Па јас не одев прво со потврда од градинка, па во меѓувреме добив дијагноза за автоимуно заболување па приложив потврда и за хронично болни, па сакаа да ме отпуштат, потоа се предомислија, се вратив на работа а во меѓувреме сега сум останала бремена, пред тоа пробував неколку пати не успеав, марфи, сега уште таква потврда да им однесам незнам како ке ме сватат. Со првото бебе имав ризична бременост и мирував цело време, не одев на раб, бев на патолошка, сега и да седам дома нема шанси да мирувам од малото кое е 200 на сааат, тука на работа сум сама во канцеларија и повеке можам да одморам, барем седам.Ама овие грчеви ме плашат многу, немам исцедок, дај боже да биде се како што треба.
не ми се веруваше ни мене , викам ај реномирана фирма , вака така нема да прават проблеми 6 месеци одев на работа трудна ни еден ден не земав слободен и излезе проблем се подотворив ми се скрати цервикс побарав мерки да користам еден месец и после имам одмор па да одам на трудничко , кога почнаа да ме мотаат нема мерки тоа укинато е се во септември , ја меил пратив до влада и ми вратија за еден саат, им го препратив меилот да им докажам дека не се во право и после два дена ми вика иди отвори си боледување вака неможе не дозволуваат , а бе се е пореметено нема со кој да се разбереш
Јас морав одма да кажам на шефот бидејќи таква ми е работата со физички напор па ми одобри годишен одмор, не сакам да разикувам па сега со Господ напред. После ако е се како што треба ќе продолжам со мерките од влада. @macalavica ако ти е лесна работата тогаш немаш гајле но појди си на лекар ќе ти дадат прогестеронска терапија
Како сте трудници, јас сум 16та недела од денес, бебе уште го немам почуствувано да мрда па последниве денови цело време се прашувам дали бебе е тука Дали и вие исто сте се грижеле? Иначе се е во ред, одвај чекам преглед во петок
Јас некаде после 17та недела почнав да го осеќам...нема место за паника...бебе е тукаа..не де грижи.,а и петок ќе дојде брзо..ќе го.видеш
Јас сум 7 ми месец и одам на работа , имаше период кога работев од дома , но сега сум на работа додека можам ке терам така .. немам контакт со други не се мешам , сметам дека сега за сега не е ризично..
Јас уште го немам убаво осетено да мрда, а 18+3 сум, може да било нешто како грчеви и да не сум осетила, дури и ме фаќа страв зошто сеуште не сум го осетила воопшто.
И јас имам претчуство дека девојче ќе имам пак. А мм има страшна желба за машко. Ќе видиме, само да е живо и здраво. Него 5 минути се тешам двете ќе раснат заедно ќе си имаат друштво, па следните 5 паника ме фаќа како ќе пројде овој период. А баш памтам кога ја одбиваше од цицо малата, до вчера они бебиња сега дади ќе бидат јас уште не можам да се привикнам дека веќе е дете не е бебе, уште категорија бебе си отварам на форумов
И мене скоро толку ќе ми бидат разлика дечињата... Т. Е. Нецели 24 месеци или 2 години... Исти прашања, исти стравови.... Со лесно бременоста, што мора, ќе се издржи.
Во ред е, има уште време за да го почувствуваш за прв пат, нормално е од 16-24 недели. Јас синко прв пат го почувствував во 17 недела, иако и во 11 имаше некое чудно треперење, но ме убедуваа дека не е можно
26+3 сум, хормони ме тресат, само се нервирам (често и со плачка завршувам), се карам со мм за работи што се небитни, се случиле пред долго време.. па кога ке размислам став ми е дека и наштетувам на цурата во мене. Па најсмешно е што ја жалам што е женско и ке мора да поминува низ женски работи што не ми се допаѓаат Дали тоа што сум дома има улога, ах да не беше вирусов да си одев на работа.. Од утре ке почнам да купувам облека ваљда ке се средам малце Извинете ама морав да се изнаприкажам некаде
Не се секирај исто и мене мр маваа хормоните,се карав за се и сешто со маж ми,за се нешто ми се плачеше.И мислам да си одев на работа поарно ке ми беше,ама ете тоа е
Терам 30та недела, некој да има болки во долниот дел на грбот? Кога се движам многу и ме фаќа, се мислам како ќе се пораѓам вака, нема да имам сила да туркам.
после малку движење и стоење и мене ме заболува грбот и колковите , па ако сум дома одма легнувам после пола саат одмор ми поминува , веќе натежнува бебчето и барем кај мене е спуштено доле па боли заради тоа , сите со прва бременост што сте јас со ќерка ми иако помлада само 20 год имав многу повеќе болки претрпев него со другиве две , прв пат се спрема телото за пораѓај , лигаменти и мускули се тегнат се шират па се боли и се е нормално се додека се смирува со малку одмор
Искрено и јас неколку пати имав тавко треперење а сум 11+5 дали од самата помисла или стварно е бебето незнам Иначе имам некоја болка одма под ребрата дали е од повеќе време во седечка положба или нешто друго е ?
Мајки помош! Ме убијаа киселини, не можам да спијам. Станав, изедов зелено јаболко, ми помогна 15 минути и пак исто. Дома немам ништо безбедно, освен сода бикарбона. Смеам да се напијам? Или кажете ми друга алтернатива, освен млеко (не пијам, не можам да поднесам).
Ехее во теков на цела бременост колку солзи имам пролеано мм вика да ги собираше езеро ќе направеше, буквално цело време си плачам што од среќа, од тага, од нервоза, абре за се, доволно е само да почнам да размислувам нешто. Ама нема гајле, нормално е од хормоните што ни се пореметени.