Девојки какви ви се искуствата со пораѓај со провокација(индукција незнам кое е правилно и дали е исто) поради надминат термин? Ми рекоа вторник ќе ме задржат ако не ме фатат болки до утре дека ќе сум 40+2...
Само што се породив петок вечер.. кај мене заврши поинаку. Провокацијата беше неопходна заради намалена плодова вода. Почнавме провокација една во 8 часот сабајле (вагиналета нешто како гел) и ништо не се случи иако докторот рече дека после 3 саата имало мали контракции. Втора ми ставија(исто како гел вагиналета)во 1:30 пладне и тука веќе бев 2-3 прста отворена. 3:30 почнав да осеќам болки. 4:30 болките беа скоро неподносливи. Издржав до 6:30 па им кажав за епидурал Тука веќе бев 7-8цм отворена, но со секоја контракција на бебето му паѓаше ритамот на срцето, а главичката сеуште и беше погоре. Почекавме малку, но не се симна. Испадна дека папокот и беше кај вратот и тоа ја спречувало да оди надолу... и право на итен царски. Докторот рече да не беше папочната ќе сум била 10цм скоро и секако таа вечер ќе бев породена природно. за мене беше многу голема тортура заради царскиот на крај, не сакав да заврши вака, но здравјето на моето бебе е најважно, се разбира. Еве оправајќи се сега во болница, си мислам како ми се заборавени болките од контракциите, но овие болки после операција... според мене се многу потешки и секако ќе потраат. Со лесно на тебе, ништо страшно не е провокацијата. Ми спомнаа дека доколку не фати и од втора, ќе стават провокација- инфузија, но кај мене не дојде до тоа. Поздрав
Денес влегов во 37-ма недела. Пред неколку дена почнав во Чаир да одам на цтг и прегледи и плус 14 комада Клексан ми дадоа заради димери 3770... Следна контрола во Чаир ми е дури за една недела. Инаку, кај д-р Скепаровска одам... Е сега прееска ми протече малку кафеаво на гаќите и кога бев во тоалет во шолјата падна мало парченце како кафеаво-сиво и лигаво.... Дали е ова предзнак дека ќе се пораѓам за брзо? Или настинка е пошто деновиве сум премрзната веќе и одам боса по дома...? Исплашена сум и возбудена, плус многу работи не ми се спремни, не земав ни торбица, а за малиот алиштата не ми се перени откако ги купувме... Ве молам за совет.
Јас понеделник бев, ми беше со неа закажано во амбуланта... Ако одиш, тоа нека биде пред 10 најубаво бидејќи после може да отиде на пауза или да ја викнат горе и да не дојде више во амбуланта
Fala na odgovor,da ovaa nedela moram da odam da zakazam carski,a nemam vrski I dogovoren doktor,neznam Kako ke bide
Јас најдов канал до докторката ама не ми е блиска воопшто...Единствено што ме прими без упат и малку повеќе ми обрна внимание на прегледот... Не знам ни јас сега како да постапам...Ако ме фатат болки и да одам таму, а таа не е таму на смена- ќе и се јавам да ја известам и ќе понудиме да платиме за таа екстра услуга ако доаѓа специјално за мене... Или во најмала рака барем тие што ќе ме примат лекари да знаат дека сум нејзина пациентка...Ризик ми е да одам на слепо без никаква препорака...
девојки 29 +1 сум , бебе си мртка , удира , два дена беше по мирно ,ама едно прашање имам и претходно неколку пати се случи , но вчера и денес почесто ми вибрира на моменти бебче , дури цел стомак само на неколку секунди , како да се тресе и престанува , има кај некоја вакво искуство , знаете од што е? да алармирам по докторкиве или нормално е ?
и мене така ми вибрира јас сум 31ва недела значи тука негде сме и ќе почнеш за кратко време да го осеќаш насекаде особено над колковите мене ми е ептен чудно дури и језиво пошо неможам на страна да легнам, а сега и овие недели најмногу расте бебето. Нема потреба за грижа еве и друга феминка нека пише дека тоа е нормално, ич не му ја мисли
Скрос е ова нормално. Ќе видиш допрва какви движења ќе прави, цел стомак ќе ти се искривува, ќе те удира во ребрата и бешиката па и во карличната коска. Мене ноќеска цел желудник мислам ми беше изместен и ме болеше многу и тешко дишев... Така да ич не се секирај, све е тоа нормално...
поминав две бремености мислев се сум поминала не се сеќавам на вакво чуство претходно и ме испаничи малку зашто зачести овие два дена , инаку цела бременост така ми вибрира стомакот во месецот два три пати ама не толку интензивно , фала на одговорот невидена паничарка сум
Охоо машала браво за трета среќичка сигурно поупатена од мене си секако прашај си и гинеколог дека и јас истото го минувам баш ми вибрира стомакот пресмешно ми е, си викам што прави ова будалле
Мене ми вибриба има два месеци па се мислам тогаш да не мрдаат и со нозе и со раце Се е нормално уживај, сега мене стомакот ми го изобличува, не знам дал е главата или газето ама како круг ми се прави на десна или лева страна и кога ќе фатам како јако е местото.
Вчера на лев колк ме бодеше ме бодеше. Се наместив некако и напипав раче ли ноџе ли незнам што беше. Му го буцнав нежно си го прибра. епа доста беше ја малтретира мајка му. Малку таткото па сега и баткото.
Абер немам Во вторник сум следно па ми рекоа дека може да ме задржат за со провокации, кај тебе има нешто?
И кај мене вибрира некогаш. Би требало да е нормално Кај мене 2 дена ќе лумпува, 2 дена е многу мирно еве веќе цела бременост, а 34 сум. Дури и кога лумпува нежна е, не ме здоболува. Одвај чекам преглед следнава недела зошто некогаш ептен се грижам...