Др.Јани во државна на трансфузиологија.
Dobiv rez od amnio I fala bogu dobiv dobri rez daj boze na site da se dobri ama tamu se sretnavme so edna poznanicka I ona dobi rez site dobri samo hromozonite 19 I 20 pokaceni po I kazea deka treba da I zemaat krv ama ona mnogu se plasii ne e clen na forumot pa I rekov aj ja ke se rasprasam dali nesto ne e vo red so bebeto ili ima nekoja anomalia ili nekoja da kaze da I prenesam
да цените се доста поефтини од тие што се нудат на фб НО кога ќе му ставиш достава и царини ќе те фати ѓаол и пол што се вика.. на Tiny Baby Shop имаат 7 бодиња со краток ракав за 1099 ден (157 ден парче) 5 пара шпикозни за 1449 ден (290 ден парче) а достава им се плаќа 120 денари или над 1500 доставата им е бесплатна.. искрено не се толку скапи затоа што имаат преубав материјал а што се вика во турските дуќанчиња им се поскапи работите а со мнооогу полош материјал..
@abc1234 Второ почнав да го осеќам околу 17 недела. Така благо мрдање како пеперутки . Сега веќе не запира Туку трудички мои, јас не можам да се најадам Пред саат ипол изедов цел хамбургер и 2 баклави, сега барам пак некакво слатко. Нешто со какао Кај мене секој втор ден маслинки и сирење се купува. Доручек и вечера ми е тоа. Не знам ни дали е океј толку маслинки да јадам
Мислам и претходните бремености ни беа во исто време Како дежа ву ми е кога ќе пишеш Инаку иако викаа дека нема шанси, со првата бременост почнав да чуствувам пеперутки уште во 15та недела. Сега со второво ќе видиме...
Јас од Предходната бременост се сеќавам само на периоди кога бебе урлаше в стомак, колена и раце вртеше, буквално ровареше. Сега уште од 12 недела чекам да почуствувам како мрдка бебе, а рано е знам, со бебе 1 дури во 17та недела осетив пеперутки. Нека минуваат побрзо неделиве аман, на почеток сум а читам трето тромесечие и породилни приказни Во петок конечно ќе го видам бебе, за бебе 1 ич не се тресев да дознаам пол, сега ми се чини сто месеци сум трудна а не сум купила ништо за бебето Се си викам ова ќе да е синко, а јас изнакупив се розево за бебе 1, па ќе треба колички, релаксатори и остало ново да земам.. Да напоменам 13та недела сум, од сега мозоков ми е попара
Јас за првото тактички купував,сиво,крем, тиркиз. Што и да е, нема ништо да купувам. Освен облека Мене се исто ми е што ќе биде, ма да отсекогаш сум се замислувала со две девојчиња.
Хихи колку убаво ❤, ти посакувам лесна бременост па пак да се дружиме и за трета среќа , до кај си сега која недела? Мене оваа од претходната бременост ми е целосно различна буквално во се, од симтоми,исхрана,расположение.
Јас сум 10 полни недели. Мене симптомите ми се скоро исти со првата бременост, со тоа што мислам повраќам за нијанса помалку. Со лесно и на тебе