Фала ви многу! Ме смиривте ептен. Која разлика како Швеѓанки опишуваат пораѓај и вие, после они биле јаки викиншки жени, абе иди бегај...
Не ти кажувам како поминав со поголемото, само ќе кажам дека како и да те пораѓаат се надевам дека се ќе се одвива брзо и дека ќе ти се скратат маките конечно
Еве, да ве утешам јас. Првото го родив карлично, 6 саати бев со најјаките болки, мислев дека нема да издржам, ама издржав. Башка 300 провокации примив. Сега за второво сите ми викаат не биди луда, оди на царски, ама јас си го слушам докторот, тој е за спонтано, и пробувам да не мислам на тоа што ме чека, пошто и ова е карлично
Мене матичната ми рече дека смеам семе од коприви да земам. Кажи ми во каков сооднос ги мешаш медот со семето?
Бравоо за докторот, досега сите што ги знам со карлично свртено бебе уште во 36та недела им закажуваа царски за во 38-39.
Поради немање плодова вода 3 дена бев на провокации. На крај 3от ден кога едвај бев 3ипол цм отворена ми рече докторката да иде маж ми по вагиналетка - провокација и со неа успеав за неколку часа да се отворам. Прашај си за вагиналеткиве
Иако не е за мене јас толку си се изнаплакав на постов, а воедно и ме охрабри премногу, бидејќи цело време сум под стрес како ќе биде на пораѓај, дали можам да издржам и слично, ама сега од кога го прочитав воа толку сила добив што стварно не ме интересира како ќе биде. Фала ти премногу, треба повеќе вакви охрабрувачки и мотивирачки постови да има бидејќи сите што сме при крај сме исплашени од тоа што не чека.
Сакам да прашам кои се бројчињата за алишта за новороденчиња? Да знам што да спремам за болница ако треба.
Во која болница си и ако веќе не оди зашто не одма царски?Искрено ти си изморена за природен пораѓај.
Здраво мешиња, ке се дружам и јас со вас тука Јас сум на сам почеток, 4+0, само тест напрвив позитивен, на гинеколог ке одам за 2 недели, 2 бременост ми е, земав фолна киселина од алкалоид да пијам. Кои витамини се најдобри за прво тромесечие, не ми текнува со првото кои ги пиев, за после 12 недела знам дека земав премама дуо а за тие пред тоа никако да се сетам.Пијам мг+б6 од предходно и витамин д од 4000, а сега ми го зголемија на 10000 пред да знам дека сум бремена, па се мислам дали смеам да го пијам, иако генерално сите тврдат дека не е штетен туку напротив.
Во Шведска сум и тука форсираат за природен пораѓај. Царски само ако стварно нема друго решение, а предложив веќе еднаш. Во меѓувреме ме тераат да се релаксирам, да спијам, а ако не можам ми нудат и морфин за спиење, само да сум спремна за финалето. Синоќа ми наполнија када со топла вода за да се отворам и изрелаксирам. Can't complain.
Фемибион 1 за прво тромесече се ок, а подоцна можеш да преминеш на Фемибион 2. Јас пијам и метилирана фолна, наместо обична, меѓутоа за тоа најдобро е да се консултираш со гинекологот.