така бев вчера , реков со движењата и удари нема да се замарам ама пуста психа , бевме по креветче попладнето во движење дека не ја осеќав многу и се испаничив, дојдовме дома па како мрдната пола саат лежев и броев удари бебе е добро ја не сум арна
Јас таман ќе се пожалам тука и ете ја се јавува. Ќе ми даде по некоја клоцка, па ќе ме гали, ќе се тегне. Некогаш како за јајници да ме штипе осеќам Дијафрагмата ме боли многу кога седам, мислам целата напикана во ребра ми е. Ај веќе нека се спушти...Ко стара баба само офкам не можам да се наведнам или да сакам да станам од кревет, се тркалам. А удари осеќам најчесто под десно ребро изглеа таму и се нозете. Ми е страв ако остане вака високо дека ќе ме тераат царски да раѓам.
Ремедика планирам јас. Среда почнувам со цтг. Малку рано ама тогаш ми одговараше терминот. 35+3 ќе сум тогаш. Ти за каде се одлучи?
Уште не одлучив. Да го видам во среда колкаво е и дали му се чека. Ако биде на термин во чаир. Ако тргне порано со постелката комплет сепак најбезбедно ми е државна.
Женски, имам некои краткотрајни пецкања во јајници, те во едниот, те во другиот, и како препонот лев да ме стегна и позади кај кичмата, како некоја жила или нерв појма немам како да објаснам, тоа помина, траеше 5 мин. легнав се испружив.. ама јајнициве ме неевираат зошто така ме пецкаат, страв почнува да ме фаќа, дали дека цел ден се немам убаво испружено и легнато, туку како стуткана некако, во седечка положба а стуткана, некако беврска, и ме нервира ова пецкањево, се напив магнезиум и Б6 сега, ама не ми поминува сеуште, дали на некоја и било така? Страв ми е веќе.
Да и мене ми се случува некој денови ама со магнезиум и одмор поминува нормално е се шири матката и притиска на нервите
Здраво мамички! По последна менструација сум 4та недела. Утре ќе и се јавам на докторката за да закажам преглед и да ми каже што да пијам од витамини. Ме интересира дали има некоја од вас тука што има проблем со алергија? Алергична сум на прашина и полен и до сега сум цело време со апчиња Аериус, буквално скоро зависна сум од нив. Ако не се они имам доста изразени симптоми. Кивам, ме чеша цело лице и имам алергиски ринитис. Ептен ми е тешко, особено навечер ми се влошува. Од кога дознав дека сум бремена одма ги прекинав пошто не се дозволени. Имате ли некоја сугестија или искуство што да правам додека да се слушнам со докторката?
Ти спомнаа ли можност за епидруал? Знам дека во Чаир скоро и да не ставаат но докторов ми рече имено можело ако не се погоди пораѓајот во дежурство
мене ми ги прекинаа исто апчињата и само по потреба ми рече дека ќе ги пијам, немав посебна мака само два пати пиев , ама матичната спомна со пренаталните витамини ќе мис е зголеми имунитетот и дека можно е алергиите да се намалат , верувала или не претходно од сите таблети се исфрлав единствено од антибиотик не , и прашини и овошја и зелена трева , и дермографија имам ама од бременоста навака се исчезна , ќе се врати кога ќе се породам ама сега за сега вака се држиме , алерголог да исконсултираш барем еднаш најубаво ќе ти каже....
Јас пред некое време почнав да пијам Алое Вера гел, наводно помагал за алергии и апчињата ги пиев по потреба, ама не беше баш ретко пошто имам баш јака алергија која среќа до сега не се симнала на плуча ако не друго. Е сега го прекинав и гелот, пошто не сум сигурна дека е дозволен во бременост. Какви апчиња пиеше ти инаку? Се надевам дека и мене ќе ми се намали сега со суплементите, пошто ако е вака тешко ќе ми биде доста. Утре ќе видам што ќе ми каже гинеколог, а секако ќе се консултирам и со алерголог. Фала ти.
Баш ми е мило од се срце што конечно слушам убави вести од тебе . Консултирај се со гинекологот види што ќе ти каже
Дали некоја од вас имала појава на црвени точки во бременост!?? Ми се појавија пред неколку недели на образите мислев алергија, но не исчезнуваат еве и денес сабајле мм ме примети на левата страна од деколтето исто.. изгледаат под лупа како ситни капилари, се плашам дали ќе останат или се повлекуваат!?? И ако некоја знае да ми каже што да мачкам, многу се нервирам кога се гледам
јас пиев авил , сабајле и навечер како редовна терапија со сезонски вакцини , 2 пролет и 3 есен ама сега направив пауза од се тоа , само пак морам на алерго тест за медикаментиве и анестетици зашто пред интервенција бараат не постар од 6 месеци алерго тест....
Девојчиња многу имам мака со чевиот колк,ме боли до солзи,мислам ќе ми се откачи кај и да е, такво чувство. И порано знаел да ми се укочи и така да ме здоболи ама еднаш, два пати годишно,сега ептен,нон стоп,да не можам да згазнам. Не знам што да правам.
Мене ми помага перница кога ставам меѓу нозе, некогаш и две. Така спијам и немам проблем со колковите.
Доколку сте во можност купете си перница за трудници, јас ја имам од Сомниа Шоп 1190 ден ја зедов во првата бременост, а и сега е таа цена и презадоволна сум. Од 16та недела ми почнаа такви болки во меѓуножје и колкови, со перницата се спасив. Во поодмината бременост од сите страни се потпирав со неа, еден дел оди зад грб, друг под меше, трет под глава. Одлична се покажа.