Од 36та почнуваат во Ремедика со цтг, ама мене термин ми одговараше на 35+3 кога ќе сум, па тогаш ќе земаме и брисеви и ехо и цтг. После следно тек во 37ма ќе одам ако е се во ред. Инаку ноќеска дали сонував или не, не знам ама имав некоја слаба менструална болка доле- константна беше ама мноогу слаба... Си велам и да имало сигурно нормално е си се спрема телото... @Ognena* не се секирај нормално е.
Да, последните две вечери пијам по половина чаша црвено вино. Немам грижа на совест. Во првата бременост ја имав прашано докторката дали смеам, ми рече да. По пола чаша,не флаша.
Женички ми се јаде ананас, го јадев во прво тромесечје бајги ама кога овде прочитав дека правело некои контркации мислам ли беше некако намалив. Можда уште 2 пати каснав во второ тромсечје, и сега некако душава ми бара. Па бидејќи сум полна 33 недела дали смеам да каснам, по неколку парчиња еднаш во денот, не да претерувам, што мислите вие? Не сум стрвна, ама сакам секакво овошје да си каснам оваа бременост, Некако мн овошје телово ми бара.
Не знам што е смешно. За мене не е нормално да знаеш дека алкохол му штети на бебето а ти да пиеш. Не е воздух па да е можеш без него. Оставете тие муабети од бабите дека ако трудна жена е желна за нешто мора да го вкуси. Ај ако не и дрога да проба некоја затоа што си помислила каков е кокаинот. И додека се обидуваш да останеш бремена не смееш алкохол, а не пак кога носиш живот во себе. Страшно е какви работи пишувате.
Ко сумо борач сум во стапалата и нозете. Отечени ми се од вчера и така си останаа. Дланките, освен што ми трнеа, сега ко струја да ми минува низ нив ги осеќам. Правите ли нешто, пиете ли нешто за отоците. Има ли друг со проблем со дланките?
Женски тие бабински муабети дека може да се конзумира алкохол во минимални дози оставете ги. Научно е докажано дека се што внесува мајката во организмот директно преку плацентата оди во бебето и затоа посебно се предупредува на употреба на алкохол и никотин. Меѓутоа ако некој се напил чашка или две во цела бременост не е за осуда одма. На крај краева никој повеќе не се грижи и не го сака тоа бебе во мешето од таа што го носи. Секоја трудница прави најдобро што знае и умее нормално со исклучоци за кои не ни вреди да се разговара.
Притисок мериш ли? Намали сол на минимум, хидрирај се добро, најмалку 2 литри. Ставај ациди борици. Пешачи за да се размрдаш а потоа легни да одмараш. Нозете нагоре кревај ги. Магнезиум пиеш ли? Прашај за поголем доза. Која недела си?
Пијам магнезиум. Ќе видам за поголема доза. Притисокот е во ред. Солено али јадам...пробувам да пешачам секој ден. Тнх 25та за некој ден.
Денес ми е терминот.. 2 прсти отворена и скратен ми е цервиксот ми рече пак да дојдам на цтг бидејќи на првото имав 2 пати контракции..а јас ваму немам никакви болки.. само од вагиналното со прсти се стегнав и мускулите кај препоните ме болат.. што мислите ќе ме остават?
За една чаша вино толку ја оправате. Не, не е добро ни алкохол, ни цигари, ни дрога во бременост. Знаеме. Ама за една чаша толку драма. Па не кажа дека пие секој ден. А овошјето и зеленчукот што го јадеме секој ден знаете со што све е прскано? Со секакви канцерогени препарати, што се забранети во светот, а кај нас уште се користат. Воздухот што го дишиме секој ден е загаден. Опуштете се малку.
За отици покрај што ти наброја Мила, пробај со масажа на нозете од долу нагоре. Пробај да се тушираш со промена на водата топла ладна, со тоа ќе ја зголемиш циркулацијата. За трнењето на рацете треба да спиеш на лева страна со исправени раце,можеш во ладна вода да ги ставеш и да ги масираш во правец од дланката кон лактото.Да крушрш со рацете и да ги тресеш како кога ти се мокри.Чај од камилица помага.Рацете нагоре да ги креваш за водата да им спадне,можеш и да ги бандажираш-стегнеш со некој појас.Гугл вели дека максимум 2 недели по пораѓајот ќе ти минат и го имат 35% од трудните Помалку протеини повеќе овошје 5 пати на ден, ама ова е контра шеќерот Прашај си сепак доктор и за двата проблеми
Фала ти, Ава. Ќе зборувам со матичната на следна контрола. Ќе пробам сега сето ова. И исхрана ќе пробам да сменам колку можам.
Леле женска, не сакам да те осудувам, ама читај на гугл што се може да му бидне на бебето ако продолжиш да пиеш алкохол. Ај еднаш грешка си направила, ама за доброто на бебето немој да ја повторуваш. Јас се убив цела бременост од пазење што јадам, туна не сум јадела одамна, а уживав во пица со туна, алкохол да пијам не доаѓа во предвид. Е сега од еднаш можеби ништо нема да му биде, ама една и пол чаша не е сепак малку.
На здравје нека ти е. Ништо нема да се случи од чашка алкохол. Да не биди претерано или пречесто. Не си ставај тежина на душата и стресови за џабе.
аа готово грев најголем чаша ипол , чекајте да ве прочистам Не а драјматизирајте , драми еден куп , поеќе стрес и направите со ставање грижа на совест , мислиш се долевала секоа вечер 9м , па не мисле на бебето . Ти @Chanell* трај , грешнице една Јас оваа бременост немам ништо пиено , од др причини шо повраќам гадно ми е се можно и храна и течности овие скоро 7м.. Во првата бременост бев голем грешник , признајем имав пиено пиво неколку пати у голема количина - по една чашамож и вино бело малку од мж голтка две на моменти на пригоди некои Баталите оваа непотребна дискусија , најважно е да не се претерува секојдневно , a од чаша две па и три цела бременост ништо не е ( бар еве моево не е шашаво дете дома )права здрава е со умот , е добро малку не ме слуша , ама не е од тоа нели Галите мешковци и уживајте , загадениот воздух што ни следува и храната што а иаме се далеку понебезбедни ..
Јас во принцип не ни пијам алкохол, ама вчера го видов виното и ептен ми падна во очи, прв пат сега пијам откако сум бремена, пазам на се живо со храна, конзервирано не јадам, цигари немам помирисано, апче никакво се немам напиено, ради ова вирусов нон стоп сум со маска, од се живо се пазам. Против сум секако, и општо за цигари и алкохол, ама ете вчера така излезе, можеби сум грешка, ама после ова мислам дека веќе нема да се напијам воопшто.
Ич да не се замараш, си испила чаша вино, не буре. Во Англија докторите препорачуваат да се пие пиво Гинис во бременост. Не си ја оптоварувај душичката. Уживај
жабо утре да изпиташ протеини во урина висок притисок мислам имаш у комбинација со отоци е озбилна работа
И мене денес ми е, ама 1 прст сум била ссмо отворена а контракции не ми ни мерат дека немам болки за оставање ми рекоа до кај вторник ако не биде ќе ме задржеле мислам ако е се ок со бебето не би те задржале ама пиши што си направила