Ако времињата три се, отстапуваат од нормалата, можеби ќе ти дадат клексани. Јас ги примам од почеток плус кардиопирин поради генетски мутации и покрај тоа пак 2 времиња се под нормала, ама со терапија велат не е страшно. Добро е што ги испитуваш. Инаку и да има крварење мало после пап не е страшно, тоа е од гребењето како со мала метличка, а сега се е поосетливо. Треба да биде се во ред.
Мешиња јас денес крш главата ме утепа болејќи и цела како омалаксана сум не ми се јаде ич дали сум настинала кој знае
Не си сама, од што настинавме само да знам... Може и времево дека променливо. И јас не јадам дури ми се лоши и еве 3 саати викам барем нешто да каснам, ама никако да станам...
Исто и јас од сабајле дали дека мажми е настинат па од него нешто ме префати незнам ама од вчера вечерта главата мислам дека ќе ми пукне а денес па како сум омалаксана сме ме боли посебно грбот кај плешките или па и од времево кој знае
Јас сум затната и од синусите ме фркна глава вчера премногу. Не помогна ни парацетамол, ни кока кола, ни кафе со лимон. Од масажа со посилен притисок на слепоочници и на корен на нос ми размина конечно денес.
Абе јас цело време затната сум од нив уште од почеток кој знае е што е едвај стојам на нозе дури и нозете ме болат од што сум омалаксана
И јас сум така 2 дена а не сум мк а и тука времево е катастрофа.Денес мислам главата ќе ми пукни парацетамол не делува не бев јаддена малце сабајле едно парче каснав ми се слоши повратив во вц како да сум за одење а појдов 2 пати како гасови да имам плус половината ме искина... Ми ги прекинаја пред 2 дена дупастон-прогестерон се се јавив ми рекоја пак да си ги продолжам... Ако има некој лек за гасови нека даде оти ни вода ни течна храна не ми помага
И јас сум со целодневни главоболки веќе трет ден...и парацетамол морав да пијам. Претпоставувам се должи на променливото време.
Дали ве чеша стомакот? Јас еве неделава стално се чешам, пробав и да се мачкам со крема и да не се мачкам.. исто чеша. Дури ако не ставам крема ми е сува кожата и се ,,пршави,,. Стрии немам ама почна оваа 26 недела нагло да расте стомакот.
Јас тие недели се убивав од чешање, дури и гребаници имав на стомакот. Ставај масло или крема и чешкај се по малку. Мене раце, нозе се ме чешаше, богами сега малце рацете и нозете се смирија ама стомакот уште ме чеша, 30та недела сум.
Да не зборам ... на дланките сум со егзема неможам да ја ставам под контрола од што несмеам од сите креми да мачкам (некои ме се за трудници). Дури сега почнувам да имам киселини и нагон за повраќање (а и апетит повеке). Ова последниве месеци ке бидат потешки од првите
Ај ќе истрпиш одма ќе поминат овие месеци сега, само што наведнувањето ќе ти стане потешко, и стомакот исто ќе почне да ти теже, потешко ќе се движиш. Бар кај мене е така. А мене на рацете ми излегоа акни со вода (дисхидроза ѓоа се вика) и само ги стискам, ама не се многу застапени, минимално ги имам за среќа.
Добро, дали е нормално волку да ме боли позади десната страна од кичмата, како некој нерв ли е, не знам, ќе полудам од болка, нит се седи нот се лежи, се шетам низ соби како будала.. од што ме боли позади, и напред кај јајникот ме фаќа мислам, цела лева страна ме боли, едвај одам, пиев магнезиум, друго што можам да земам, или да мачкам, или не знам што...
Девојки дали треба да ме плаши болката од тоа што не одам во вц или ќе појдам ама како да не сум појдена ми е ?
Koga pravevte vtor skrining?jas sum denes tocno 21 nedela i denes pravam skrining,dali e vo red ili e porano??
Знае ли некоја што значат овие бројкиве, и дали се добри, цервиксот ми го пише ли некаде? Како шпанско село ми е ова сеуште. За кратко одам кај матичната да ми го отворе боледувањето, како ли ќе издржам само со години не сум седела дома, нервата секако ќе ми игра додека се прилагодам.
Не знам која недела си, ама најверојатно некој нерв ти е притиснат, мене во7ми и 8ми месец тоа ми се деси ме болеше цело време, ама имаше момент кога наеднаш премногу заболуваше, дури имам викано од болка. Јас вежби за истегнување на кичма и грб правев и плус многу пешачев, од тоа ми помина.