не се секирај и јас до 20 та недела не го осекав , после 20 та почнав и да не му се уроци е прекативно ,дури цела се стрекнам некогаш кога ке замрда , сега веке накај 30 та недела и боле некогаш
Никогаш не ми кажала до сега матичната, на кој ѕид е постелката. Ни за тоа не знам. А ми кажа дека после 20та ќе го осетам, дека прво, ама јас пак да прашам за искуства.
Мене постелката ми е и на преден и на заден ѕид...матичната ми велеше после 20та ќе го осетиш...јас чекав чекав нестрлива бев на преглед 19+4 абе и викам бебево никаде го нема,ми рече уживај ќе го осетиш..само што дојдов 20та недела и ете го се појави,па така уживај си
Јас Елизабета Матевска ја одбрав слушнав мн добри коментари па и бременоста ја водам тука. Декември негде после 15 сакам ако се е во ред во вагиналета и епидурал така се договараме
Мене ми правеше докторката Пап на почетокот кога отидов на прв преглед.Сакаше ХПВ да ми испита ама реков дека правев во декември , па не ми правеше.Немав никакво крварење се си беше нормално. Мене по секое повраќање ми се појавуваше крв.Ама не сметам за нешто страшно едноставно од напор или киселината се иритира слузницата.
Ахам и како си задоволна од докторката имам слушнато и јас добри коментари за неа. И јас мислам дека ке треба некаде околу 20 Декември да се породам (со царски, мада ми рекоа можеш и природно ама не знам дали ќе ми дозволат бидејки сум со ин витро со близнаци) ама уште не сум се јавила за да се договорам кога да почнам да одам и да одберам доктор.
Девојки, јас денес цел ден со дијареа. Друго ништо не ми беше. Ама сега почнува некако да ме стресува, немам темп. сеуште, кажете нешто што да се пие? Па ако не сум подобра сабајле на лекар. Од кај настинав стварно не знам се убив дома седејки.
Од времево променливо, и малце ни треба... лимонче, со цитронче, цедено, повеќе овошје, зеленчук, супи, можеш и некој чај по 2 шољи, јас така пиев. Апче не сум се напила, ама мислам можеш парацетамол ако ти е полошо. А за дијареата не знам, не сум имала до сега во бременост.
Можеш пробиотик да се напиеш за дијарејата слободно и внимавај на храна варен компир,ориз,двопек јаболка печена банана бисквита и одмарај и ќе помине
Јас исто искуство имам.. Локви крв кога бев на пап и брисеви во предходната бременост. Се извадив од памет, се онесвестив излегов од кај докторот од стрес... Тоа беше еднократно крварење, веќе не ми се случи, предпоставувам докторот беше прегруб. Мрдната работа, како да не сме доволно испотресени, уште вакви ситуации ни фалат.
Мене ми пишал докторот во извештајот дека е на преден ѕид. А читав искуства ако е на заден многу порано се осека, на преден покасно.
Во прво тромесечие матичната рече пап, ама Др. од Систина рече никако, пап во бременост не се прави поради можност од крварење и дека не е добро многу чепкање особено во рана бременост. Чудно, ама и на другарка истото и го кажал друг доктор од Систина. И направив само брисеви.
Зависи кога сте го правеле последниот пап. Јас немав правено малку повеќе од една година и правев со првиот скрининг, дека следниот пап ќе биде здравје неколу месеци после породување па да нема долго време поминато.