Потврдувам, јас од скоро за бебето почнав да го користам. Нема буквално ништо штетно во него и никаков лек ама секако консултација со лекар зашто сепак најдобро знаат. Би ја тагнала @Annath можеби знае, од неа го дознав @Bella_Stella
На почеток на бременост, а и сега на средина ме фати алергиски ринитис. Немав до сега ми рече др од хормоните ми е. Користев солени капки неколку видови ама без успех. Потоа спреј за деца Мералис препорачан од доктор само за одзатнување добар е и на крај бев на оториноларинголог и ми препишаа спреј tafen nazal дозволен во бременост. Не го користев од страв така стоеше 3 месеци ама овие неколку дена морав да ставам 2,3 пати. Веднаш има ефект.
И тој го користам, да не речам ми е редовна терапија и одма полесно дишам и мн ми помага ама не знаев дека може и во бременост да се користи Благодарение на комбинацијата Синомарин и Тафен лесно си дишам и не ме чеша носот
Женички ај плс се обидуваме за бременост, а воедно сум стимулирана со кломифен, ама имам цистит и незнам дали да почнам со цитерал???
Mamicki kako ste se snasle vo ulogata majka no bez nicija pomos...dali e vozmozno od prv den da se grizam za bebeto sama zasto nemam koj da mi pomogne? Za onie so priroden e polesno no sto ako sum so carski? Iskustva?
Само што го најдов овој дома, уште од прееска ми беше познато името. Скоро цел е полн, со рок уште една година. Очигледно не сум го користела пошто не ми помагал. Дали сите на Синомарин се дозволени во бременост и дали има некој што е баш добар за тоа? Јас по се изгледа сум изрод на кој што ништо не му помага.
Јас ова го прочирав уште прееска, и секако почнав да плачам! Намерно не го објавив, зошто на секое ќе се потсетував и ќе плачев, стварно сум ненормална, ама текстов ме погоди ептен, и за мене лично, и на мајка ми ме потсети.
Не сум знаела дека има вакво спрејче Јас мислам цела линија на Синомарин се на природна база но пак консултирај се...и ако тогаш не ти помогнале, можеби сега во бременост ќе ти помогнат Прашај и ако ти дозволат, одма користи ги и биди упорна па може ќе има ефект
Девојки помагајте утре треба да одам на прво ехо и сега на бришење имав бледа крв. Ставив кринон гел и на апликаторот исто имаше крв. Многу ми е страв незнам што да правам.
Докторката се мислеше дали Momox мислам рече и се јави кај некој директор на фармацевтска куќа, тој предложи Tafen и буквално 5 пати го препрашаа дали е сигурен. Инаку на српски форум исто доктор гинеколог пишал дека е дозволен.
Не дека е невозможно. Ама за со природно. Ако си со царски, ќе треба помош, барем така ми изгледа мене. И со царски не дека е апсолутно невозможно. Ама реално, прилично потешко. Операција е сепак од која ти треба и тебе закрепнување. Ако си природно, за можење може. Ама ќе треба многу убава организација да си направиш, за да можеш и ти да бидеш одморена. Организацијата во смисла да биде бебето и работи околу бебето, а домашните обврски да не ги ставаш во фокус, не мора се да е средено во секој момент, едноставно да се помириш дека сега нема да смукаш, туку ќе си легнеш и да не се замараш со небитни работи. Може, секако дека може, има и самохрани мајки што од прв ден се сами. Трикот е добра организација. И не се запоставувај себе си, сопругот ептен нема да се грижи за бебето? За да можеш ти на раат да се истушираш, да се налакираш ако сакаш.
И momox имам користено(јас сум слаба со делот нос, синуси, алергии, астма) само што тогаш кога немав сеуште направено операција не ми помогнаа, уствари и ништо не ми помагаше..здравје боже кога и јас ќе останам бремена тука по искусните ќе ве прашувам што е дозволено во бременост П.С кога и јас разговарав со мојот пулмолог, за во случај на бременост, Тафен ми ги одобри
Не мора да помага околу бебето, ама нека ти помага барем за домашни обврски, пазарење, чистење, готвење. Мора да си сфати дека и твојата 'работа' е 24/7 посебно на почеток додека фатите ритам. А не да иде од на работа и да чека од тебе ручек, па да ги оптегне нозете на кауч. Договорете ги тие работи пред да се роди бебе за да не се нервирате и двајцата. Со добра организација се се решава
Слободно може Синомарин во бременоста, за сите други капки и спрејови со деконгестиви да се праша гинеколог.