Вагинално да не го измерила цервиксот па е краток, ама требало точно да кажат. Утрогестан вагиналети во тој случај би требало и магнезиум ако веќе не примаш. Секако мирување се препорачува, само да ти дефинираат, дали само лежење, дали може и прошетка 20 минути и слично. Секако не кревај тешко, не се качувај по скали, не клечи.
Не се плаши и јас сум така со ниско носење на бебчето, со самото тоа што мирував многу во почеток се повлече без никаква терапија. Сега за две недели сум на контрола докторката ми рече ќе мери и цервикс. Одмарај дома, не кревај тешко, не се наведнувај многу и само позитивни мисли.
Девојки од кога се јавуваат лажни контракции? Јас сум 29 недела и овие дена бебе го чуствувам ниско и ме притиска на бешика дури и ме боли исто така и запек ми се јави јас сум човек што оди во вц најмалку 2 пати дневно сега едвај насабајле одам и тоа од како ке се напијам топла вода со мед Преку цел ден чуствувам напон потреба за во вц и не можам да одам и стомакот го чуствувам затегнат Ве молам за совет Можно е да се лажни контракции или само проблеми од запекот Па и денес бебе малку послабо го чуствувам и за тоа се мислам абе крајот не ми се наоѓа
Ако затегнатоста ја снемува кога ќе смениш положба или откако ќе се олесни во вц. Значи се лажни. Јас немам проблем со запек ама знае два пати на ден осетам затегнатост и како кожата да ми се влече на сите страни и тежина. Кога ќе седнам/станам или сменам положба или ако идам до вц убаво се смирува. Не кревам паника бидејќи до сега не ме држело долго и не болело само влечење си осеќам. Пијам б6 и ми се смирува. Магнезиум 3 пати на ден од марката Џејмисон ми ја одржава столицата. Можда не одам толку често поспор ми е дигестивниот систем ама секогаш е нормално без запек.
Не ја мислете дечки @PurpleMind се породи дојде на свет еден мал лепотан убав на мајка! Добри се што е најбитно. Се е океј. Следен кој е?
Е јас оваа недела го сменив магнезиумот досега земав на Натурал а сега земав Џејмисон па може и од тоа да ми реагира организамот(столицата) а за болката поминува кога ке сменам положба и кога ке се олеснам во вц Се надевам не е страшно
Со оглед на тоа дека за некој ден ќе влезам во 10-ти месец, би требало да сум следна Живо и здраво нека е @PurpleMind
@PurpleMind нека е жив и здрав лепотанот, голем да расте и да има среќно и весело детство. А, тебе ти посакувам побрзо опоравување, уживај во мајчинството.
Не звучат ко лажни. Ако боли на бешика звучи ко да е едноставно мускулна болка од што притиска бебето надолу. И лажните не создаваат чувство на напон. Лажните се стврднувања или мали болки кои се нерегуларни, нередовни и поминуваат со менување на позиција. А 29 недела е сосема нормално за лажки контракции, кај некои почнуваат и многу порано.
Мешиња осеќам на моменти како да ме притиска доле кај бешиката на моменти иначе сум 23 недела дали е нешто страшно? @PurpleMind честитки нека ти е жив и здрав синот
Уф жени ќе си пукнам од нервоза денес. Многу ми е тешко. Неможам да заспијам. Кажувајте чаре некоја нирвана да ми дојде да не се јадосувам. На толку пазење стресови цела бременост сега на крај кога треба се да е како подмачкано и смирено. Јас разбирам дека и покрај што кажавме со мм не славење и мекици. Неговите ќе примале гости. И нормално си очекуваат и кога ќе се вратам од болница да се тука за помош дека нели со рана ќе сум. А добро бе чему тогаш јас ко будала се пазев 9 месеци требаше да одам да прележам корона барем бебе во ќе стекнеше некој имунитет од мене за понатака. Вака значи....
[ Смири се и моите викаа ќе правеле мекици едно друго како иде термин а ситуацијава се полоша се откажаа од идејата... Плус ете забранија и гости по дома така да нема да имаат шанса да прават големи настани. Посекако ако се мешаат со многу луѓе можеш и да не ги примаш или да дојдат со маски на кратко сега мисли си на бременоста и бебето да е се добро, да си се породиш тогаш ќе мислиш што понатака