Пијам 2×250 мг . По потреба може и 3, ако имаш некакви грчеви, болки. Или можеш од тие прашоците што се 400мг по едно прашоче на ден. За повеќе од тоа консултирај се со гинекологот.
Јас земам 400мг, кога имав бодежи долу два пати на ден земав по 400мг, три дена и ми се смирија. Иначе нормално 400мг еднаш на ден.
Зависи дали на правилни интервали ти се болките и колку време траат, барем од што сум разбрала досега од тука. Нема врска дали се издржливи или не, важно на колку време се јавуваат. Тоа секретот најверојатно е чепот се дочистува, ама после чепот може повеќе денови да поминат до пораѓај. Баш @Milkiway имаше такво искуство со болки 2-3 недели и паднат чеп. Јас би одела само ако се зголеми и зачестува болката. Со лесно!
Уште одма и кажав и викам во мешето на мама има бебе. И ме гледа зачудено и ми вика НЕМА. А за разгалување мм ќе ме разгалува знам, таков си е он, уште одма ме праша сабајле што да ми купи за јадење и ми буташе грозје да јадам здраво било. Ама ќе ми требаат неколку дена сигурно да го сварам фактов дека пак ме чека истото, таман ми пркна малава, си преспива цела ноќ, збори - кажува и реченици веќе, ги извади повеќето заби сега пак истото од почеток. А мачна бременост имав, многу отекував и киселини имав последните месеци. Се надевам оваа полесна ќе биде.
Мене докторката ми даде 2 таблети на ден 2 пати и мислев да не е премногу затоа прашав ама овие си се сите 4 во денот заедно 300 мг. Одпосле видов дека такви биле таблетите. Фала ви
Таман ММ да не допира до мене, тешко него. Туку јас и друго да си прашам, ТОРЧ тест дали имате правено, во која недела се прави, и дали е задолжителен? Мене уште не ми спомнала др. ништо, ама јас да си прашам.
Пишував и во друга тема, демек ако немало индикации, не ти ни давале да го правиш, како би знаеле за индикации кога повеќето од тие бактерии се нели, без симптоми? Не разбирам воопшто.
@lady.N Добредојде, и со лесно до крај Веројатно сите ги исплакавме штотуку зачнатите бебиња во стомак, што од среќа што од “жал” за поголемите, така да мислам најнормално е. Таман ја одбив од доење,почна да спие по 10часа навечер, да си праиме муабет ко двајца возрасни, башка да имаме повеќе време со мм за нас оп бебе бр.2 на пат. Таман уште 18месеци ќе поминат, и ќе одмараме на раат отпосле Ќе спијат и овие бебуши што се на пат, ќе пркнат за час па ќе плачеме што пораснале толку скоро. Таман време за трето ќе дојде Моите ќе бидат точно 2.5 год разлика, башка две моми.. абе,абе Нека биде тешко колку сака, не можам да дочекам да се роди
Девојки Многу се мислам што да правам, дали да одам на депилација кога ќе влезам сега во 9ти или не. Не сум отидена од кога останав трудна, па фати коронава, па доле се средувам со брич кај ќе стигнам, бар површински. Не сум нешто многу влакнеста и се гледав на огледало, не изгледа страшно. Мене ми е прво заради коронава, второ дека ќе се стегам и ќе ме боли да не си направам некој проблем. А сакам да сум средена заради мене, да не се осеќам гнасно после кога ќе крварам. Што би ме советувале?
јас се средував на две недели со депилатор до пред еден месец , а сега минатата недела бев на депилација ( ладна ) поминав топ мислев ќе ме боли ама беше ОК и рачунам уште два пати до пораѓај да отидам , не средена не се оставам никако од лошо искуство пред првиот пораѓај ме направија решето тие сестрите на прием
Царски или природно беше? Јас препони и напред се средувам некако успевам, само кај перинеумот не можам убаво да се фатам, во задникот и на срамните усни. Ама и таму немам нешто мн влакна, и плави (смеѓи) ми се. Вајда таму не поминуваат сестрите со брич?
Мешинја нормално ли е да ја осеќам да клоца од лева страна кај колкот блиску до бешиката иначе сум 23+5 ме растури неможам да заспијам
природно ми се сите родени , ама ова беше прием со предвременени болки во 34та недела , непланирано и неспремна бев , не ме ни породија тогаш и таа сестрата само ме седна на стол и со бикчето ме направи партали ми вика иди да се измиеш кога по нозе крв тече како река .... за пораѓај после научена веќе па си се издепилирав .... најмногу зашто не успевам да фатам се затоа и отидов на депилација , таа ќе види поубаво ја вака на огледало не гледам ништо веќе ми смета стомакот