Пијам по две дози магнезиум 400 со б комплекс како и да е фалати ќе одмарам и лежам повеќе па ке видиме како ќе биде
Изгледа прашањето не ми е за овде ама муабети па може и за храна да збориме Пошто крвта ми беше некако слаба , решив да направам мед со семе од коприва за јачање на железо. Смешав семе со мед и сега не знам колку е дозата? Мислам да јадам два пати по едно мало лажиче.Да не е малку? Гледам дека семето го препорачуваат и во салати и јогурт па има ли некој искуство со друга намирница освен со јогурт и како го припремате?Уствари млеко и железо не оди заедно или сум грешка
Jac една голема лажица насабајле и една навечер од медот со семе,во текот на денот пијам и чаша со јогурт со една лажица семе внатре мала маличка.плус и чај од коприва и имаше ефект.
Над 2.5 треба да биде во тие недели. Мене ми беше 3 во 22 недела и од тогаш ставам утрогестан по едно навечер превентивно.
Во тие недели грлото треба да е од 4-3,5 цм меѓутоа се што е 3 или над 3 цм не го сметаат за опасно и нормално битно е грлото да е затворено. Имате табели на интернет во која недела колку треба да е. Кај секоја жена е различно нема строго одредено тоа што за некоја се 4 цм, за друга може да е 3,5 итн. Сепак доколку е под 3 во тие недели треба мирување, терапија во консултација со лекар и може да се зголеми грлото.
Пијав душо и млекце ладно и кисела вода и ништо почнав со рупурут и почна да ми делува фалааа поздравче..
Должина на цервикс би требало да е над 3 или над 3 и пол цм и цервикс затворен. Ако не, се зема терапија.
Некоја што се пораѓала со провокации? Какви и какво искуство имавте? Боли повеќе? @Ava.84 ти чинам беше... Еве низ што минам: 3 дена во болница, примав орално некаков хормон што го омекнува грлото на матката и те отвора. Добив контракции кои не се чести и се како менструални болки. Ненаспана и анксиозна. Проблем е што воопшто не бев отворена. Ноќеска пробаа да ме прегледаат со прсти, таа шиба навнатре и не може да дофати, јас колку и да се трудев да се опуштам, почнав да бегам од болка. Значи не успеа да ме провери. Сега сум на цтг, чекам лекар да одлучи и да почнеме(најверојатно) со други видови на провокации, а тие се балон кој ќе ствара како вакум, па ќе ми го пукнат водењакот и ако не добијам болки, инфузија за да ги добијам и дури после пораѓај. Ако ништо од ова не успее, дури тогаш царски. Се трудам да сум присебна. Се изначитав дека боли многу повеќе. Не знам веќе што со себе.
@PurpleMind офф меше те изнамачија тебе. Да те гушнам за подршка Не можам да замислам колку ти е прекипено се. Издржи уште малку мајка кога ќе снемаат веќе решенија а тоа ќе биде многу брзо ќе го извадат бебуш експресно и ќе ти завршат маките. Ајде како викаат многу било малку останало. Дури брига на весеље.
