Девојки 12+3 сум денес почнаја да ми пукаат брадавиците...Дали е нормално уште од сега или не? И кажете со што можи да се мачка болат ептен како рана .....
нормално е да се сушат и да пукаат , треба да се мачка со крема за брадавици , сум ја користела на медела претходни бремености и доење , сега ја земав оваа пд ДМ со сончогледово масло после две мачкања ми ги омекна одма така да задоволна сум за доење после сепак ќе си земам на медела зашто е по мрсна...
Ако мржеш да јадеш минимум два пати неделно би било супер.Секаква обработена риба смееш освен сурова риба (како во суши што ја има) која не се препорачува. Јас во првото не јадев риба, сега со второто може 2-3 пати само имам јадено.Денес имав риба(лосос)ама ја оставив одвратно ми смрди @zhap4e моето прво така се тртеше и јас мислев дека е газето.На крајот толку ме теглеше што ме болеше дури и само велев да се породам Денес влегов во 6тиОф уште 4 месеци кој ќе издржи Ајде да сме живи и здрави само ,па ќе издржам.Изгледа мене само ми е тешко да сум бремена.А колку ми е лесно и убаво.Мојот организам се прави за бебето го рани , го пои и му мене пелени, го бања и теши.Го заспива и го гушка,го растиКога ќе се роди ќе треба да бидам јас таа што ќе му бидам утеха, а некогаш е тешко и напорно Ама ќе успееме
Јас имам масна кожа,цела бременост се мачкав со павловичева, на градите имам по некоја стриичка, и по 2-3 од двете страни на половината. На стомакот и околу него ниту 1 не ми се појави. Може и генетика е у прашање, и онака немам стрии кога сум варирала со килажа
Ќе видам тука што има оти не сум мк .... ќе прашам пак али да видам вие што користите па ако има нешто од тоа да побарам фала ти
Мешиња за болки во половината пиете ли нешто? Само магнезиум пијам, и не ми помага баш .. некогаш неможам да станам од болки
Јас да ти кажам сум 30+4 и оваа недела почна да ме боли во долниот дел од грбот, прво мислев прелада е, ама грешка бев. Кога лежам во ред е, ама кога ќе згазнам со нозете нешто не е во ред, не знам стварно што е и магнезиум не ми помага. Свеки вика на времево е, на мајка ми не сакам да и се жалам ќе се секира. За две недели сум на контрола до тогаш не знам како ќе биде.
Мене ме болеше ептен појдов на доктор ми кажа чај топол топла вода можи и плус топли облоги да ставаш и еве ега сум супер е дали е од ова дали дека аспирин ми врати пак да пијам незнам али пробај...
Дали имате како испукани капилари, или не знам што се, на градите? Имам од доле, баш под градите само, не знам дали се капилари или ќе се прават стрии?
Да пробаш да вежбаш јога за трудници(ако смееш да се движеш).Лесни и пријатни вежби има на интернет. Со првото вежбав и немав болка во половината,сега се се канам ама се време немамПа два пати ме фаќаа јаки болки до укоченост
Мускулите и лигаментите се олабавуваат со ширењето на карлицата, и од тука настануваат болките можеби станува збор и за ишијас. Кај мене беше првово. Ми препорачаа седење и правење лесни вежби со пилатес топка, пешачење со паузи и носење на појас за да ја стегне карлицата. Сакам да пробам со топли облоги да видам, појаки ми се болките сега па да видам дали ќе помогне тоа.
Дали се тоа слични болки како моите исто? Јас кога лежам во ред е, ама кога ќе станам и кога ќе згазнам умирам, позади долниот дел над нозете ме убива, па куцам.
До кога отприлика можевте да носите нетруднички фармерки т.е кога највеќе расте стомак? Знам дека е индивидуално, ама имам читано дека одеднаш порасне и не можеш да ги закопчаш фармерките/панталоните, па ме интересират искуства? Јас за недела дена ќе бидам 5м.
Па според ова што пишуваш мислам исти се левата страна над задник ме боли мене, кога лежам нема ништо, најлошо е кога се исправа откако ќе се наведнувам, понекогаш во движење ми се укочува од моментална болка, онака молскавично
и јас имам такви болки , ниско бебево ептен , денес како ика ја осеќам доле на срамна коска со главчето , од сабајле бракстон хикс на големо а се исправам до ВЦ стомакот ми станува како топка и ми се стега , дупла доза магнезиум и џабе , па сега лежам цело време ме фати страв се мислев да идам на дежурен , што викате девојќи за паника е или ?