Јас би одела, секој месец одам и многу е внимателна девојката ме мозга саат ипол препон и нозе, а и во бременост ептен се изретчени влакната, мене лично не ме боли. И после пораѓај да не му ја мислиш ако си царски па и рана.., а природно сигурно на последно место после пораѓај ќе мислиш на депилација, а вака средена раат бар месец ипол да не мислиш.. мој совет да одиш
36 недела, сега почнува некоја трема да ме фаќа, гледам да не мислам на тоа, ама се се прашувам што ме чека какви болки да очекувам дали ќе знам да препознам дека дошол денот за пораѓај, како ќе поминиме на пораѓај, дали ќе дојди порано или покасно? Сакам порано неможам да дочекам да ја видам да ја гушнам.Само се молам се да биди во ред.
@Vojdana да кај мене поминаа 2 нед од чепот. За интервали не мерев туку болките ми стануваа поголеми и баш како д ати се оди во вц. Забележав дека се вистинските кога почнаа да болат коски во нозе, колената ... Важно како и да легнеш/седнеш болките не престануваат
Јас дента дека бев на цтг и отидов свежо бричена... еве сега веќе се подраснати ама не ме чеша и ок ми е не ни мислам баш на влакната. Ја бар не се осеќам гнасно последно мислам на влкненцата
Ве молам замислење за pregnancy forte од pharma vital, ми останале од периодот на доење 10 таблети моментално ги пијам, па се мислам дали да продолжам со нив, дали да земам Пренатас? Со првото бебе пиев Пренатас до 13недела а потоа премама дуо дури и година и пол после породување бидејки доев, потоа ми ги препорачаа од Зегин овие, и доста се поевтини,скоро упола од премама а по состав се исти, па се мислам сега дали да продолжам да ги пијам.За во доење не се двоумев бидејки ги пиев првенствено за мене, имав опасен цицач 24 ч на града, и морав да земам нешто плус, ама сега во бременост незнам дали се доволно добри. Ве молам за совет.
Здраво мамички Јас вчера правев тест за бременост и ми покажа втора побледа линија. Ми доцни 5 дена така да би требало да сум 4 недела и некој ден. Денес одма отидов на генеколог и ми кажа докторката дека имам само задебелување на ендометриумот и некоја сенка. Друго ништо не се гледа. Ме пратија да испитам бета хцг. Се загрижив и затоа ви пишувам. Ве молам споделете искуства.
Се друго одберете само немојте на фарма витал,сигурно тоа во зегин ви го понудиле,затоа што тоа е увоз на зегин,но квалитет има нула...јас да ви кажам а вие како си сакате
Немој да се грижиш, рано е да се види нешто. Обично прво ехо закажуваат најмалку 10-12 дена по пропуштена менструација. Направи си бета, ќе видиш дека ќе е висока.
Честитки, со лесно! Прерано си отишла на гинеколог, тек после 5-6 недела се гледаат првите знаци на бременост, а плод и срцева акција после 6та,7ма недела. Испитај си хцг ако сакаш за мирна глава, но да знаеш дека на ехо 4та недела ништо не се гледа.
Фала @LivingGlam за бебче се обидувам веќе 5 години. Секакви дешавки и еве сега природно успеав и одма страв ме фаќа . Правев бета и чекам резултат така да ќе ви пишам штом го добијам на маил @Lovebug01 да изгледа избрзав ама отидов за да ми даде потврда матичната за да можам да не идам на работа и она ми вика ајде легни да видиме. Фала ви за подршката, се надевам се ќе биде добро @macalavica Дај Боже да е така
мене ми ги препорачаа демек биле добри, во доење не марев толку бидејки беа за мене, ама сега за бебето ми е битно, затоа прашав, ке си земам пренатас во тој случај а после 13 недела премама дуо.
Бремена сте, рано сте отишле на лекар. Јас исто имам бледа линија, воопшто не бев на гинеколог закажав во 6 недела сега сум 4та, исто беше и со првото бебе, сега и да одиме на ехо ништо не се гледа, битно ние си знаеме, земети си витамини и галете меше.во 6 недела ке слушнеме срценца.
Зошто мислеш дека не се квалитетни,во кој поглед? И мене ми ги препорачаа како наредни дека можам тие да ги купам.,па да слушнам мислења би сакала!?
Јас пијам Д3 витамин, на Фарма витал, скоро година дена, не знам вака не сум приметила нешто да не е ок, според тебе зошто не се добри на Фарма витал?
Ми стигна резултатот од крв . Бетата е 740 на петти ден од доцнење на циклус. Дали е ок и која недела сум според вредноста? Ве гушкам ❤️
Имам мн јаки грчеви од пред 2 саата во јајници и се шират кон позади кон бубрези, цел тој дел ми се грчи и напред и позади, се напив парацетамол и седам не мрдам, на работа сум, мн ми е страв, со првото на почеток примав утрогестан, и 2-3 пати ме боцка прогестрон ама не волку рано,ништо не ми беше и од еднаш ме фати. Закажав преглед вечер во 6, се надевам дека се ке биде добро.колку најрано може да се почне со утрогестан?
А зашто идеш на работа? Сега треба да одмараш. Направи си тест преку крв и однеси им потврда сега сме сите трудници ослободени. Болките се нормални во почетокот мила Мене ми кажаа одма 3х1 дабростон
И јас одам на работа, 4+ сум. Не планирам да барам да ме ослободат, освен ако недај Боже не ми е добро. А и секако не планирам одма да кажам на работа дека сум бремена, уште не сум била ни на прв преглед, прерано е.