Не се нервирај пред време, нас додека ни дојде термин за раѓање ќе направат полициски после 22 часот и нема гости Јас со мм не можам да се разберам. Се пази со никого не се гледа на затворено, маска не вади од него, дури и параноичен е понекогаш, и ќе правел мекици и тоа дома кај нас денски ако требало ќе ги викал само другарите Не знам некогаш дали се заебава ама изглеа му е интересно да ме полудува и да му викам како дома ќе е се исчистено и спремно за бебе, дека не сакам никој да ми влегува. Дури и гарнитурата ќе викнам од хемиско да ни ја чистат. Ако ја направи таа глупост (а се надевам само се заебава) прво полиција ќе му викнам, а после ќе си го види детето кога ќе напраи 1 месец. Ќе го иселам кај мајка му Кај свекрвица незнам не сум зборела ама сигурно нема да примаат они никој, како им е страв, затворени си се дома 8 месеци од кога е коронава и со никој не се дружат Моите ќе раздаваат на блиски луѓе во пакетче мекици. Стварно се надевам дека нема некој да направи некаква глупост од блискиве, мислам 9 месеци се пазиме, ама во такви моменти ќе те понесе среќата, ќе се изгушкаш со минимум 20 луѓе што ќе честитаат и толку треба.
Е сега имам едно прашање (морав во одвоен пост за да прочитаат повеќето) 34 недела терам, бебе ми е некако многу високо поставено, барем јас така мислам пошо ме притиска на дијафрагма. Следнава недела сум на преглед и прво цтг па ќе видиме што ќе кажат. Ме интересира кога се спуштаат бебињата доле?
Вечерва се напив црвено вино, 1 ипол чаша, и сега имам грижа на совест, сте пиеле ли, дали може нешто негативно да се случи?
Тоа не би требало да го повториш до крај на бременост. Алкохол е најстрого забрането во бременост. Директно му влијаеш на нервниот развој на детето, свесно за жал.
А зошто толку рано на цтг? Јас сум 37+6 и сеуште не сум била, докторката ми закажа за во 38ма и ми рече ако до тогаш не се породиш ќе дојдеш на цтг, ако не прати ми слика. Бебето дури оваа недела се спушти подоле, иначе нозете во ребра и во желудник ми ги буташе, сега полесно се диши.
Жени завчера бев на цтг.. денес ми е терминот и имам пак преглед, па дали треба пак прво на цтг или не?
Чашка - чашка ипол не е страшно, си посакала - си се напила. Не си ја мачи душата и не си стварај стресови и онака бременоста ја водиме во тешки времиња. Да не бидам погрешно сфатена, алкохол не е препорачливо, ама ако два три пати во тек на цела бременост се напиеш по една чашка вино, не гледам дека е проблем. Уживај и не му ја мисли, полошо е да се обвинуваш. Среќна мајка-среќно бебе. Со лесно и со помалку нервози.
Ако пиеш секој ден, тогаш би можело нешто да се случи. Од една чаша, нема ништо да се случи, не се оптеретувај.
Од што може шеќерот во крвта да е многу низок, а претходно сум јадела благо? Се тресев синоќа целата, измерив шеќер беше 3.5 .. Во 10ч навечер, после изедено чоколадо,пиена сок, ручама,вечерана, се по ред
@PurpleMind да ти е жив и здрав синко, честитки Вчера бев на скрининг 1 кај матичен, супер е бебле Многу сакав да имам и ќерка и синче и желбата ќе ми се исполни Денот кога разбрав дека сум бремена малата повиваше едно кукле дома и викаше бато, бато инспирирана од бебе комшивче. Се радувам Во вторник одам на приска на гак, се надевам нема да е гужви.. Инаку се филмав дека ич не сум здебелена, викам топ сум, ќе терам со помала килажа оваа бременост..гледам во стари мислења во првата бременост 20та недела само 2кг плус, па се сетив дека после 7ми станав кит Мора да купам гардероба за на работа, мешо се познава.. Им кажавме дома за синко, се прерадуваа, не им се верува и нив пошо машко од моја страна во фамилија нема, а од кај мм па е обратно, кога се роди ќерка ми свекрвата плачеше од среќа, цел живот сакала девојче
Знам, се ми е јасно, прв пат сега сум се напила, веќе нема шанси, не знам зошто така ми дојде, го видов и ете бидна, се надевам не се случило нешто лошо.
Не си прави сега стрес повеќе , ништо нема да се случи не е опасно еднаш си се напила , да не е често само тогаш е пр , уживај и гали мешко
Ама баш ништо неможе да се случи. Првите 3 месеци несмее да се пие алкохол, секако понатаму чаша вино или чаша пиво е дозволено. Опушти се тоа не е количина која би му наштетила на бебето <3
Ова не е точно. Ве молам држете се до фактите сепак ова е најчитана тема и создавате заблуда со рекла казала муабети. Нема такво нешто као чашка вино или пиво е дозволено. Нула промили во бременост се дозволени. Родете, завршете со доење или како сакате и убијте се од пиење сами. Вака не, не смее ни чашка пиво ни вино. Нема медицина која дозволува чашка. Се случило и готово. Нема ништо да се случи од една чаша во цела бременост. Ау не Додека сум на темава да подосаѓам. Супер екипа сте моментално и ава и цицо за мерак тим имаш до крај
Нека чекаат бе речи им, ама после нема гледање бебе. Кај мене само мајка ми сега за сега го има видено бебето. Не мислам да се ставаме во ризик само да не се налути некој да им правам кејфови. Што, ти немаш блиски, маж ти нема блиски со кои сака да прослави? Сигурно не се радуваат повеќе од вас двајца, ама ете вие нема да си славите со вашето друштво.