се осеќа бебето ама многу малку , кога се вистинските контракции матката ти е како страно тело , стомакот стегнат и тврд како топка , кај бракстон хикс исто така само што се многу по млаки болките и кратко траат , може на неколку саат да се појават , како напредува бременоста така зачестуваат само се на нередовни интервали , мене утрогестанот ми ги намали ептен скоро и да ги немам во денот .....
Фала ти на одговорот, и матичната истото ми кажа, вика нема простор за грижа се прави место и те притиска вела лева страна, дури и јајникот што ме пецка така сигурно е од тоа, во 5ч се разбудив не сум спиена до 9ч, ама затоа до сега спиев Јас сум многу улежана по дома, на работа не одам, по дома секојдневни обврски, и тоа е тоа, ништо друго, што од страв од вируси, што ќе ме мрзи некогаш, ама знам дека морам да пешачам, и се надевам до после да ми помине болкава зошто страшно ме нервира што ме копка вака.. За тебе.
Имам од време на време болки во јајниците, не се јаки болки како пред менструација. Уште малце и 37 недела ја почнувам. Можам ли да се надевам дека овие мали болки значат дека ќе почнат големите и правилните за кратко време???
Девојки има ли некоја од вас мутации и зголемен ризик од тромбофилија во бременост? Ме интресира на колку време се испитуваат хемостаза и димери и колку често се прави ехо преглед. И што терапија земате? Јас нa почеток имам нормална хемостаза и димери но сепак трансфузиологот ми препиша по еден клексан и еден аспирин на два дена
Фала ви милички на одговорот, ќе гледам да сменам во исхраната, за киви не сум знаела, а млеко оддамна не пијам, ќе појачам на јогурт и зрнеста храна, богата со влакна П. С може и машко да е! @mace89 мила, јас сум со вродена тромбофилија и мутации, примам клексани секој ден, а контрола правам на месец дена. Закажи си на трансфузиологија кај Елена Петковиќ или Јани Ангелевски, ќе ти дадат мислење
Кај Јани се водам но сепак ме интресираше дали состојбата може да биде под контрола, малку сум исплашена бидејќи имав спонтан пред две години во 5ти месец токму поради тоа што не примав клексани. Но сега сум покриена со терапија па со Господ напред се надевам ќе изгураме до крај
Хетерозихот мтхфр ,иако се беше во ред, уште од почеток клексан и кардиопирин секој ден. Прв пат ддимери и хемостаза во 5ти месец и 2 од времињата пак се скратени. Продолжив пак со иста терапија кардиопирин кој се пиел најмногу до 30та недела,клексан, плус метил фолати. Наредно испитување во 7 месец а месечно еднаш одам по извештај за рефундација. Така да изгледа клексани до крај
Ајде мила само да е се во ред со нашите бебчиња, мене ми кажа Јани до крај на бременост дека ќе терам со клексани, само можно е и да ми ја зголеми дозата. Мене не ми кажа ништо за кардиопирин :/ Не сме сами, се имаме тука за подршка , ќе издржиме до крај
Мила, не се плаши, сега си покриена со терапија, еднаш месечно на преглед кај Јани и он ќе ти кажува до кога и колку. Мене ддимери ми се 228 со нормални времиња и првично ми рекоа до крај на прво тромесечие, но сепак ќе видиме како ќе биде, имав крварење во 5 недела па ми ги прекинаа на кратко клексаните, аспирин не пијам но клексаните ми ги продолжија. Во секој случај сме покриени, нема штета од нив
Мајки да ве прашам, пијам метилфолат од почеток на бременост сега ми се при крај уште за неколку дена имам, прашањето ми е се пијат до крај на бременост!? за да знам дали да купам нови а заборавив да ја прашам матичната
Со генетски мутации сум и се уште во 6 месец го пијам, а следна контрола за месец и пол...значи продолжувам сигурно до крај...
Да, да и јас имав мутации, пиев аспирин (препорачано 150, јас си пиев од 100, немав крвен притисок) и метил-фолат, што би рекол гинекологот мој Фолна киселина со рогови
После двеве+ недели измачување, сакам директ на трето да преминам Синоќа, таман задремав и газе почна да се мести, да се ќифли у стомак. Ко топче ми го растегна. Пипкам топчето и се осеќаа нерамнини од главче ли од што не знам..прв пат вака го осетив.
Сликава е топ. А тртењето најчесто е грбот. И јас цело време газе мислев е но тоа грбот така го туркале
помислив дека можда е грб,ама се ми иде мислата дека се трти. Ко и тебе)) вчера ама, ептем убаво се осети кога напипав. Ко нерамнини некакви..пред тоа само ко топче го осеќав на допир. Црв
Мене на лева страна така до папокот, мислев газе е и јас или па главата, ама главата нели надолу му е. Душички тесно им е, уште малце и ќе се ослободат
Не значи, исто и јас ги имам скоро секој ден таквите болки, плус еве веќе една недела и чепот како ми е паднат, ама бебе абер нема да испадне. Секој ден се надевам кога ќе осетам болка викам аха еве почнува, ама ништо.
Јас на стомакот немам од прва бременост, се мачкав павловичева, ама затоа на бутовите и на газот сум решето и тоа ми се појавија по пораѓај кога почнав да слабеам . Е сеа не знам дали е оти не се мачкав таму или од некои други причини. Ама и стомакот огромен ми беше, а стрии немам. Ваљда помага мачкањето. Ќе почнам пак наскоро да се мачкам, мислам дека сега побрзо ќе се покаже мешето. Втор месец влегов, а веќе ко да ме затегаат фармерките