И јас бев со истиот проблем, но се сеќавам дека кога видов пролетта имаа и без апликации кај нив но многу ми беа скапи. Ако не најдеш баш бебешка торба можеш да си купиш обична торбица од материјал кој не пропушта вода, како на пример од спортските продавници. Јас така направив и купив од чаршија, иако немаше баш некој убав избор.
А кога ќе купиш количка во повеќето случаи ти следува и торба...или таа не врши работа? Мене сега ми дадоа со количката ама некако ми изгледа мала и крута е, ама за почеток планирам таа, па ако треба после ќе се бара друга.
Нам до 12 недела докторот ни забрани односи - за секој случај (иако ни рече дека во повеќето случаи е дозволено - со заштита). За понатаму ни беше дозволено но исклучиво со кондом (заради заштита од инфекции) и никакво свршување внатре. А сега во 9-ти месец дури и ни препорачаа односи со свршување, бидејќи тоа било добро за грлото на матката и можело да го олесни пораѓајот.
ние дознавме дека сум бремена дури во 8та недела и пред тоа си имавме редовни односи најнормално без заштита јас не си чувствував никакви болки ни нешто слично се си течеше најнормално до 7ма недела кога последниот пат имавме однос за време и после него имав малку болки и си велам да не не е нешто во ред со мене да не имам некоја инфекција ил сл следниот ден повраќав воопшто не бев добро а паметот поради нередовна мен никако да ни отиде дека сум усвари бремена бев во болница тие ми велат ее ова тие бактериска инфекција на желудникот и почна стравот дека имам листерија баш на вести секој ден зборуваат за тоа изнемоштеност бла бла и по неколку дена мојата баба почна да ми вика девојко да не си бремена оди направиси од тие тестовите вие си знаете и оп двете линии утредента одна на гин само ваг ехо ете така дознав дека сум бремена и сеа кога ќе ми текне на вежбите за затегнување сексот и се остало во првите недели полудувам ама ај си се тешам па од кај да сум знаела се надевам се ќе биде во ред и одсега заштитен однос после некое подолгооо време
бев на преглед јас и ми рече докторката дека сум немала доволно плодова вода, и ми препорача да јадам сушено овошје, за да ми надојдело, ми рече и барем уште 10тина дена нека издржи барем во 9ти да влезиш... и ај сеа не пијај.... заради недостиг на плодова вода и неможеше да го слика.. а инаку бебчето си напредува супер, за еден месец е попраено 1кг и 400грама, сега сме 2800, во 34 недела влеговме вчера за една недела ми закажа за надворешни брисеви да ми земи, и ми рече дотогаш да јадам по една рака сушено за кога ќе појдам и да можиме да го сликаме,. некоај нешто вакво слично искуство како моево имала? со плодовава вода? малце сум исплашена од самата помисла, ама таа ми рече нема место за паника, овој период, овие недели биле поризични со водата, само дури да се влезело во 9ти после се ќе бидело ок.. мислење?
со плодовата вода јас имав проблеми пд 35 недела почна да се намали и поради тоа таа бедела два пари на ден требаше да ми направат цтг за да го следат состојбата.после кога влегов во 36 недела лежев во болница една несела и секој ден два пати дневно цтг и ехо и после во 37 недела се породив порано. не сакам да те плашим ама мене три доктори кај кои бев тогаш ми рекоа дека таа вода не доаѓа веќе само треба да го следиме состојбата да не останува бебето без вода. а инаку многу бавно се отварав кога почна контракците и имав 14 часа болки и многу тешко породување.јас би ти препорачал да одиш и кај друг доктор да слушаши друго мислење. поздрав
Мамички здраво. Сакав да прашам, дали на вас ви имаат препорачано гинеколозите во 24та недела преглед на ехо кај педијатар заради утврдување на можни аномалии на срцето на бебето (и покрај прегледот кај самиот гинеколог) Мене ми кажа гинекологот дека се е во ред според него, ама препорачуваат и на педијатар да види пак.
Си закажав за ултразвук во Четврток, имав два позитивни тестови, а последна менструација ми беше на 28 Јуни. Ке се придружам на Труднички муабети од кога ќе одам на гинеколог, затоа што уште не ми се верува... затоа што немам никакви симптоми освен што ме болат градите многу
Мене гинекологот ми рече се е во ред, ако сакаш оди , и јас не бев. Мислам ако има нешто и на 4Д ќе се види.
Здраво мешковци. Имам малку како менструални болки и исцедок на неколку пати како во поголеми количини како да се подмочав и неможам да одредам дали е вагинално или стварно се подмочав... Утре треба да влезам во 14та недела ама вакви тапи болки до сега сум немала...
Маркиза стави секојдневна или тоалет малку и провери за некое време-20 мин на пр. Ако тече одма на доктор ако не уживај, во бременост се се случува. Јас имав сл.ситуација во 34-35 недела и се посомневав во прснат воденик, среќа не беше тоа.
Јас вчера правев тест и беше позитивен Иако јас и пред да го направам имам предчуство дека сум бремена бидејќи ми доцнеше дури една недела, а сум имала редовна менстуација. Сакам да прашам дали одма да одам на матичен гинеколог?
Мене исто така ми препорача докторката и јас отидов, кардиолог педијатар...бев во Систина кај др. Драшко, детален преглед на срцето на бебето, ок е прегледот, детално го гледа...меѓутоа мислам дека не дај боже ако има нешто на скринингот се гледа, ова е малку и зимање на плус пари, затоа што после па тој кардиолог педијатар ти закажува уште една контрола во 29 недела.
Ве фаќа ли и вас несоница навечер?Јас до 2 навечер неможам да спијам и после преку ден сум како згазена.Вчера пеглав ко да е крај на свет може е некое претчуство дека бебето ке дојде наскоро.Од сабајле ја средував косата па ноктите и околу 4 сум на цтг .
^^ Мене ми оди од една во друга крајност проблемот со спиењето Или скоро цела ноќ не можам да спијам, одам по 100 пати во тоалет, грчеви ме фаќаат исл., или па спијам ко во кома да сум цели 10 саати без ниеднаш да се разбудам Не можам и јас крајот да си го фатам. Веќе тежи стомакот, кичмата и грбот болат, тешко ми е позиција да фатам, некако с'клет ме фаќа, како и да легнам на синко изгледа не му се свиѓа позицијата па клоца ли клоца и така се бориме скоро секоја вечер.