Ја доцнам, вака ќе ме извиниш г. Ѓа Мама Јана ама прими големи честитки за убавата вест. Многу се израдував, генерациски тука сме некаде со дечињава. Со лесно и убаво сѐ да биде.
Денес се вагав и имам изгубено во килажа не се многу 200гр ама нели треба сега да клавам 36 недела. Утре сум на преглед ама шо мислите нормално е? Ќе ефектира ли на бебе? Инаку да напоменам дека цела бременост не кладов многу кила, од прилика 8кг.
Нема правило дали и кога треба да ставаш тежина. 200 грама на дневно ниво не се ништо, јас не би се потресувала ич. Тоа ти е едно одење по мала нужда. Дури и вистина да намалиш килажа, тоа не го афектира бебето. Уживај си, штом малку си поправена побрзо ќе се вратиш во форма. И јас 10 кила само качив, и тоа до кај 25та недела, натака ни грам
Девојки ми треба помош Имам ептен гасови и како да пецка наболува како за во вц ко ќе треба да одиш ... што да земам да се намалат гасовите?
И стомакот ти е затегнат така? Тоа е баш бидејќи ти се оди во вц. Повеќето жени имаат и проблем во бременоста со одење во тоалет, но повеќе течности, вода, сокови... И тоа е. Мислам дека не е ништо друго.
Без гајле 200 гр се едно одење во тоалет. Или помалку течности си внела тој ден. Или помало количество храна. Тоа е мала варијација на килажата што не влијае на бебенцето воопшто. Јас се мерам еднаш неделно па има варијации доста од недела во недела, а зависи и дали наутро или преку ден си мерена. Така да мирна глава, бебушко си расте супер.
Фала ти многу, ти знаеш колку сакав второ набрзинка Па за некој месец ќе се жалиме во категорија бебе Со лесно и тебе да ти е
Девојки ве молам кажете дали некој ја имал во бременоста бактеријава ентерокок и како ја излечила јас пред некој ден прокрварив ама малце и после кафенко и матичната ми зеде брисеви и излезе оваа бактерија во сите брисеви ?а се изначитав се и сешто глата ме фати
Кај мене се појави во мокрачата пиев антибиотик и ставав вагиналети што ми ги препиша матичната и се исчисти.
Јас од мое искуство зборувам, баш вака ми се има случувано. Но, сепак, процени сама дали можеби има потреба и на докторот да спомнеш. Да не случајно се работи за нешто друго, контракција на пример. Ако е се во ред на ехо, тогаш опушти се, не е страшно.
12 недела сум за контракции сум далеку ... али сепак и ќе му спомнам на доктор али тек во ноември сум зато реков да видам тука вие што ќе ми кажите
Одам паралелно и кај матичната и кај Петровска во Систина на прегледи, и она ми кажа дека ќе напраиме контролен обавезно штом покажува цин. Многу ми беше акање до Ск,па напраив кај матичната. Првиот го правев во мај, тогаш бев само 3 недели бремена,втор сега и дури после пораѓај пак. Од вчера имам и болки во стомак и цело време некој жолт исцедок, сабајлево дури и потемен беше, мислиш чепот испаѓа Туку, што е ова фактор на хемостаза? Во првата бременост не сум правела вакво нешто, а вчера ме испрати на Трансфузиологија да ми земаат крв, ги гледам сега резултатите ама ништо не ми е јасно и поим немам што е ова. Лесно скратено aPTT и лесно продолжено ТТ, консултација со гинеколог пишува. Знае некоја што значи ова?
Фактори на хемостаза или времиња. Може ќе треба клексани или некоја терапија како аспирин протект или само ќе пратите поредовно. Во темата Ддмери поубаво ќе ти објаснат поискусните.
Женски има ли некоја искуство или знае нешто повеќе за вакцина против грип во бременост. Гинекологот ме советува да се вакцинирам не било штетно пошто почнува сезона на грипови. Иначе сум 27 недела.