Ти си супер споредено со мене јас после 12 недела не можев да ги закопчам фармерките, можеби толку рано бидејки сум со близнаци Сепак е индивидуално сега сум само со труднички хеланки и широки блузи или туника.
Од 16-17 недела, веќе ме стегаа и пантолони и фармерки, ама сите со висок струк, да беа со низок и порано ќе почнев да носам труднички. Не бројам. Имам многу мирно бебе, јас мислев којзнае по цел ден нема да мирува, но важно е да се јави барем 10на пати во денот со било какво движење. Еве 36 недела си мрда ама не нонстоп и нежно е. На ехо и цтг се е во ред. Ама и да не го осетиш подолго време, да не паничиш. Особено ако си <30 недела, мене ми се дешаваше и по 2 дена да не го осетам. Многу често мрдаат и не ги осеќаме, зошто не се во добра положба наместени за да осеќаме, а и ние некогаш не сме на тоа сконцентрирани.
До 4ти месец, можев да ги закопчам ама ме стега и не сакав да се чувствувам стегнато, си носев фустанчиња пошо летна сезона беше. А сега 8ми месец носам труднички хеланки и труднички фармерки.
Првите две бремености уште пред да дознаам ми сметаа фармерките, ги откопчував. Со третата бременост од 7-8 ма недела. Не дека не можев да ги закопчам ама осеќав дека ме стегаат и непријатно се чувствував. До кога ќе ме собирале не знам, одма труднички почнав да носам.
Не знам дал и кај другите е така или само кај мене. Се будам во ниедно време и не можам после да заспијам. Вчера заспав околу 12 во 4 ипол веќе бев будна, се вртев мислејќи дека ќе заспијам и во 5 ипол си направив кафенце и на балкон си читав книга. Неделава треба да одам на контрола да ја видиме колку пораснала
Еве сум и јас само некој хорор сонови сонувам, и неможам да презаспијам толку беше, преку ден исто неможам да спијам
Преку ден ме фаќа дремка и легнувам ама тоа е еден саат и толку... Не ми смета стомаков воопшто во спиење, не сонувам ништо, само кој ќе се разбудам за во вц после тоа нема шанса да продолжам да спијам
Се јавувам и јас со вкочанетост во половината. Некој нерв ќе да е, а ме штрекне-ни нога можам да мрднам ни па да седнам. Страшна болка. И пред бременост ги имав овие болки, тогаш пиев Серапептазе и ми минуваше. Сега баш и не знам дали смеам да пијам нешто. Башка вчера се преоптеретив,цел ама цел ден на нога, варосување,чистење,перење цел ден. Мкнам теписи,маси и врагови, небаре награда за најдомаќинка ќе ми дадат И сабајле во 7 на работа, а легната во 1 и нешто по полноќ. Денов ќе е.. турни ме да кинисам 24+3 луѓеее, за 10 дена 7ми месец почнува Дома е чисто,алишта бебешки најдов од ќерче и деновиве ќе се перат и складираат во шкафче, се навикнуваме полека на реалноста, дека за 3 месеци дома ќе е бебушМи летна бременоста за миг ..
Ќе помине се,ќе се издржи. Инаку нели 7 ми се почнува со 27 ма недела полна ,а не 26та ,како што си напишала погоре,или сум грешка јас?
Исто, инсомниа во двете бремености. А толку сакам да спијам бидејќи знам дека после нема да врзам повеќе часови сон. Слатки маки
Јас на секој 1ви влегувам во нов месец, затоа вака кај 20ти си знам дека за 10дена ми почнува нов месец.
Некаде стои 7 ми месец од 26 та, а некаде од 27 ма полна. Според мојот календар сега сум 26+4 и за 3 дена влагам во 7 ми месец.
Kako I da e...26 li 27 li,ne e tolku vazno,vazno da pomine vreme brzo I da si gi docekame bebcovci zivi I zdravi