Дали во бременоста може да се пие чај од коприва, за железото. Секако, за два три дена ќе го прашам и докторот, но доколку некоја знае со сигурност, и ако може, уште веднаш би си направила. Што вие јадете за железото? Во првата бременост имав направено мед и семе од коприва, но сега не можам да го смислам медот нешто. Но сепак, ако мора пак би направила.
Пиев калциум од 8ми почнаа забиве да ми се расипуваат така да земи си обавезно. Друго за имунитет би ти предложила само храна: цедени сокови, салати, свежо сезонско овошје. А можеш и аронија смрната по 5 6 зрна на ден во кам ја има. Сега другото ти зависи од крвна слика и доктор...
За калциум да се консултираш со гинекологот. Мене ми кажа никако калциум секој ден, може 2-3 пати неделно по 1 шумеча.. толку.. и тоа во 8ми или 9ти месец. Сепак се пренесува на бебето, а многу е важно неговите коски да се стврднуваат како што природно си оди, да не се буста организмот со дополнително калциум.
Ве читам со стравовите, и си викам каде да почнам и дали да почнам... Трето ми е, не би требало волку да сум паничар, посебно што сум баш кул обично. 17-та недела сум, триста дијагнози си измислив. Бебе не го осеќам убаво сеуште заради постелката на преден ѕид, и триста паники. Па како ќе ги оставам дома двајцава, ќере он-лајн школо синко не е веќе во градинка. Да не почнам за стравовите дека мене нешто ќе ми се случи и нема да ги видам како растат. Луѓе, воздух немам земено од страв! Мм ме гледа, се чуди, се труди максимално да ме опушти ама не. Јас сум 500% мрдната. Не се уклучувам тука редовно, од страв да не прочитам нешто што ќе ми биде тригер.
Хахаха сите сме исти со стравовите, зависи на која што ќе и се вметне во глава. Инаку и мене ми е постелка на преден ѕид и немам ниту една фотка од малиша и баш ми е криво, на секој преглед одам со возбуда и се надевам ќе се намести некако да го видам
Мислам последно платив 450, без аст/алт, холестерол и триглицериди дека тие не се битни. А Авицена во Тафталиџе работи само со упати, колку што знам, не одам до таму далеку ми е
Девојки премама пиете и по породување? При крај ми е да знам дали да зимам ново или да не фрлам пари џабе
работат со упати и имаат попуст за трудници кој следува од фзо само на упатот треба да има шифра за трудница
Ете не сум знаела...ама ако оди со упат преку фзо нели треба да е без пари? Ослободени се трудниците од плаќање... Јас цела бременост на клиника одам за крвни слики мислејќи дека не даваат со упат во Авицена.. Матичниот не ми се замара, кај што ќе побарам таму ме праќа, и јас се на клиника си одев само за скриен шеќер бев во Синлаб.
Иста сум јас со стравовите, со дијагнози замислени, пред секој преглед се тресам да не ми кажат нешто што сум прочитала, после од пораѓајот се плашам, па нешто мене да не ми се случи, секакви сценарија во глава. Уфф...ама ми олесна дека не сум единствена, веројатно нормални се мисливе и стравовите. Со лесно да поминеме сите
Уринокултура и некои прегледи не се покриени од ФЗО. Исто Авицена секој прв понеделник во месецот имаат бесплатен преглед за скриен шеќер. Мислам партиципација нешто ситно само се плаќа 100 или помалку денари