Цела бременост се будев ноќе во 2 на пример и толку беше од спиењето. Лежев и се ѕверев, му љубоморев на мм што си хрка. Во 6 ќе се напиев терапија и уште саат-два ќе дремнев. Си го прифатив како тренинг за неспиење кога ќе дојде бебе Слабо ја читам темава, не се постигнува Со лесно на сите, ве чекаме во темите за бебиња
Ох, стрии се. Хаха и јас се чудев вака како тебе за нив кога бев бремена. Мене прво градите ми пораснаа, итоа нагло, уште прво тромесечје. Од B cup станав Е. Мачкај некоја крема против стрии, доколку користиш.
Истото ми се случува, околу 4 како навиен саат за во вц да имам 2 вечери ќе си призаспијам пак, па 2 вечери се расонувам и после сум зомби цел ден.
Во трето тримесечие и јас не спиев. Во 9ти месец по 4-5 саати дремнував и се будев наспана. Баш му доаѓа ко подготвување на тоа што те чека првиот месец со бебе Затоа сега спијам и колку што не треба. Ептен сум спанка, пред 10 многу ретко стануваме, среќа и ќерка ми е спанка па користам
Девојки, ајде споделете мислење и случки. Јас сум 14 недела, прво нешто кога ќе кивнам имам болки доле кај препоните. Второ имам општо мали болки покрјот на стомахот и доле на препони. Не се долги или силни ама ги има. Трето високо ми е HCG то на тестот ПРИСКА, некој се соочил со слично искуство? Поздрав и благодарам
И мене ми се пораснати, а мали гради имав ептен, и сега кпга ги видов овие капилариве такви темни, се исплашив прво, после ми текна дека може да се стрии, јас се мачкам со крема, ама на гради не сум ставала, сега ќе почнам. Фала ти мајка.
Дали смееме да јадеме бразилски оревчиња, обично се јаде по 1 днево и се многу богати со витамини и минерали?
Значи гради да, но не брадавици, важно да се напомене. На брадавици можеш да ставаш витамин АД ако сакаш да ги омекнеш за доење, или пак пурелан, ланолин, на Медела е најдобар според мене.. Да, до 2-3 максимум дневно. Содржат високи количества селен со кој треба да се биде претпазлив.
Женски уште од самиот почеток на бременоста имам бел некогаш прозирен вагинален исцедок нонстоп...сите брисеви се во ред. Сега сум 27 ма недела и приметив овие 2 дена како да имам повеќе исцедок како да е зголемен. Нормално ли е или не во овој период? На контрола сум тек за 10 дена.
Јас секако се мачкам павловичева со АД маслени капки, ни тоа не смеам на брадавици? Сега за сега немам проблем со брадавиците, не ми се ни распукани ни ништо, само ова со капиларите темни, го приметив вчера.
Павловичева е сосема во ред, мислев доколку користиш крема стриктно наменета за стрии, обично кај нив не се препорачува нанесување на самите ареоли и брадавици, пишува и во самите упатства.
Јас имам цело време 28ма сум. И баш оваа недела ми е малку појачано. Сум приметила дека заедно со утрогестанот излегува таа мала количина, па не кревам паника. Ако примаш и ти може од тоа да е.
Сега пред да си тргнам од работа приметив розов исцедок, предходно имав бел, се испаничив многу, примам утрогестан од 200 пред спиење, да одам ли на лекар пак, 5+4 сум
Не примам ништо...Веројатно како прогресира бременоста така и се зголемува исцедокот бар така читав по нет.Цело време сум и јас со исцедок од почеток некогаш многу некогаш помалку ама се е во ред.
Здраво девојки Како сте во овие сончеви но ладни денови? Јас сум нова тука, трудна сум 16н + 4д па долго ја читав темава и решив да се зачленам. Поздрав и убав ден