Неможам да ти споредам со нормален процес.Бев со провокација, ама имав среќа што добив болки после двете таблети.Ако не добиев ќе правеме пауза па другиот ден пак. Изгледа тоа што мене ми помогна за да добијам болки беше убавпто време и шетањето со мм.Откако ги добив болките беа како влечење како кога многу шеташ.Па прво не ни помислив дека се они туку дека од што шетам.Бевме тргнати до банкомат и носев само телефон со мене оти требаше да одиме на преглед за 30мин.Одиме и јас случано приметив дека ми поминува болката и пак ме фаќа ама многу брзу.Мерам беа на 1 и пол минута.Му кажав на мм дека изгледа се болки.А тој па немој сега тука да ми се породиш што ќе ти правам Болницата беше на 5 мин и отидовме во соба да се истуширам оти цел ден шетав.Нљ бришење видов крв и знљев тоа е тоа.Болките ми беа цело време на 1,5минута ама прво не силни и постепено се зголемуваа и траеа подолго. Искрено да не ме врзеа за цтг полесно ќе ми беше , мене од цтг и онака неугодно ми беше ,бебе цело се тртлеше и влечеше.Еднаш го откорнав и станав од столот.Ме вратија и реока морало да стои Дишев и се смеев и многу брзу завршив.Викнав епидурал на 5 прста додека дојде анестезиологот и плус бла бла јас се отворив 10 прста.Се издржува за тоа сме створени верувај Шетај и смеј се Се ќе биде во најдобар ред Досадна сум со приказната,а и не се сеќавам веќе дали болеше или не
@PurpleMind Јас се пораѓав со провокација. Исто не бев воопшто отворена, ми дадоа венска провокација во 6 наутро, во 10-11 веќе бев 6 прста отворена. Ми пукнаа водењак и во 15 часот се породив. Делумно, мене ми беше лесен пораѓајот, но за сега сакам да си чекам болки дома. Исто и мене ми викаа дека со провокација повеќе боли,но мојот случај беше доста надносено а баш големо бебе. Среќа успеа провокацијата, ако не ќе ме спремаа за царски истиот ден. Со лесно
Слично бев јас. 2 дена провокации секакви примив, исто не бев отворена. Повеќе траума имам од тоа брцање за проверка него од се друго. Јас немам со што да споредам зошто не сум се пораѓала без провокација, но до 4 прсти отвор немав никаква болка. Индивидуално е, не се плаши. Мисли позитивно. Колку и да боли поминува и се заборава
На моја пријателка , докторт и кажал да не користи семе од коприва и чаеви , бидејки копривата правела контракции на матка , и јас ја земав па ја прекинав
Мене па доктор специјалист ми кажа дека може и тоа и тоа.слободно,нема никаков провлем.Така да не знам што да кажам...
два пати со провокација , првиот беше пораѓај од 16 саати и три дена индукција интравенозно ( не сум примала орални терапии до сега ) болките се јаки ама се се трпи и се заборава , вториот пат поминав многу брзо за 3 саати исто со индукција интравенозно , после пукање на водењак болките се појаки ама немам пример за природно да споредам , разговарав со пријателка она сега пред две недели третото го роди , од три она еднаш е со провокација и два пати природно и ми кажа дека се ќе прави само индукции не дозволува да прима имало разлика голема .... да ви се пожалам јас се плашам од царски многу , како поминува времето не ме плашат ни болки ни ништо ама операција несакам и од тоа опоравување после интервенција леле леле , а бебче се сврте карлично и сега се молам да се сврти со главче надоле и така да си седи
Не се лигави на крајот. Стегни заби глава горе и верувај ми дека пораѓајот каков и да е е мачкина кашлица за девет месеци бременост. Тоа е само миг од неколку саати и завршува се. Самиот организам ќе ти овозможи лагодност во процесот. Нема жена што не се породила. Дури и најлигавите, а не пак ти жена лавица. Само опуштено како сакаат нека прават важно нека го извадат. Ич не навлегувај во дискусии боли ли така, онака. Фокусирај го мозокот: Сакам да си го видам синот веднаш! Чим јас не паднав во несвест со две венски провокации ти ќе се смееш. Бабицата ми велеше пред породување посакај да почнат силните контракции тое е само неколку минути до средбата. Колку и да се силни посилна е желбата да се роди. И не заборавај техники на дишење и соработувај со сестрата. Буткај буткај, диши диши, напни напни. Како ќе речат така. Они знаат ти не знаеш. Ти не прашуваш само слушаш. Се диши длабоко и се обидуваш да имаш ритмично дишење. На најјаките контракции само дишење спасува. Длабоко со уста испушташ најбавно што можеш. Не ху ху ху туку хуууууууу. Како состојба на медитација. Да не отворам насекаде да те барам тука ќе те следам. Еве Ава ќе ме тагне кога ќе заврши се @Ava.84 се држиш?