И јас да се согласам со фри, ова што го кажуваш не е воопшто точно. Не смее да се пие алкохол, не знам како тоа е дозволено.
Некогаш летате до невидена крајност. Едната крајност е оние мајки што се прават НАЈмајки за глупости, другите сте вие. Не мора да сте толку хиперсензитивни, сепак возрасни жени сме и нема потреба од толкава нежност за се и сешто. Прашањето е поставено во темава од самата трудница, не дека некој ја виде дека пиела алкохол па сега и се дава совет без да побара. Алкохол во бременост не смее да се пие воопшто, а не пак 5 чаши. Тоа е факт, а ти ако сакаш пиј си и по 2 литри секој ден. Ако тоа ти е смешно, земи читај студии, истражувања и повели стави ми овде линк од релевантна студија која вика дека 5 чаши алкохол е супер, јас прва ќе ти се извинам. Или па нека се отвори една тема кај што може да си пишеш што си направила и темата да биде поддршка, не совети. На пример викаш дека си се напила 5 чаши и другите аплауз да ти дадат. Ете посебна тема за тоа отвори си. Не смее човек совет да даде, нежни, нежни.
Зависи колкава била чашата и не е една чаша туку чаша и пол. Значи ни капка алкохол не смее, подобро да напишеме неколку пати отколку трудница да прочита дека смее и да се напие. Значи не смее ич. Биднало веќе ама да не се повтори.
@thelittle17 каква грижа на совест, не се потресувај воопшто. Едноставно не пиј понатаму и тоа е тоа. Не ќе мислиш сега постојано на таа чаша, не е крај на свет. Само да знаеш дека не треба. А не е поентата сега да имаш грижа на совест или да се осеќаш ко лоша мајка, воопшто не е тоа поентата. Уживај ајде
Колку мг пиете, јас пијам мг+б6 на др. Витон, има 250мг ама имам многу грчеви, не се трпат. И денес почмжнав прегнавитал и тамо има плус 150 мг ама пак имам грчеви и мн ме боли. Посебно во спиење.
Загрчеви земи си кесички, магнезиум директ. Има магнезиум од 400 со б комплекс, јас ги пијам, добри се. Магнетранс е 375 мг. Последен месец, две недели пиев магнезиум директ два пати дневно, тоа се 600 мг.
Бев на дежурно.. направив цтг а пред тоа имав исцедок кафеав со розево е, можеби е чепот или од вагиналниот преглед.. ми рече исто до вторник ако нешто во меѓувреме не биде..
Еве сега бев во вц и имав така подоста како бело прање со розево накај слабо црвено.. дали има паника да одам или не, а од кога ми правеше вагинално приметив тоа.. а пред немав
Идни мамички, како што знаете се породив. Многу ќе ми недостасува темата, се навикнав тука да дремам. После 10тина години повторно се активирав на форумов и не знам како сум функционирала до сега Ви благодарам на сите за советите и муабетите, навистина беше тежок период на изолација и исчекување кој тука си го поминав полесно. Се читкаме во други теми, ама сигурно ќе улетувам и тука чат-пат
Да сте живи и здрави, ти го прочитав постот во породилни. Природно ли се породи без епидурал? Колку кг се роди ќерката?
Да улетуваш слободно Веќе ми фалат тука @Izzy_0504 @Milkiway @Alishan30 и некои други Еве ве канам на по едно кафе со кроасанче тука сабајлечки
фала за поканата , еве облакам патики и доаѓам со брзина на светлината полека полека се чисти темава и мене ми фалат многу членки ама полека полека се полни со нови трудни мешиња , а ние со поголем стаж ќе ги пречекаме за да споделиме искуства уште некој месец
Уште си ги читам сите теми овде и ве следам сите.. сеуште ми иде прво Бременост да отворам, па Бебе Во двете теми сум си вклучена, да не кажам на две столчиња седам Супер ти е погодено кафето, па и убаво сончево време.. нека ни е на здравје
Фала ти Јас нонстоп ве читам и ве следам и овде, уште скроз не сум отишла во мајчинските теми Со душа ве чекам и вие да се олесните. Со лесно до крај, после ова се слатки маки, наспијте се до пораѓај, ве мооолам
Јас ви праќам поздрав од тераса. Го гледам Скопје и јадам први мандарини годинава. Има и грозје ама маж ми го собрал од некоја нива на работа па ми е шубе да не ме фати оно со белезите на бебе ако јадам украдено Ја полнам 35та станувам нестрплива сакам да се видам со беблето и сите ме караат рано е рано.