Многу се радувам за тебе Бела, знам колку време се изнамачи Нека ти е со лесно Имај убава и лесна бременост како по книга и гљли меше Ако многу боли можеш парацетамол да се напиеш Јас таков совет добив во првата бременост од гиникологот
Прекрасна вест, премноогу се радувам за тебе Добредојде во најубавата тема на форумов ти посакувам лесна бременост, гали меше и уживај во најубавиот период
Иии пак ќе се дружиме овде по 17 месеци (толку има малата). Како гром од ведро небо ми дојде ова, неплански скроз. Само што направив тест по 5 дена каснење и жар црвена линија. А знаев оти никогаш не ми каснело толку. Незаштитен однос имавме на седмиот ден од циклус и сама сум си крива пошто му реков на мм дека нема страшно, рано е за плодни денови, ама не било така. А претходниот месец прекинав да дојам и ваљда се поместил циклусот. Сега секакви мисли ми се вртат низ глава, како ќе се снајдеме, како ќе го прифати малата бебето, како ќе се пораѓам пак. Си се изнаплакав, дека нели хормони!!!Ајде барам позитивни мисли од некој што има деца со мала разлика. 2 години и 1 месец ќе бидат разлика. @Happyinlove те повикувам за морална подршка. Како се привикнува малиот батко на бебето?
Со среќа. Тие мисли и дилеми се скроз нормални. Кај мене ќе бидат разлика скоро 4 год, па истите прашања ме мачат. Имам блиски и со помала разлика меѓу децата од 2 год, си бара посветеност и организација,но сепак со љубов се се постигнува. Само храбро и со позитивна мисла.
Моите ќе бидат 2,5 години разлика. Ич не му ја мислам, така сакав Можеби ќе има денови кога ќе си викам што ми требаше ова, ама ќе помине
Опушти се, јас планирам моите да се 2 години разлика, па по 5 години трето да родам. Наеднаш ќе ги порастеш, ќе обрнуваш внимание на двете и тоа е. Подобро ќе е за тебе.
Леле ова со изобличувањево, исто! Ќе се испакне на една страна и си стои неколку минутки дури и језиво ми е Мислам дека со газето или со грбот така се испакнува според местоположбата, пошо главата му е долу.
Во која смисла вистински? Вистински кога ке почнат нема да утнеш. Се јавуваат на редовни интервали и се интезивираат. А лажни или Бракстон се јаки ама издржливо јаки и не се редовни. Јас имав лажни три дена ама со магнезиум поминуваа, и болката траеше по 10 15 секунди. Контракции за раѓање се подолги. А на цтг Бракстон се како 'рид', до кај 50 60 оди ама не е остра линијата на врвот. Вистинските се како планина.
Феминки, вчера најверојатно еден дел од чепот ми падна (ви пишував...) Ноќеска и денес цел ден имам како менструални болки и како нагон за голема нужда ама сето тоа е издржливо. Белиот секрет што до сега го имав - сега е смеѓ... Знам дека сум блиску до пораѓај, денес и торбицата почнав да си ја спремам... Сакам да ве прашам - дали да одам во Чаир утре или да чекам јаки болки да ме фатат па после да одам? Кај д-р Скепаровска имам закажано дури во понеделник сабајле и којзнае дали ќе издржам до тогаш?
Мама баш ми е мило. Имај лесна бременост. Драго ми е што стара екипа тука се враќа. Моето искуство е дека во втора бременост немаш време за ништо. Дури и никој не те разгалува се шалам само се да биде во најдобар ред. А за малата почни уште сега да ја спремаш. Пишав и во 12-24. Не ја правете мојата грешка. Се разбираат малите ѕверки. Припрема за нов член од самиот старт ви препорачувам Јас ќутев и сега плачам