18+ сум, исто како што кажуваш, кога ќе ме фати на моменти, ми се вика од болка, цела лева страна почнува да ме боли, многу лошо, а тек до крај што ќе се прави.. Мене и од многу одење почнува да ме боли.
Консултирај се со гинеколог дали може и ако може почни си вежби со јога за трудници. Благи истегнувања и центирање на карлица мускули жили. Јас оној краток период од неколку недели додека можев вежбав по пола саат секој ден и имав драстично подобрување. Како андроид апликација ти ја препорачувам Prenatal Yoga/ Down Dog. Плаво кругче е со бело кученце. Може да си поднесуваш на кој дел од телото сакаш да поработиш/тежина/музика/инструкции и времетраење. Исто има и вежби за жени со зголемена осетливост во пелвис/карлица па доста од оние потешки пози на раширени нозе и клекни стани се заменети со лесни лежечки истегнувања.
Како изгледаат вистински контракции? Од 5 сабајле имам но не се на редовни интервали де на 10 де на 8 де на 5 мин а ме фака доле кичмата и напред стомакот, 41 недела сум да знам дали да одам или да почекам да станат на точни интервали, сега боли ама се трпи уште?
Како менструална болка многу интензивна, која трае неколку минутки па поминува и ништо не ти е,никаква болка.Мене со првото прво ми пукна водењакот па потоа добив болки. Оди ке те става на цтг секако пред породување нели се оди секој ден на цтг, барем јас така одев.
Дали смее да се јаде аронија и да се пие чај од ѓумбир? 9 недела сум, ѓумбирот би ме освестил место кафето.
Аронија ми рече матичната да јадам заради хемоглобинот (5-10 зрнца на ден), а со оглед на тоа дека многу природни препарати против мачнините во прв триместар се на база на ѓумбир, би требало да смееш.
Здраво мамички Јас од денес ја почнувам 5тата недела На ехо си го видов сакусчето. Јас поради мутација и зголемен ризик од тромбофилија од старт сум со клексани и аспирин. Ме интресира ваше мислење кој генеколог е најдобар за водење на ваква бременост. Имам слушнато пофални зборови за Ливринова во ГАК а од приватниве незнам. Исто така ме чуди што не ми даде матичната витамини за трудници туку ми кажа да продолжам со тоа што си земав пред бременост Метилфолат 1000, метил 12, витамин Ц 1000, витамин Д 2000е. Што мислите дали е само тоа доволно?
Со лесно бременост до крај ... Иначе доволно е понатаму ќе ти даде витамини плус мене тука ми дадоја само аспирин дупастон-заради миссед и во 12 ми го прекинаја аспирин фолна магнезиум и витамин ц 500 после 2 недели некаде 13-14 ми рекоја да земам витамини за бремени
Заборавив да прашам, афта имам во уста што смеам да ставам? Кај ништо не можам да јадам од гадење сеа и од неа..
Ве молам помогнете...пишав и на др тема ама никој не ми одговори Јас бев на терапија дупастон-прогестерон е всушност.Ми го даде докторот заради тоа што во март имав миссед е сега кога бев на скрининг ми го прекинаја заедно со аспирин-кај друг доктор правев скрининг. Докторот ми кажа да си го прекинам аспиринот али не рече ништо за дупастон. Од вторникот еден ден после скрининг вечерта ептен неуба болка имав во долниот дел на стомакот како за во вц дека ми се оди а и нередовна столица имам. Не се испаничив али вчера почна половината да ме боли и тоа од лежење и му се јавив ми рече да си ги продолжам дупастон.. Денес фала му на бога немам никаква болка односно имам мала болка во половината што мислам и дека може да е нормално заради ширење 12+1 сум Што мислите за овие 2 дена можи да се има недај боже нешто случено или сепак би прокрварила ? Извинете за долгиот пост
@KittyCat:), не ли можеш да отидеш да те видат на ехо во секој случај. Да си бидеш мирна. Друго е и кога ќе поразговараш со докторот.
Штом примаш терапија прогестеронска за подршка на бременоста не би требало да се грижиш, легни одмарај се, не се малтретирај без потреба да одиш и да чекаш.Со првото детенце имав крврења цело време, кога одмарам се смируваа, а ке се преморам пак исто, пафала богу родив здраво детенце, тие си се заштитени во стомакот,не се грижи, а болки со првото имав секакви и постојано, мислам дека и тоа е нормално само што прв пат све ти е ново па за секоја трчаш на лекар. Сега сум многу посмирена и психички поспремна за периодот што следи.Одмарај се , мисли позитивно и гали меше.
Се си е нормално и прогестеронот не требало да ти го прекине, него го даваат до крај на бременоста кај вакви случаеви. Јас од почеток терам со 3х1 дабростон. Сега си покриена со терапија и уживкај си
18+ сме, денес ја видовме прцлата, се исполни желбата за женско на мм. Пресреќен е денес. И мислам дека конечно почнува убавиот период, нема мачнини. Ептен се радуваме на периодот што следи.