Ние сме сами од 3тиот ден негде. Имавме малку на почеток помош дека го дојам. Искрено и јас не знам сама со доење како ќе се снајдам. Мм сега пере, готви, пегла, ќе причува бебе ја да се истуширам, ќе му смени пелени за да можам да се спремам за доење ( туширање со млака вода заради разбивање канали како штп гледам кај голем дел жени се јавуваат, миење ланолини). Бар за мене на почеток не е само вади цицка и дај. После подој трчам ладни облоги да ставам, масирам, измолзувам ако не се испразнети. Во ова време некој мора да го ждригне по потреба преслече. Иначе ако се закаам поминале саат ипол и ајт пак на цицка. Искрено тешко ако може маж ти бар одмор да земе би било супер. Јас бев природно дома првите 3-4 дена многу крварев, цело време морав да се туширам, раната боли кога седиш и доиш 30м. Малку постов на долго на широко ама се надевам и на други ќе им е од помош да знаат пто да очекуваат 1вата недела. Дај боже да ви е минимум упола полесно од мене
Не се секирај, кога ке го видиш бебето ке видиш дека се можеш, ништо нема да ти биде тешко и да те нервира.Јас бев сама кога се породив со првото бебе, мм во странство, мајка ми со скршена рака, свкрвата ни да чуе да ми помогне скроз незаинтересирана, па се снајдов, имав проблеми не да не и тоа еден куп, се породив царски, после 3 дена дома ми пукна раната, па фатив некоја бактерија, па цело време бев по контроли во ск со бебето и со мајками за морална подршка, го носев бебето сегде од зор, примав антибиотици цел меец па развив висока температура, завршив на инфективна, одбив да лежам ради бебето и со 40 температура одев сабајле и вечер на инфузии, после испадна дека ми оставиле парчиња од постелката заборавени, па пак по лекари, во меѓувреме мајка ми го извади гипсот па почна да ми помага после 2 месеци. Бебето мое цицаше цело време и повраќаше како фонтана, некое мускулче на желудничето му беше послабо и на секое цицање повраќаше (до 7-8 месеци), и цело време на цицка беше.И све помина, без секој можеш само без бебето не, плус кога си мајка за се имаш сила, немој да се плашиш ич, никој не ти треба, ако сакаат да ти помогна во ред ако не кој ги шиша сигурно ке се снајдеш.Мајка може се.
Веќе и пишував, сабајлево преплакав од болките во половината.. Уствари во десниот колк? Не знам од што може да е, малце ме смири од магнезиум но еве уште ми е страв да станам од кревет. Има ли потреба да идам на контрола?
Појди си за да те види само ако сакаш мирна да си бидиш иначе и јас имав болк имам пишано и поназад доктор ми рече топла облога назад да ставам чаеви и топла вода да пијам пак појди нека те види...
@macalavica ти симнувам капа за поминатото. Оваа бременост да си поминеш најлесно дај боже. Мајка лавица
Јас сум 30+6 и исто колковите ме болат, над задникот половината, има 3 дена кога нагазувам куцам, се е тоа од тежина од бебето. Маж ми ме масираше, пробав да лежам, ставав топли облоги, џабе ништо не ми помага. Решив да се движам полека ко стара баба, морам да работам ручек ова она по дома, не можам само да налегнам,ама пак ќе си правам одмори измеѓу и ќе си одмарам повеќе. Стварно многу боли те разбирам како ти е. Јас и навечер во кревет не можам да се превртам од лево десно, ме сецка половината колковите Не знам некој да каже некој совет искрено многу смета и боли
Мешиња Правев уринокултура во петокот и денес ми стигнаа резултати и ми кажаа дека имам proteus mirabilis а веќе сум 30+4дали има некоја со такво искуство дали може да се деси на плодот секако утре сум на лекар
Угхх иста сум и јас , вчера баш приквечерта коа ме фати до кај 11 куцав и одев ко бабичка низ дома , па и место не ме фаќаше , на десна страна коа ме фати позад уу па легнав едно време и после ој стани и викнав маж да ми помогне Испив магнезиум и јас ама минимално ми олесна .. Денес еве добра сум нема болки , апетит почна на велико да ми се отвара оваа недела дена , 7месец го стартувам , ама а претерам ( а ептен често е тоа ) одма повраќам , порции ко за бебе треба да јадам Има ли некој др шо уште си повраќа ко мене килажа си вртам иста 3-5кг сум плус до сеа .. За скриен шеќер и реков најпоследна ден да дава упат што може да одам да испитам Да не бидам циркус у лабараторија
@ivance.. @KittyCat:) женски ве послушав и синоќа бев на ургентен во систина. Др. ме прегледа и ми даде прогестерон депо на 5/7дена но синоќа ме боцна и сестрата и ми рече да мирувам. Инаку на почеток имав розево на бришење но кога почна да стананува темно црвено навистина се извадив од памет. Девојки фала ви за поддршката и советите @thelittle17 и за крај убавите вести...има 2 бебчиња во мешко и им ги слушнав срценцата имајте сите убав ден и галете мешковци
Возможно е ама реално е многу тешко. Првите две недели убаво ке ти дојде помош. Јас сум со царски а бебе уште во болница имаше грчеви. Ме болеше раната, грбот од спинална, вратот од доење. Уморна, ненаспиена. Единствено со доење поминав прелесно од прв ден, ама никој не може да знае дали ке имаш млеко веднаш, дали ке имаш запушени канали, дали ке фати да цица, дали ке има жолтица. Би рекла дека околу бебето ке можеш сама, ама бебето, плус чистење, перење, готвење, не знам. Можеби сум и јас размазена, од прв ден имам помош од маж ми и свекрва ми, значи сите бевме турбо зафатени и преморени. Плус свекор ми и моите беа секогаш на располагање, дали за пазарење, дали за бањање. Да не заборавиме дека по породување, освен бебето, многу е битно и твоето физичко и ментално здравје. Голем притисок ке имаш и не смееш да се разочаруваш и да потклекнеш. Размислувај позитивно, олесни си на секој начин. Мој совет е да најдеш помош за првите две недели, потоа ке видиш и самата дека ке е полесно.
ДА МОЖЕШ !!! И јас бев сама и тоа со прематурче и едвај килажа од 1.900. И си фатив ред зошто кога си сам нема кој да ти помогне. И рана боли,и бебе плаче,и дома се чека на тебе ама ќе мораш затоа и ќе можеш. Ден за ден си фаќаш ред малку по малку и ќе видиш и дека не е така тешко. Сега чекам второ и пак сум сама и не ми е ни на мисла како ли ќе биде.
Иста сум и јас, пред 3,4 недели скроз бев укочена на десната страна па си помина само од себе, еве од завчера пак ама на лева... Боли стварно нит можам да спијам, нит да движам асално Најверојатно е ова https://www.healthline.com/health/pregnancy/sciatica-pain-stretches Прочитајте си @mssuniquee @Poppins https://www.whattoexpect.com/pregnancy/sciatica/?xid=android_share
Леле колку убавоооо ти посакувам ова да ти биде единствената мака во бременоста! Да си истераш со лесно до крај. После ќе имаш полни раце работа и радост!!!