Хахах вчера прередувавме алишта по дома, и кај него во скаф све му се фаќа, кај мене само зборев ова веќе нема никад да го облечам, ниту ова, ниту оваа срце ми се кинеше... он одма тебе тоа ти е најбитно така?!
Ќе си ослабнете. Може телото нема да е исто, ама ќе си симнете килажа. Јас кога почнав да го ранам бебе си ослабев. Што попрво да направам, плус надвор шетање нон стоп. Ќе биде.
Што убаво вака кажуваш, се надевам ќе симнам иако немам нешто многу качено сеа ја почнувам 32 и сум +6 ама сум окрупнета во раце, карлица...
Хаха елле јас не чепкам ништо, ќе се разочарам. Вчера бев да купам нова зимска јакна од старите се ми е кратко некои дури тесни. Немав сила да гледам други алишта, па кога дојдовме дома му викам, може јас твоите дуксерици да ги носам? Вика можеш само немој новата ќе ми ја рашириш Вика после се зезам бе и се смееше. Добро добро викам
Иста сум и јас со мм само негово носам ама он не се замара вика ајде што ти е мерак тоа облечи си Јас во Систина Таму правев ивф, сите прегледи ми се таму, и некако ко ке се навикнам на еден доктор тешко мрдам за кај друг Ти?
Аха е па супер, викаат кај нас систина и ремедика се најдобри. Планираш ли да ставаш епидурал? Јас тука во државна болница.
Искрено да, сите што ги знам се со епидурал, и се добри, ваљда нема јас да сум малер па недај боже нешто да се случи
Мене ми се вратија од пред некој ден, после секое јадење едвај се воздржувам да не па и коселини па и болка во желудник дури и во грб се рефлекнира, бебко активно мава на сите страни уште повеќе ме боли ептен сум крш
Здраво, девојки дали му се има на некоја случено од толку многу повраќање, во последно киселини повраќам, крв да поплука грлото ми е лом ме лути, ме печин, црвено ми е пред то немав ништо баш се чудам . Во аптека рекоја ништо не смеело да се шмука во бременост.
Можеш слободно да пиеш сода едно лажиче во вода растворено. Другарка моја цела бременост имаше многу киселини, бебче беше и е со мноооогу коса, се роди ептен бушавко. Од тоа и киселините. Неа само тоа и беше спасот, содата. Така да немаш проблем.
Бев на лекар вчера, се гледа само точка, гестациски сакус рече докторот, ми даде утрогестан вагиналети, и да примам прогестрон депо инекција.Ми кажа дека бременоста ке ми ја третираат како високо ризична, бидејки од предходното породување имав остатоци од плацента, и ѕидот на матката не бил хомоген, имало некои сенки, бла бла, исто имам и антитела за автоимуни заболувања и тие се ризик плус. Ми рече под итно да се консултирам со реуматолог која доза на вит д3 смејам да ја пијам (сега ми е препишана 300,000 единици еднаш месечно или по 10000 единици дневно ама ден после контролата кај реуматологот имав позитивен тест и не ги почнав овие дози).Јас пијам 4000 единици како што ми беше предходно терапијата. Како да дојдам до реуматолог таму се чека цел ден . Ми рече фембион 1, ама ги читам по состав и ми се чини дека Пренатас се поквалитетни, имаат и железо а јас сум склона на анемии, и со првото ги пиев тие и беше ок, така да нема да го послушам за фембионот.А грчевите не биле поврзани со бременоста.
Правела ли некоја ПАП во бременост? Ради цин-от повторно ми земаа брис денес, почнав да крварам таму не знам дали е океј тоа. Ме чистеше,запре крварењето ама уф..од памет се извадив! Само таму ми е паметот. И брисевите ми ги повтори пошто прошлиот пат имав Стрептокока.. Некако рано не е? После во трето тромесечие пак ќе треба брисеви